Вампирџија (филм): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 1: Ред 1:
'''Вампирџија''' е ТВ филм во режија на [[Горан Тренчовски]], а сценариото на филмот е напишано од [[Владимир Плавевски]]. Главните улоги ги толкуваат [[Петар Темелковски]] (Вампирџијата) и [[Роберт Вељановски]] (Чиракот). Останати улоги: [[Петре Арсовски]] (Горазд), [[Мустафа Јашар]] (Џузбашијата), [[Сенко Велинов]] (Џемсит), [[Бранко Ѓорчев]] (Ангеле), [[Крсте Јовановски]] (Василие), [[Зорица Панчиќ]] (Василија), [[Томе Витанов]] (Ефрем), [[Димитар Зози]] (Џузбешија 2), [[Искра Ветерова]] (Сенисте), [[Самоил Стојановски]] (Толе Кртот).
'''Вампирџија''' е ТВ филм во режија на [[Горан Тренчовски]], а сценариото на филмот е напишано од [[Владимир Плавевски]]. Главните улоги ги толкуваат [[Петар Темелковски]] (Вампирџијата) и [[Роберт Вељановски]] (Чиракот). Останати улоги: [[Петре Арсовски]] (Горазд), [[Мустафа Јашар]] (Џузбашијата), [[Сенко Велинов]] (Џемсит), [[Бранко Ѓорчев]] (Ангеле), [[Крсте Јовановски]] (Василие), [[Зорица Панчиќ]] (Василија), [[Томе Витанов]] (Ефрем), [[Димитар Зози]] (Џузбешија 2), [[Искра Ветерова]] (Сенисте), [[Самоил Стојановски]] (Толе Кртот) и [[Александра Пешевска]] (Ангелина).


[[Податотека:Scena od filmot Vampirdzija.jpg|thumb|Сцена од филмот "[[Вампирџија (ТВ филм)|Вампирџија]]"]]
[[Податотека:Scena od filmot Vampirdzija.jpg|thumb|Сцена од филмот "[[Вампирџија (ТВ филм)|Вампирџија]]"]]

Преработка од 16:22, 20 септември 2022

Вампирџија е ТВ филм во режија на Горан Тренчовски, а сценариото на филмот е напишано од Владимир Плавевски. Главните улоги ги толкуваат Петар Темелковски (Вампирџијата) и Роберт Вељановски (Чиракот). Останати улоги: Петре Арсовски (Горазд), Мустафа Јашар (Џузбашијата), Сенко Велинов (Џемсит), Бранко Ѓорчев (Ангеле), Крсте Јовановски (Василие), Зорица Панчиќ (Василија), Томе Витанов (Ефрем), Димитар Зози (Џузбешија 2), Искра Ветерова (Сенисте), Самоил Стојановски (Толе Кртот) и Александра Пешевска (Ангелина).

Сцена од филмот "Вампирџија"

Кратка содржина

Серафим е вампирџија – ловец на вампири, кој талка низ македонските села и за пари ги уништува свампирените мртовци. Чирак му е младиот Фидан, кого Серафим го подучува на опасниот вампирџиски занает, азбуката и уште понесигурниот живот во Македонија. Вампирџијата и неговиот ученик запаѓаат во борба со македонските вампири, со турската власт и со комитите кои ги опкружуваат, како и со авџи-табурите, платените ловци на комити. Прокобата на вампирџискиот занает ја искусува младиот Фидан, кој не знае дали вампирџијата Серафим е божји ангел или слуга на ѓаволот.

Сценариото ја развива семантичката теза за талкањето на душата по умирањето како казна за грешните души. Вампирџијата Серафим, метафора на животниот промискуитет, е наемен искупувач на грешните душа, а младиот Фидан е метафора на животна доблест која верува во оправданоста на животот.

Со хорор елементи и ироничен хумор се осознава суеверието на македонскиот човек здробен од турското ропство, но се утврдува и неговиот бунт кон духовниот и физичкиот терор, изразен преку традицијата на вампирџиството и комитаџиството.

Надворешни врски