Википедија:Без свои истражувања: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
с поправки
с ситна поправка
Ред 3: Ред 3:
{{Листа на принципи}}
{{Листа на принципи}}


'''Википедија не објавува оригинални истражувања или оригинална мисла.''' Ова вклучува необјавени факти, аргументи, шпекулации и идеи, и сите необјавени анализи или синтеза на објавени материјали која служи за да се дојде до некоја позиција. Тоа подразбира деука Википедија не е место каде што се објавуваат свои мислења, искуства, аргументи, или заклучоци.
'''Википедија не објавува оригинални истражувања или оригинална мисла.''' Ова вклучува необјавени факти, аргументи, шпекулации и идеи, и сите необјавени анализи или синтеза на објавени материјали која служи за да се дојде до некоја позиција. Тоа подразбира дека Википедија не е место каде што се објавуваат свои мислења, искуства, аргументи, или заклучоци.


Цитирањето извори и избегнување на оригинални истражувања се неразделно поврзани. За да покажете дека не сте презентирале оригинални истражувања, мора да цитирате сигурни извори кои директно се поврзани со темата на статијата, а кои директно ги поддржуваат информациите како што се претставени.
Цитирањето извори и избегнување на оригинални истражувања се неразделно поврзани. За да покажете дека не сте презентирале оригинални истражувања, мора да цитирате сигурни извори кои директно се поврзани со темата на статијата, а кои директно ги поддржуваат информациите како што се претставени.

Преработка од 20:15, 25 август 2009

Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ОИ
ВП:БОИ
ВП:БЕЗ
Најважното од страницава:
  • Википедија не објавува оригинални истражувања или оригинални мисли: сиот материјал во енциклопедијата мора да биде препишан на веродостојни објавени извори.
  • Статиите не смеат да содржат нови анализи или синтези на издаден материјал кој служи за да се напредне ставот кој не е јасно поддржан од изворите.

Предлошка:Листа на принципи

Википедија не објавува оригинални истражувања или оригинална мисла. Ова вклучува необјавени факти, аргументи, шпекулации и идеи, и сите необјавени анализи или синтеза на објавени материјали која служи за да се дојде до некоја позиција. Тоа подразбира дека Википедија не е место каде што се објавуваат свои мислења, искуства, аргументи, или заклучоци.

Цитирањето извори и избегнување на оригинални истражувања се неразделно поврзани. За да покажете дека не сте презентирале оригинални истражувања, мора да цитирате сигурни извори кои директно се поврзани со темата на статијата, а кои директно ги поддржуваат информациите како што се претставени.

„Без оригинално истражување“ е еден од трите основни принципи за содржината, заедно со неутрална гледна точка и проверливост. Заеднички, овие принципи го одредуваат типот и квалитетот на материјалот кој е прифатлив во статии. Тие не треба да се толкуваат во изолација од еден на друг и уредниците треба да се запознаат со сите три.


Извори

Истражување што се состои од собирање и организирање на материјалот од постоечките извори во рамките на одредбите на овој и други содржински принципи се охрабрува: ова е „истражување базирано врз извори“ и тоа е клучно за пишување на една енциклопедија. Сепак, внимавајте да не одите подалеку од она што е изразено во изворите или да ги користите на начини во спротивност со намерата на изворот како што е користиње на материјал надвор од контекст. Накратко: држете се до изворите.

Ако не можат да се најдат веродостојни независни извори за темата на една статија, Википедија не треба да има една статија за таа тема.

Веродостојни извори

Секој материјал кој е оспорен или за кој постои веројатност да бидат оспорен мора да биде поддржан од сигурен извор. Материјал за кој не може да се најде веродостоен извор се смета за оригинално истражување. Единствениот начин на кој може да се покаже дека Вашите уредувања не доаѓаат под оваа категорија е да се произведе веродостоен објавен извор кој го содржи истиот материјал. Дури и со добро покриен материјал со извори, сепак, ако се користи надвор од контекст или за да се напредне позиција која не е директно и експлицитно поддржана од изворот кој се користи, Вие како уредувач се ангажирате во оригинално истражување; видете подолу.

Општо, најсигурни извори се рецензирани научни списанија и книги објавени во универзитетските печатници; учебници на универзитетско ниво, списанија, весници и книги објавени од почитувани издавачки куќи и „мејнстрим“ весници. Како правило, колку повеќе луѓе се ангажирани во проверка на фактите, анализа на правни прашања, како и преглед на пишувањето, толку подоверливо е изданието. Материјал објавен од себе, дали на хартија или на интернет, обично не се смета за доверлив.

Ако сте во можност да открие нешто ново, Википедија не е место за премиера на такво откритие. Откако Вашето откритие е презентирано во сигурен извор, тогаш може да се цитира како извор.

Користење на извори

Информациите во една статија мора да се проверливи од цитираните референци. Изјавите во статиите општо не треба да се потпрат на нејасни и непостојани пасуси, ниту пак на попатни коментари. Пасусите отворени за многу толкувања треба прецизно да се наведат или избегнат. Краткиот преглед на интензивна расправа треба да биде одраз на заклучоците на авторот на изворот. Создавањето заклучоци кои не се очигледни во референците е оригинално истражување, без оглед на типот на изворот. Важно е референците да се цитирани во контекст и на тема.