Јазик (орган): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: pnb:جیب
с Бот Додава: az:Dil (anatomiya)
Ред 18: Ред 18:
[[arc:ܠܫܢܐ (ܐܘܪܓܢܘܢ)]]
[[arc:ܠܫܢܐ (ܐܘܪܓܢܘܢ)]]
[[ast:Llingua (muérganu)]]
[[ast:Llingua (muérganu)]]
[[az:Dil (anatomiya)]]
[[bg:Език (биология)]]
[[bg:Език (биология)]]
[[br:Teod]]
[[br:Teod]]

Преработка од 00:22, 20 август 2009

Јазикот (латински: lingva) е подвижен мускулен орган, на кој разликуваме врв, тело и корен, преку кој е прицврстен за дното на усната празнина. Обложен е со слузокожа, која на горната страна содржи вкусни папили.

Вкусот, допирот и болката кај јазикот се осетуваат со помош на папилите (соодветни рецептори):

  • Кончести папили (papilae filiformes), за допир и болка, сместени на врвот од јазикот
  • Габовидни папили (papilae fungiformes), вкусни папили сместени на телото на јазикот
  • Жлебести папили (papilae valatae), вкусни папили сместени на коренот од јазикот
  • Листовидни папили (papilae foliate), вкусни папили сместени на рабовите на јазикот.

Јазикот освен што учествува во ингестијата и мешањето на храната, тој е сетило за вкус и орган за артикулација на говорот.