Димитар Влахов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с 1916
с врска
Ред 6: Ред 6:
По [[Балкански војни|Балканските војни]] револуционерната дејност ја продолжува во емиграција. Во своите „Мемоари“ пишува дека имал неповолно мислење за [[Димитрија Чуповски]] и неговата дејност во која се вели дека биле „во улога на руската завојувачка политика на Балканот во однос на Македонија и и дека за списанието „Македонски глас“ дека бил издаван со руски пари. Истотака, во своите „Мемоари“ пишува и за напорите кои биле правени уште од [[1918]] година во [[Одеса]] за признавање на Македонците.
По [[Балкански војни|Балканските војни]] револуционерната дејност ја продолжува во емиграција. Во своите „Мемоари“ пишува дека имал неповолно мислење за [[Димитрија Чуповски]] и неговата дејност во која се вели дека биле „во улога на руската завојувачка политика на Балканот во однос на Македонија и и дека за списанието „Македонски глас“ дека бил издаван со руски пари. Истотака, во своите „Мемоари“ пишува и за напорите кои биле правени уште од [[1918]] година во [[Одеса]] за признавање на Македонците.


Во [[1916]] година по анектирањето на [[Македонија]] од страна на [[Бугарија]], Влахов станува управник на Приштинската област. По завршувањето на [[Првата светска војна]] ја вршеше должноста бугарски генерален конзул, прво во [[Одеса]], а потоа во [[Виена]]. Во [[1924]] година е еден од организаторите на потпишувањето на т.нар. [[Мајски манифест]] во [[Виена]] со кој [[ВМРО]] се согласува да дејствува заедно со комунистичките партии од Балканот. Со потпишувањето на Мајскиот манифест, со кој се обиде да ги „смири“ спротивставените водачи на [[ВМРО]], Димитар Влахов бил отповикан од бугарската влада.
Во [[1916]] година по анектирањето на [[Македонија]] од страна на [[Бугарија]], Влахов станува управник на [[Приштина|Приштинската]] област. По завршувањето на [[Првата светска војна]] ја вршеше должноста бугарски генерален конзул, прво во [[Одеса]], а потоа во [[Виена]]. Во [[1924]] година е еден од организаторите на потпишувањето на т.нар. [[Мајски манифест]] во [[Виена]] со кој [[ВМРО]] се согласува да дејствува заедно со комунистичките партии од Балканот. Со потпишувањето на Мајскиот манифест, со кој се обиде да ги „смири“ спротивставените водачи на [[ВМРО]], Димитар Влахов бил отповикан од бугарската влада.


Манифестот очигледно бил комплетиран на [[29 април]] [[1924]] година, но неговото публикување е одложено и виси во воздух во очекување на враќање на [[Тодор Александров]] во [[Софија]] за да ги консултираат другите партии таму. По пристигнувањето во [[Софија]] неговите следбеници го убедиле да го повлече својот потпис во интерес на самата ВМРО која не би смеела да си дозволи да изгуби толку „способен“ лидер во тој критичен момент. Александров поради тоа го известил Влахов и [[Петар Чаулев]] да го суспендираат објавувањето и на Манифестот и веднаш да се вратат во [[Софија]].
Манифестот очигледно бил комплетиран на [[29 април]] [[1924]] година, но неговото публикување е одложено и виси во воздух во очекување на враќање на [[Тодор Александров]] во [[Софија]] за да ги консултираат другите партии таму. По пристигнувањето во [[Софија]] неговите следбеници го убедиле да го повлече својот потпис во интерес на самата ВМРО која не би смеела да си дозволи да изгуби толку „способен“ лидер во тој критичен момент. Александров поради тоа го известил Влахов и [[Петар Чаулев]] да го суспендираат објавувањето и на Манифестот и веднаш да се вратат во [[Софија]].

Преработка од 18:04, 14 март 2009

Димитар Влахов

Димитар Влахов (8 ноември 1878, Кукуш - 7 април 1953, Белград) е македонски револуционер и државник.

Се школува во родниот град, Солун и Софија. Студира во Германија и Швајцарија, а во 1903 година дипломирал хемија на Софискиот универзитет. Рано се вклучува во македонското национално-ослободително движење. Во 1904 година станува член на ЦК на ВМОРО и раководител на ВМОРО во Солун. Во периодот кога престојува во Швајцарија каде се движи претежно во социјалистичките кругови. За време на Хуриетот е истакнат член на Народната федеративна партија и е избран за пратеник во младотурскиот парламент ), заедно со Христо Далчев. Делува и во рамките на Солунската социјалистичка федерација. Учествува и во редактирањето на програмската статија „Единство“ кој бил орган на дејците од струмичкиот револуционерен округ на ВМРО на чело со Христо Чернопеев.

По Балканските војни револуционерната дејност ја продолжува во емиграција. Во своите „Мемоари“ пишува дека имал неповолно мислење за Димитрија Чуповски и неговата дејност во која се вели дека биле „во улога на руската завојувачка политика на Балканот во однос на Македонија и и дека за списанието „Македонски глас“ дека бил издаван со руски пари. Истотака, во своите „Мемоари“ пишува и за напорите кои биле правени уште од 1918 година во Одеса за признавање на Македонците.

Во 1916 година по анектирањето на Македонија од страна на Бугарија, Влахов станува управник на Приштинската област. По завршувањето на Првата светска војна ја вршеше должноста бугарски генерален конзул, прво во Одеса, а потоа во Виена. Во 1924 година е еден од организаторите на потпишувањето на т.нар. Мајски манифест во Виена со кој ВМРО се согласува да дејствува заедно со комунистичките партии од Балканот. Со потпишувањето на Мајскиот манифест, со кој се обиде да ги „смири“ спротивставените водачи на ВМРО, Димитар Влахов бил отповикан од бугарската влада.

Манифестот очигледно бил комплетиран на 29 април 1924 година, но неговото публикување е одложено и виси во воздух во очекување на враќање на Тодор Александров во Софија за да ги консултираат другите партии таму. По пристигнувањето во Софија неговите следбеници го убедиле да го повлече својот потпис во интерес на самата ВМРО која не би смеела да си дозволи да изгуби толку „способен“ лидер во тој критичен момент. Александров поради тоа го известил Влахов и Петар Чаулев да го суспендираат објавувањето и на Манифестот и веднаш да се вратат во Софија.

Влахов одбива така да постапи и ја основа ВМРО (Обединета). Со него ВМРО (обединета) се обврзуваше за формирање на независна автономна Македонија во рамките на општа Балканска федерација. Таа исто така и објави војна на сите балкански влади кои се спротивставуваа на реализирањето на таа идеја вклучувајќи ја и бугарската влада која ја подржува идејата на врховистите за вклучување на целата македонска земја во рамките на бугарската држава. Несогласувајќи се со терористичките методи на ВМРО, кое во тој период потпадна под влијание на Ванчо Михајлов и дегенерира во пион на бугарските и италијанските планови за ширење на Бугарија на Балканот, Влахов ги изложи своите идеи во неговата позната книга „Балканска федерациja“ во која се вели: “Интегрализмот е големосрпска идеја, федерализмот - југословенска, а федерацијата има за нас смисла до толку до колку ние преку неа би можеле да го видиме нашиот заветен идеал - слобода на нашата татковина...“

Влахов не беше ориентиран ниту кон Бугарија, ниту кон Југославија (која тогаш водеше политика на крут централизам), туку кон Советскиот Сојуз, со чија помош тој се надеваше да постигне обединување на јужно-словенските народи каде Македонија би формирала одделна, автономна федерална единица. Иако Влахов и понатаму продолжи да се залага за ненасилни методи за остварување на своите цели, неговата организација престана да постои по преземањето на власта во Бугарија од владата на Воената лига во Бугарија во 1934, при што нејзините членови беа осудени на долги временски казни под обвинение за вооружено востание.

Од 1925 до 1944 година е член на Бугарската комунистичка партија. Од 1936 до 1944 год. живее во СССР. Во емиграција бил уредник на весниците „Македонско дело“ во Виена, Берлин, Париз (Во Париз, се верува дека соработувал со Георги Димитров од Коминтерна во работи поврзани со Шпанската граѓанска војна.

На Второто заседание на АВНОЈ на 29 ноември 1943 година во отсуство е избран за член на неговото Претседателство. По 1944 се враќа во Македонија и преминува во членство на ЦК на Комунистичката партија на Македонија. На Второто заседание на АСНОМ е избран за потпретседател, а потоа и за потпретседател на Президиумот на Сојузното собрание на ФНРЈ. Комунистичкото раководство во Македонија, на чело со Лазар Колишевски, пополека го потиснува Влахов од власта. Умира во Белград во 1953 година.


Надворешни врски