Вестминстер: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с Бот Додава: he:וסטמינסטר, mg:Westminster Брише: pt:Cidade de Westminster |
с Бот Додава: pt:Westminster |
||
Ред 41: | Ред 41: | ||
[[nl:Westminster (wijk)]] |
[[nl:Westminster (wijk)]] |
||
[[no:Westminster]] |
[[no:Westminster]] |
||
[[pt:Westminster]] |
|||
[[ru:Вестминстер]] |
[[ru:Вестминстер]] |
||
[[simple:Westminster]] |
[[simple:Westminster]] |
Преработка од 22:54, 17 февруари 2009
Вестминстер (англ. Westminster) е реон во Централен Лондон, Англија, кој се наоѓа во рамките на Град Вестминстер. Тука се наоѓа Вестминстерската палата како и Британскиот парламент.
Вестминстер се наоѓа југозападно од Лондон Сити и 0.8 km југозападно од Черингскиот крст.
Историја
Историски името на местото се користело за околината на Вестминстерската опатија – Западниот Минстер (манастирска црква), по која овој регион го добил името – која е седиште на властите на Англија веќе илјада години. Името се користи и за поголемиот Град Вестминстер во кој од 1965 спаѓаат и некогашните околии Св. Мерилебон и Падингтон.
Историската срцевина на Вестминстер е некогашниот остров Торни на кој е изградена опатијата. Таа станала традиционалното место за крунисување на кралевите на Англија. Соседната Вестминстерска Палата станала главната кралска резиденција по норманските освојувања на Англија во 1066, а потоа била и дом на Парламентот и судовите во развој. Иако монархот има силно присуство во Град Лондон во облик на Лондонската Кула, тој впрочем не живеел таму (заради нечистата и нездрава околина). Така Лондон добил две засебни средишта – стопанско во Град Лондон и политичко/културно во Вестминстер, каде бил кралскиот двор. Оваа поделба е мошне очигледна и денес.
Подоцна монархијата се преселила во дворци по другите делови на градот, а судовите Кралските Судови, близу границата со Град Лондон. Овој реон и денес е административен центар, со Парламентот во Вестминстерската Палата, а реиси сите други владини институции во и околу Вајтхол. Така, зборот „Вестминстер“ се користи како кратенка за Парламентот и политичката заедница на Обединетото Кралство. Како резултат на тоа, зборот се користи и за таканаречениот Вестминстерски модел на парламентарно демократско управување кој се развбил тука. Овој модел е прифатен од разни земји, особено оние од Комонвелтот и други земји во состав на некогашната Британска империја.
Надворешни врски
- Прошетки низ Вестминстер - водич од книга (англиски)