Универзитет на Југоисточна Европа: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 31: Ред 31:


==Факултети==
==Факултети==

Универзитетот располага со следните факултети:


*Факултет за јазици, култури и комуникации
*Факултет за јазици, култури и комуникации
**Катедра за англиски јазик и студии
**Катедра за германски јазик и студии
**Катедра за албански јазик и студии
**Катедра за француски јазик и студии
*Правен Факултет
*Правен Факултет
*Факултете за бизнис администрација
*Факултете за бизнис администрација

Преработка од 22:28, 24 април 2009

Југоисточен Европски Универзитет, South-east European University
Лого на ЈИЕУ
Лого на ЈИЕУ
ВидПриватен Универзитет
Основан2000
Студенти5200
МестоТетово, Македонија
Официјална интернет страна

Југоисточен Европски Универзитет или скратено ЈИЕ е приватен универзитет во Тетово и Скопје. Главното седиште на универзитетот е во Тетово, формиран во 2000 година.

Историја

Следејќи го усвојувањето на законот за високо образование од страна на Парламентот на Република Македонија кој дозволува основање на универзитети со не-државно финансирање и деталното планирање започна кон крајот на 2000. Изградбата започна во март 2001 и Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) се отвори шест месеци подоцна со 900 студенти. Во октомври 2002 бројот на студентитите се покачи на 2250, а во октомври 2003 ЈИЕУ имаше 3700 студенти. Целокупниот сегашен број на студенти во ЈИЕУ е 5200.

Универзитетот има политика на флексибилно учење на јазиците, но во исто време обезбедува и курсеви на македонски, албански и англиски јазик.Сите студенти го изучуваат англискиот јазик (и изборно францускиот или германскиот јазик) за да применат настава на англиски јазик со интернационален и визитинг академски кадар. Почетната фаза на развојот на ЈИЕ Универзитетот беше овозможна со помош на донациите на земјите од ОБСЕ и ЕУ и САД од околу 36 милиони евра. Дел од придонесот на САД е обврзан со три годишната соработка со Универзитетот Индијана кој дава поддршка на развојот на факултетите и наставниот план. Индијана Универзитетот беше избран преку конкурс и ќе продолжи со соработката во следните три години почнувајќи од академската 2004/2005 година.

Универзитетот зафаќа функционални простории вклучувајќи два амфитеатри, приближно околу 50 простории за предавање, канцаларии за кадарот, два центри за комјутери според последниот збор на техниката, библиотека и станбено сместување за 450 студенти. Универзитетскиот ИТ систем е конектиран со Интернет со сателитска врска обезбедувајќи можности за видео конференции и трансфер на податоци со голема брзина.

Сите курсеви се модуларни и го следат примерот на Европскиот Кредитен Трансфер Систем.

Формални договори за соработка Универзитетот има потпишано со Универзитетот Нант и Универзитетот Анже и Ренн, Универзитетот од Приштина, Универзитетот од Тирана и Универзитетот од Питсбург во Пенсилванија, САД.

Факултети

Универзитетот располага со следните факултети:

  • Факултет за јазици, култури и комуникации
    • Катедра за англиски јазик и студии
    • Катедра за германски јазик и студии
    • Катедра за албански јазик и студии
    • Катедра за француски јазик и студии
  • Правен Факултет
  • Факултете за бизнис администрација
  • Факултет за јавна администрација и политички науки
  • Факултет за современи науки и технологии

Надворешни врски