Бојко Борисов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: ru:Борисов, Бойко; козметичке промене
с Бот Додава: ja:ボイコ・ボリソフ
Ред 31: Ред 31:
[[fi:Boiko Borisov]]
[[fi:Boiko Borisov]]
[[fr:Boïko Borisov]]
[[fr:Boïko Borisov]]
[[ja:ボイコ・ボリソフ]]
[[la:Boyko Borisov]]
[[la:Boyko Borisov]]
[[lb:Bojko Borissow]]
[[lb:Bojko Borissow]]

Преработка од 18:10, 8 јули 2009

Бојко Методиев Борисов (бугарски: Бойко Методиев Борисов) е бугарски политичар, неформален лидер на партијата ГЕРБ. Во моментов ја врши должноста градоначалник на Софија

Биографија

Бојко Борисов е роден на 13 јуни 1959 година во село (денес град) Банкја. Дипломира во 1982 година Високата школа на Министерстово на внатрешните работи како инженер. Има добиен чин поручик по Пожарна безбедност.[1] Истата година Борисов е вработен во Софиската градска управа на МВР како командир на вод, а подоцна тоа е командир на чета.

Од 1985 година па сѐ до 1990 Бојко Борисов е предавач во Вишиот институт за подготовка на офицери и научноистражувачка дејност на бугарското МВР. Во 1982 година ја брани докторската дисертација. За време на така наречениот "преродбен процес" Борисов е назначен за командир на бригада во Дулово, Каолиново и во Разград која што ја чувала општествената безбедност после масовите иселувања на местните жители во Турција.[2]

Од 1978 година Бојко Борисов професионално се бави со карате (има добиен црн појас). Низ годините Бојко Борисов работи како тренер на националниот одбор на Бугарија по карате, а исто така и како судија по меѓународни натпревари по карате.

Во 1990 година Борисов го напушта системот на МВР, откажува да се деполитизира и останува член на БКП. Во 1991 година тоа ја основава фирмата за лично обезбедување "Ипон-1" која што ги обезбедува познати бугарски политичари како Тодор Живков и Симеон Сакскобургготски.

Во 2001 година Бојко Борисов е назначен на должност "главен секретар на бугарското МВР" и е повишен во чин полковник, а од 2002 година претседателот на Бугарија Георги Прванов му го доделува чинот генерал мајор. Во 2004 година го добива чинот генерал потполковник.

Политичка кариера

На парламентските избори од 2005 година Бојко Борисов е кандидат за народен пратеник од Националното движење "Симеон Втори". По изборите е избран за народен представник, но тоа се откажува зради кариерата си во МВР. После конфликт со тогашниот внатрешен министар Румен Петков го нашушта системот на полицијата.

Во 10 ноември 2005 година е избран за градоначалник на Софија. Во март 2006 година ја основана организацијата "Граѓани за европски развој на Бугарија" (ГЕРБ), на која што е неформален лидер. Подоцна организацијата е претворена во политичка партија, која што на 5 јули 2009 година на парламентарните избори во Бугарија победила на изборите со освојување на 40%.

Источници

  1. Автобиографија од сајтот на Софиската општина
  2. Толерантнција, надвор граници

Надворешни врски