Иван Хаџи Николов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Откажано уредување 479174 (автор: 74.63.221.234 | Разговор) не е целосен, + намерна БГ ГТ
Нема опис на уредувањето
Ред 19: Ред 19:
==Биографија==
==Биографија==
Иван Хаџи Николов добил основно образование во [[Кукуш]], потоа продолжил во [[Пловдив]] и [[Свиштов]], а вишо [[Трговија|трговско]] образование завршил во градот [[Линц]], [[Австрија]].
Иван Хаџи Николов добил основно образование во [[Кукуш]], потоа продолжил во [[Пловдив]] и [[Свиштов]], а вишо [[Трговија|трговско]] образование завршил во градот [[Линц]], [[Австрија]].
Бил учител во [[Костенец]], [[Воден]], [[Кукуш]], [[Лерин]] и професор во [[Солунска машка гимназија|Солунската гимназија]]. Во [[1893]] година бил принуден да се откаже од професијата. Во [[Солун]] отворил своја книжарница. Тој е познат македонски општественик во чија куќа, во Солун на [[23 октомври]] [[1893]] година, е формиран ЦК на [[ВМРО]]. Бил учесник во основачкото собрание на Организацијата. Во јануари [[1901]] година е уапсен и осуден. Казната ја издржува во [[Подрум - Кале]], [[Мала Азија]].
Бил [[Бугарска_Егзархија|егзархиски]] учител во [[Костенец]], [[Воден]], [[Кукуш]], [[Лерин]] и професор во [[Солунска машка гимназија|Солунската гимназија]]. Во [[1893]] година бил принуден да се откаже од професијата. Во [[Солун]] отворил своја книжарница. Тој е познат македонски општественик во чија куќа, во Солун на [[23 октомври]] [[1893]] година, е формиран ЦК на [[ВМРО]]. Бил учесник во основачкото собрание на Организацијата. Во јануари [[1901]] година е уапсен и осуден. Казната ја издржува во [[Подрум - Кале]], [[Мала Азија]].


По амнестијата [[1903]] година се преселува во [[Софија]], кадешто се занимавал со издавачка дејност, книговодство и трговија. Се смета за поттикнувач за создавањето на знаменитата брошура на [[Петар Поп Арсов]], „[[Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници]]”.
По амнестијата [[1903]] година се преселува во [[Софија]], кадешто се занимавал со издавачка дејност, книговодство и трговија. Се смета за поттикнувач за создавањето на знаменитата брошура на [[Петар Поп Арсов]], „[[Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници]]”.

Преработка од 15:35, 18 април 2009

Иван Хаџи Николов
Роден 24 декември 1861
Кукуш
Починал 9 јули 1934
Софија
самоубиство
Занимање книжар, трговец

Иван Хаџи Николов (24 декември 1861, Кукуш9 јули 1934, Софија) бил солунски книжар, трговец, еден од организаторите на ВМРО и член на ЦК на Организацијата.

Биографија

Иван Хаџи Николов добил основно образование во Кукуш, потоа продолжил во Пловдив и Свиштов, а вишо трговско образование завршил во градот Линц, Австрија. Бил егзархиски учител во Костенец, Воден, Кукуш, Лерин и професор во Солунската гимназија. Во 1893 година бил принуден да се откаже од професијата. Во Солун отворил своја книжарница. Тој е познат македонски општественик во чија куќа, во Солун на 23 октомври 1893 година, е формиран ЦК на ВМРО. Бил учесник во основачкото собрание на Организацијата. Во јануари 1901 година е уапсен и осуден. Казната ја издржува во Подрум - Кале, Мала Азија.

По амнестијата 1903 година се преселува во Софија, кадешто се занимавал со издавачка дејност, книговодство и трговија. Се смета за поттикнувач за создавањето на знаменитата брошура на Петар Поп Арсов, „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници”.

Иван Хаџи Николов е автор на ракописните мемоарски „Записки“, коишто се чуваат во Софија во архивот на македонските културно-просветни друштва во Бугарија.

Учествува во работата на Солунскиот Конгрес во 1903 година, кога во отсуство на Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев и други се донесува препорака за кревање на предвремено востание.

Тешко заболен и душевно растроен, се самоубива на 9 јули 1934 година. Иван Хаџи Николов се изjaснувал цел живот како бугарин.

Мисла на Иван Хаџи Николов

Имав околу 10 години, кога за прв пат почнав да учам бугарска историја од учебникот на Д.В. Манчов. При учењето од таа историја си велев: „Значи ние сме си имале царство ама ни го зеле Турците". Од истава историја дознав дека некогаш и Тесалија била населена со Бугари, кои Грците ги погрчиле. И тогаш пак си велев: „Значи и Грците се наши непријатели. Па, зошто нашите татковци не се дигнат да си го земат царството од Турците и да си ја вратат погрчената Тесалија? По средината на бугарските земји се протега Стара Планина. Тука можат да се соберат сите останали Бугари и од таму да тргнат кон Цариград, Солун и Тесалија". Од Библијата (Битиписанието) пак дознав, дека Мојсеј кога видел како еден Еегипќанин тепа еден Израелит, го оттргнал Израелитот и го убил Египќанинот. Тогаш си реков: „...ако видам некој од друг народ или друговерец да тепа Бугарин, ќе го одбранам последниот а првиот ќе го натепам“. И вистина, ми се случи тоа брзо да го применам. Еден ден во нашето маало видов како две Турчиња тепаат едно Бугарче, Се спуштив, го оттргнав Бугарчето и ги натепав Турчињата. Од тогаш тие Турчиња не ги напаѓаа Бугарчињата во нашето маало.

Надворешни врски