Јовица Тасевски - Етернијан: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
проширување
с Бот Додава: pl:Jovica Tasevski - Eternijan
Ред 56: Ред 56:
[[en:Jovica Tasevski-Eternijan]]
[[en:Jovica Tasevski-Eternijan]]
[[hr:Jovica Tasevski - Eternijan]]
[[hr:Jovica Tasevski - Eternijan]]
[[pl:Jovica Tasevski - Eternijan]]
[[sr:Јовица Тасевски - Етернијан]]
[[sr:Јовица Тасевски - Етернијан]]

Преработка од 01:02, 16 август 2009

Јовица Тасевски - Етернијан

Јовица Тасевски - Етернијан (роден на 25 јули 1976 год. во Скопје, Република Македонија) е македонски поет, есеист, критичар и преведувач. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Работи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и уредник е на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ - Прилеп. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, Британското поетско друштво (The Poetry Society) и Светското поетско друштво.

Литературно творештво

  • „Нешто се слуша“ (поезија, 1995)
  • „Визии. Глагол“ (поезија, 1997)
  • „Веда“ (поезија, 1998)
  • „Постојното, плимата“ (книжевни критики, есеи и студии, 2000)
  • „Клатно“ (поезија, 2001)
  • „Небесни стражи“ (поезија, 2004)
  • „Посоки и огледи“ (книжевни критики, есеи и студии, 2006)
  • „Синтакса на светлината“ (поетски избор, 2008)

Заедно со Маја Апостолоска го има составено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како специјален број на списанието Стремеж (11.12.2000). Ја има составено и антологијата на младата македонска поезија „Неидентификувана небесна дојка“ (2001).

Врз основа на неговата поезија во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ - Велес беше изведена претставата „Небесни стражи“ во режија на Весна Димитровска (2005).

Неговата поезија е застапена во повеќе антологии и преведена е на англиски, полски, грчки, српски, хрватски и словенечки јазик.

Надворешни врски

„Небесни стражи“ од Јовица Тасевски - Етернијан

Блог на Јовица Тасевски - Етернијан

Предлошка:МакЛит