Свети Климент Охридски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Filipgd (разговор | придонеси)
Откажано уредување 522597 (автор: Boban Krumeski | Разговор)
Li4kata (разговор | придонеси)
Откажано уредување 523031 (автор: Filipgd | Разговор)
Ред 47: Ред 47:
[[Категорија:Словенска писменост]]
[[Категорија:Словенска писменост]]
[[Категорија:Национални симболи на Македонија]]
[[Категорија:Национални симболи на Македонија]]
[[Категорија:Бугарски писатели]]


[[be-x-old:Сьвяты Клімэнт Охрыдзкі]]
[[be-x-old:Сьвяты Клімэнт Охрыдзкі]]

Преработка од 10:09, 13 март 2009

{{{name}}}
Слава {{{feast_day}}}

Свети Климент Охридски е еден од учениците на Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св. Методиj бил истеран од Панониjа од Германците и побарал спас во Бугариjа, која управувала со голем дел од Македонија во тоа време.

Со дозвола на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, во областа Кутмичевица каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3500 ученици.

Климент Охридски е познат по тоа што ја има создадено кирилицата, која ја прави врз основа на грчката азбука но со модифицирани букви за прилагодување кон словенските фонетски карактеристики.

Податотека:Sv Klimet Ohridski.jpg
Икона на Св. Климент Охридски.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за Кирил и Методиј, Јован Крстител, Михаил и Гаврил. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

Св. Климент бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.

Црквата Св. Климент на Плаошник, Охрид.

Во чест на светецот, во Република Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (соборниот храм) го носи името на Свети Климент. Исто така името на светецот го носат бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола и Софискиот државен универзитет во Бугарија.

Дела

Предлошка:Македонска Литература