Лазар Колишевски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Откажано уредување 536163 (автор: Bogorm | Разговор)
Li4kata (разговор | придонеси)
осуден е со неколцина комунисти, по тоа што е комунистички партизанин
Ред 18: Ред 18:
==Во Втората светска војна==
==Во Втората светска војна==
[[Слика:Kolishevski-molba.jpg|thumb|130px|Молба за помилување до бугарскиот цар]]
[[Слика:Kolishevski-molba.jpg|thumb|130px|Молба за помилување до бугарскиот цар]]
По окупацијата на земјата, српското раководство го испраќа Колишевски во Македонија, каде што тој се вклучува во подготовките на востанието против бугарската власт. На [[6 ноември]] [[1941]] година е уапсен од бугарската окупаторска власт и на судскиот процес во [[Охрид]] заедно со уште неколкумина Македонци е осуден на смрт.
По окупацијата на земјата, српското раководство го испраќа Колишевски во Македонија, каде што тој се вклучува во подготовките на востанието против бугарската власт. На [[6 ноември]] [[1941]] година е уапсен и на судскиот процес во [[Охрид]] заедно со уште неколкумина бунтовници е осуден на смрт.


На [[7 декември]] Колишевски поднесува молба за помилување до [[Борис ІІІ|бугарскиот цар]], по што смртната казна му е заменета со доживотен затвор. Во март [[1942]] година е префрлен од Скопскиот затвор во затворот во [[Плевен]] и таму останува се до капитулацијата на [[Бугарија]] и доаѓањето на власт на [[Отечествен фронт|Отечествениот фронт]] на [[9 септември]] [[1944]] година.
На [[7 декември]] Колишевски поднесува молба за помилување до [[Борис ІІІ|бугарскиот цар]], по што смртната казна му е заменета со доживотен затвор. Во март [[1942]] година е префрлен од Скопскиот затвор во затворот во [[Плевен]] и таму останува се до капитулацијата на [[Бугарија]] и доаѓањето на власт на [[Отечествен фронт|Отечествениот фронт]] на [[9 септември]] [[1944]] година.

Преработка од 18:21, 27 март 2009

Лазар Колишевски
Роден 12 февруари 1914
с. Стара Мездра, Свети Николе
Починал 2000
Скопје, Република Македонија

Лазар Колишевски (роден како Лазар Панев Колишев) (1914 - 2000) е долгогодишен лидер на македонските комунисти и најмоќен човек во Македонија во периодот од ослободувањето на земјата до падот на комунизмот. По потекло бил Влав.[се бара извор]

Рани години

Роден во Свети Николе, по смртта на неговата мајка на 4-годишна возраст е донесен во сиропиталиштето во Битола. Во 1928 година заминува за Крагуевац, каде што се запишува во Воено-занаетчиската школа. Се зачленува во СКОЈ и како негов член во 1933 е и уапсен. Во 1935 е примен за член на КПЈ и влегува во составот на месното раководство на Партијата за Крагуевац. Во 1940 година Окружната партиска конференција за Крагуевац го избира за делегат на Петтата земска конференција на КПЈ. Во декември истата година е определен за инструктор во Смедеревска Паланка и таму останува до окупацијата на Југославија во 1941 година.

Во Втората светска војна

Податотека:Kolishevski-molba.jpg
Молба за помилување до бугарскиот цар

По окупацијата на земјата, српското раководство го испраќа Колишевски во Македонија, каде што тој се вклучува во подготовките на востанието против бугарската власт. На 6 ноември 1941 година е уапсен и на судскиот процес во Охрид заедно со уште неколкумина бунтовници е осуден на смрт.

На 7 декември Колишевски поднесува молба за помилување до бугарскиот цар, по што смртната казна му е заменета со доживотен затвор. Во март 1942 година е префрлен од Скопскиот затвор во затворот во Плевен и таму останува се до капитулацијата на Бугарија и доаѓањето на власт на Отечествениот фронт на 9 септември 1944 година.

По ослободувањето на Македонија

Лазар Колишевски

По своето ослободување, Колишевски се враќа во Македонија каде ја презема функцијата Секретар на Комунистичката партија на Македонија, на која бил избран во отсуство, при основањето на КПМ на 19 март 1943 година. На оваа функција останува до јули 1963.

На Третото собрание на АСНОМ на 16 април 1945 година е избран за прв претседател на Владата на Демократска Федеративна Македонија. Лазар Колишевски активно учествува во прогонот на македонските противници на новата власт. Со негово знаење истите биле или убивани или праќани на Голи Оток.

Во текот на својата политичка кариера, Колишевски бил на различни државни и партиски функции, при што игра важна улога во политичките настани и општествените процеси во СРМ и СФРЈ.

По падот на комунизмот, Колишевски се повлекува од јавниот живот и до крајот на животот живее како скромен пензионер.

Во паркот во Свети Николе постои негов споменик.

Литература

Споменик на Колишевски во родниот град Свети Николе
  • Драган Кљакиќ „Времето на Колишевски“, Скопје, 1994.
  • Крсте Црвенковски, Славко Милосавлевски „Нашиот поглед за времето на Колишевски“, Скопје, 1996.

Види исто така

Надворешни врски