Википедија:ВикиПроект Одржување: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
с оддржување --> со едно „д“
Откажано уредување 473511 (автор: 79.125.219.40 | Разговор)
Ред 16: Ред 16:
# [[Корисник:SmartM&amp;M|Макс]]<sup>([[Разговор со корисник:SmartM&amp;M|разговор]])</sup>
# [[Корисник:SmartM&amp;M|Макс]]<sup>([[Разговор со корисник:SmartM&amp;M|разговор]])</sup>
# [[Корисник:Stefan40-3e3e|Stefan40-3e3e]]<sup>[[Разговор со корисник:Stefan40-3e3e|WTF here!!]]</sup>
# [[Корисник:Stefan40-3e3e|Stefan40-3e3e]]<sup>[[Разговор со корисник:Stefan40-3e3e|WTF here!!]]</sup>
# <font size="2">'''[[Корисник:MacedonianBoy|<span style="color:#960018;background:#F0DC82;border-style: double">&nbsp;MacedonianBoy&nbsp;</span>]] <sup><font size="1">[[Разговор со корисник:MacedonianBoy|Oui?]]</font></sup>'''</font>
# [[Корисник:Kiril Simeonovski|Кирил Симеоновски]]<sup>[[Разговор со корисник:Kiril Simeonovski|разговор]]</sup>
# [[Корисник:Kiril Simeonovski|Кирил Симеоновски]]<sup>[[Разговор со корисник:Kiril Simeonovski|разговор]]</sup>
#
#

Преработка од 00:45, 6 март 2009

Кратенки:
ВП:ОДД
ВикиПроект Одржување


Добредојдовте на главната страница на ВикиПроект Одржување. Овој ВикиПроект е централно место за координирање на нејзините членови, а целта на пријавените учесници и на проектот е техничкото одржување на неправилниот материјал на Википедија.

Доколку сакате да се приклучите на проектот, ставете го вашето име во долунаведената листа. Овде не постои поделбата на активни и неактивни учесници; ако се пријавите, најчесто веднаш ќе добиете определени задолженија на кои ќе треба да работите.

Листа на учесници

  1. Brainmachinewtf?
  2. Виктор Јованоски
  3. iNkubusse A?
  4. Макс(разговор)
  5. Stefan40-3e3eWTF here!!
  6.  MacedonianBoy  Oui?
  7. Кирил Симеоновскиразговор

Учесниците можат и да си постават една корисничка кутија на нивната страница, за ознака дека припаѓаат на проектот - кодот кој ја создава кутијата е {{Корисник ВП ОДД}}

Овој корисник учествува во рутинското одржување на Википедија преку ВикиПроект Одржување.



Задачи

Моментално (што значи ќе се проширува во иднина), вниманието треба да се посвети на овие три области:

  1. Поставување на македонски администраторски стандарди
  2. Средување на неправилно подигнати/означени/искористени слики
  3. Средување на категоријата Статии за уредување

Во продолжение следува опис на задачите кои треба да се извршат во секоја област.

1. Администрација

Приоритетност: висока
Потребни учесници: Ова е дискусија за усвојување на стандарди, секој може да придонесува со свој глас и предлог.

Главна страница - Корисник:INkubusse/Администрација
Страница за дискусија - Разговор со корисник:INkubusse/Администрација

Накратко, иницијативата е започната од корисникот/администратор iNkubusse, кој објаснува за што се работи на соодветната страница:

Заради огромната потреба од средување на администрацијата на македонската Википедија, составив табела со имињата на главните поткатегории во категоријата Категорија:Википедија:Администрација/en:Category:Wikipedia administration, како и некои поважни страници од именскиот простор „Википедија“ и „Помош“. Од лево се дадени имињата на категориите на англиската Википедија, а десно соодветните преводи на македонски. Страниците што не се категории имаат ѕвездичка (*) пред нив.

Сите се добредојдени да учествуваат во дискусијата за категориите и да придонесат во именувањето. Сепак, подобро е да сте запознаени со темата, односно со категоријата и нејзината намена. Ве молам не менувајте ништо, пред претходно да дискутирате за тоа на страницата за разговор!

Откако се решат овие основни проблеми, следуваат поважните страници од именскиот простор „Википедија“, особено оние Policies и Guidelines.


Видете ја горенаведената страница за повеќе информации.


2. Слики

Приоритетност: висока
Потребни учесници: Минимум двајца администратори за бришење на слики, плус сите волонтери за поставување на лиценци, описи и ознаки за фер употреба.


Главна страница - Корисник:Brainmachine/Слики за бришење


Пријавени доброволци

  1. Виктор Јованоски (админ)
  2. iNkubusse A? (админ)
  3. Brainmachinewtf? - за пронаоѓање, маркирање и средување


Корисни алатки за пронаоѓање на слики:

  • http://toolserver.org/~daniel/WikiSense/OrphanImages.php - за слики што не се користени и не се категоризирани/означени. Во случај да имаат некоја ознака, подобро е да се истражи пред бришење (најмногу затоа што ако се предадени во јавен домен од корисникот, можно е веќе да се подигнати на Ризницата или во иднина да се подигнат).
  • http://toolserver.org/~daniel/WikiSense/UntaggedImages.php - за слики што не се означени никако.
  • http://toolserver.org/~daniel/WikiSense/CommonsClash.php?wikilang=mk&wikifam=.wikipedia.org&dupes=on&order=img_name&max=100&format=html - Алатка која бара дупликати од Заедничката ризница (имаат и исто име). Овие можат да се избришат на ова вики, а на соодветните слики на Ризницита е пожелно да им се стави и опис на македонски јазик за полесна употреба. Само додадете во Description секцијата {{mk|1=Опис на сликата}}.


Категории кои треба да се набљудуваат за евентуално бришење на слики:


3. Статии кои бараат внимание

Приоритетност: висока
Потребни учесници: Минимум тројца волонтери


Главна страница - Категорија:Статии за уредување


Пријавени доброволци

  1. Brainmachinewtf? (1-Е)
  2. Виктор Јованоски (Е-Р)
  3. / (Р-Ш)
  4.  MacedonianBoy  Oui?


Постојат околу 600 статии во категоријата статии за средување. Поделено на тројца волонтерци, по 200 статии од човек. Ако секој средува по 5 статии дневно (просечно, бидејќи има и кратки и долги), ќе треба околу 40 дена. Вметни 20 слободни дена за пауза, одмор и рекреација, 60 дена. Што значи за 2 месеца ќе бидат средени.


Постапки за сите видови на статии

1. Статии без интервики врски и без категории. Постапка: средувај на лице место. Најголемиот дел од статиите се вакви. Решението е: се бара статијата на англиската википедија, ги копираме интервики врските овде, таму додаваме македонска вики врска, а овде вметнуваме плус англиска викиврска. Исто така, за категориите гледаме ориентационо како е на англиската, ги создаваме, а и во категориите ставаме интервики. Ако категоријата треба да се наоѓа во родителска категорија која не постои, ја правиме и неа, сѐ додека не стигнеме до конечно направена категорија погоре во хиерархијата. Ова најчесто се наоѓа како плус недостаток на сите овие статии за внимание.

2. Долги статии на дадена тема кои се копи/пасте од семинарски работи. Постапка:Маркирај сега, среди интервики и категории, направи основно форматирање, разгледувај подоцна. Овие статии немаат викиврски, немаат наведени извори и најчесто стилот на пишување е промашен (на пр, премногу стручен, а не информативен за општата читателска публика). Поправката на овие статии оди доста бавно, затоа ги оставаме за крај. Ознака со шаблон Предлошка:Вн долга Ги оставаме за подоцна, за најпрвин да ги елиминираме сосем малите и средните статии. Под 'направи основно форматирање' се мисли да се раздвојува текстот во параграфи и да се создаваат секции. Пример: Августус де Морган

3. Предолги статии на дадена стручна тема. Пример е статијата Современи теории на парите и каматните стапки. Постапка:Маркирај за бришење. Сега може некој да се запраша: за бришење? Но некој се трудел, ова може да помогне на некој, зошто да се избрише туку-така? Точно, браво за трудот, и да, може да помогне на некој, но нема да и` помогне на општата читателска публика, на просечниот читател, токму заради стручниот пристап кон темата. Нивната содржина е неенциклопедиска, и нивното место не е овде. Евентуално средените вакви статии, како што е горенаведената, треба да се сместат во сестринскиот проект Викиуниверзитет (Wikiversity). Да се викифицираат ваквите статии ќе биде потребен огромен труд, во просек се по 100kb! Бришење е решението, ако сте админ, направето го тоа директно, ако сте обичен корисник, маркирајте на врвот со {{брзо бришење|причина=ВП:ОДД критериум 3}}

4. Празни статии - има инфокутија или некој навигационен шаблон, но нема содржина. Постапка: Вметни соодветен вовед од 3 параграфа. Не заборавајте да цитирате извори. Сите статии со само воведен дел се никулци, затоа не заборавајте да ги маркирате како такви. Ако немаат категории или интервики, додавајте веднаш.

5. Статии со целосно промашен стил на пишување. Постапка: Бриши ја содржината и напиши соодветен вовед од три параграфа. Не заборавајте да цитирате извори. Типичен пример за ваква статија - Црна дупка. Каков стил треба да се избегнува:

Да видиме што навистина се случува, замислете како фрлате тениско топче во воздух нагоре...“
„Прво, не е возможно да се види црна дупка директно бидејќи од нив како што спомнав не може да излезе светлината... затоа тие се викаат црни дупки. Но има добри причини да веруваме дека тие постојат!

Од вакви причини, следно на листата за приоритетни работи ни е и создавање на Википедија:Прирачник за стил. За сите нови корисници кои упорно ќе пишуваат со неенциклопедиски стил, автоматски ќе ги известуваме (со шаблон) и ќе ги посочуваме кон овој водич. Ако го игнорираат, ќе ја бришеме содржината, сѐ додека не им текне да го прочитаат.

6. Мали уредни статии - пример: Тестис. Ваквите статии имаат категории, интервики и енциклопедиски стил. Им фали минимално уредување, на пример почетокот да се стави со задебелен текст и да се наведат извори. За пронаоѓање на извори, импровизирајте, најдете ја статијата на англиската википедија и обидете се да вметнете некоја референца онаму каде што е најпотребно. Ова е најлесното што може да го добиете.

4.Портали

Приоритетност: висока
Потребни учесници: Нема ограничување на бројот на учесници. Секој што сака може да учествува.

Главна страница - Портал:Листа на портали
Проект - Википедија:ВикиПроект Портали

Пријавени доброволци

  1. Кирил Симеоновскиразговор
  2. --brest 07:18, 5 септември 2008 (UTC)

Препораки

1. Уредувањето на нови портали е основна цел, но притоа треба да се внимава на нивното значење, односно темата или пак науката за која се врзани.

2. При уредувањето на порталите, секогаш најбитна е содржината која треба да биде прилагодена на бројот на статии поврзани со соодветниот портал. Секогаш е најдобро новиот портал да се изработува врз основа на веќе постоечка категорија која гласи на истиот наслов.

3. Одржувањето на порталите исто така има големо значење. Ова особено е важно за порталите кои содржат времени статии од еден месец и кои бараат соодветна посетеност и промена барем еднаш во месецот. При уредувањето на нови портали, не е секогаш добро да се создаваат времени статии. Не, поради потребата од одржување, туку поради бројот на соодветни статии.

4. Содржината треба да биде јасно и уредно распоредена. Статии кои бараат внимание не смее да бидат претставени како избрани статии на еден портал.

5. Естетскиот изглед има маргинална улога. Но, добро е боите на кутиите на елементите да соодветствуваат со насловот на порталот. Но, сепак главно значење има содржината.

5. Википроекти

Приоритетност: висока
Потребни учесници: Нема ограничување на бројот на учесници. Секој што сака може да учествува.

Главна страница - Википедија:Портал


Пријавени доброволци

  1. Кирил Симеоновскиразговор


На Википедија на македонски јазик постојат само десетина Википроекти кои овозможуваат полесна организација на работата поврзана со уредувањето на статии. Со зголемување на масовноста во учеството и со создавањето на нови Википроекти, придонесувате во создавање на подобра организација на Википедија.


  1. Википроектите се создадени со цел да им овозможат на корисниците на Википедија да се стекнат со познавање за стилот и критериумите при уредувањето на статии од различни области.
  2. Со создавањето на Википроектите се овозможува специјализација на некои коорисници во некоја област што може да предизвика до зголемување на бројот на квалитетни статии од таа област, подобрување на квалитетот и проширување на постоечките.
  3. Основен Википроект на Википедија е Википроектот Одржување кој на корисниците им дава приоритети коишто треба да се остваруваат. Секој Википроект на Википедија содржи свои приоритети поврзани со облсата за кој тој се однесува.
  4. Секој корисник на Википедија може да создаде Википроект од која било област.

Препораки при создавање на нови Википроекти

  1. При создавањето на секој Википроект потребно е да се наведат целите, насоките и организацијата на работа на проектот.
  2. Големо значење има и водичот на стилот кој поради различните области може целосно да се раз,ликува во неколку Википроекти.
  3. Потребно е да се наведе и листа на учесници во која со додавање на своето корисничко име корисникот ќе може да се зачлени и кориснички шаблон кој корисниците ќе може да го додадат на својата корисничка страница како доказ дека членуваат во некој Википроект.
  4. Додавањто на навигација на проектот овозмиоожува поврзување на проектот со соодветен портал, некои конкретни статии за водичот на стилот на проектот, листата на учесници и некои други потребни статии.
  5. Потребна е и секција која ќе ги содртжи шаблоните кои се поврзани со името на проектот.
  6. Поради разубавување на проектот можно е да има и други секции кои немаат големо значење, како галерија на слики, избрани циотати и сл. Естетскиот изглед на страницата на проектот исто така е со маргинално значење.