Хидролиза: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: антанид → антаноид
Нема опис на уредувањето
Ред 2: Ред 2:


[[Податотека:Hidroliza.jpg|мини|300px|десно|При хидролизата, една молекула под влијанието на контактот со водата се дели на два помали фрагменти, од кои едниот добива OH<sup>-</sup> јон, а другиот добива H<sup>+</sup> јон.]]
[[Податотека:Hidroliza.jpg|мини|300px|десно|При хидролизата, една молекула под влијанието на контактот со водата се дели на два помали фрагменти, од кои едниот добива OH<sup>-</sup> јон, а другиот добива H<sup>+</sup> јон.]]
[[Податотека:77. Директна синтеза и хидролиза на алуминиум фосфид.ogg|280п|мини|Директна [[Хемиска синтеза|синтеза]] и хидролиза на [[алуминиум фосфид]].]]
'''Хидролиза''' (од [[старогрчки јазик|старогрчкиот]] хидро- '[[вода]]', и лисис 'да одврзе') ― [[хемиска реакција]] во која една [[молекула]] се дели на два дела при реакција со молекула на [[вода]], која има [[хемиска формула]] [[Водород|H]]<sub>2</sub>[[Кислород|O]]. Еден од деловите на поделената молекула добива OH<sup>-</sup> [[јон]] од молекулата на водата, додека другиот дел добива H<sup>+</sup> јон од водата. Поимот е користен нашироко за [[Супституција|супституциски]], [[Елиминациска реакција|елиминација]] и [[Солвација|солвациски]] реакции во кои водата е [[нуклеофил]].<ref>{{GoldBookRef | title = Hydrolysis | file = H02902}}{{GoldBookRef | title = Solvolysis| file = S05762}}</ref>


'''Хидролиза''' е [[хемиска реакција]] во која една [[молекула]] се дели на два дела при реакција со молекула на [[вода]], која има [[хемиска формула]] [[Водород|H]]<sub>2</sub>[[Кислород|O]]. Еден од деловите на поделената молекула добива OH<sup>-</sup> [[јон]] од молекулата на водата, додека другиот дел добива H<sup>+</sup> јон од водата.


Оваа реакција е различна од реакцијата на [[хидратација]], во која водените молекули се [[Адиција|адираат]] на супстанца, но делење на молекулата воопшто не се случува. Во [[Органска хемија|органската хемија]], хидролизата може да се смета како спротивен процес на [[Реакција на кондензација|реакцијата на кондензација]], процес во кој два молекуларни фрагменти се спојуваат за сметка на секоја молекула вода која се создава. Бидејќи хидролизата е повратна реакција, кондензацијата и хидролизата може да се случат во исто време, со положбата на рамнотежа која ја детерминира количината на секој продукт. Во [[Неорганска хемија|неорганската хемија]], овој збор често се користи за [[раствор]]и на [[соли]] и реакциите при кои тие се претвораат во нови јонски соединенија или во талози ([[оксид]]и, [[хидроксид]]и или соли). Некои примери на хидролиза се објаснети подолу.
Оваа реакција е различна од реакцијата на [[хидратација]], во која водените молекули се [[Адиција|адираат]] на супстанца, но делење на молекулата воопшто не се случува. Во [[Органска хемија|органската хемија]], хидролизата може да се смета како спротивен процес на [[Реакција на кондензација|реакцијата на кондензација]], процес во кој два молекуларни фрагменти се спојуваат за сметка на секоја молекула вода која се создава. Бидејќи хидролизата е повратна реакција, кондензацијата и хидролизата може да се случат во исто време, со положбата на рамнотежа која ја детерминира количината на секој продукт. Во [[Неорганска хемија|неорганската хемија]], овој збор често се користи за [[раствор]]и на [[соли]] и реакциите при кои тие се претвораат во нови јонски соединенија или во талози ([[оксид]]и, [[хидроксид]]и или соли). Некои примери на хидролиза се објаснети подолу.
Ред 53: Ред 54:


== Поврзано ==
== Поврзано ==
{{Div col|small=yes}}

* [[Киселинска хидролиза]]
* [[Аденозин трифосфат]]
* [[Аденозин трифосфат]]
* [[Алкална хидролиза]]
* [[Анаеробна дигестија]]
* [[Биополимер]]
* [[Катаболизам]]
* [[Кондензациска реакција]]
* [[Кондензациски полимер]]
* [[Дехидрациска реакција]]
* [[Олеохемиски]]
* [[Хидролизиска константа]]
* [[Инхибиторски протеин]]
* [[Полимерска деградација]]
* [[Протеолиза]]
* [[Сапонификација]]
* [[Сол-гел#Полимеризација|Полимеризација со сол-гел]]
* [[Солволиза]]
* [[Термална хидролиза]]
{{Div col end}}


{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}


[[Категорија:Хемиски реакции]]
[[Категорија:Хемиски реакции]]
[[Категорија:Рамнотежна хемија]]

Преработка од 14:42, 27 јуни 2022

Да не се помеша со електролиза, честиот метод за производство на гасовит водород од вода.
При хидролизата, една молекула под влијанието на контактот со водата се дели на два помали фрагменти, од кои едниот добива OH- јон, а другиот добива H+ јон.
Директна синтеза и хидролиза на алуминиум фосфид.

Хидролиза (од старогрчкиот хидро- 'вода', и лисис 'да одврзе') ― хемиска реакција во која една молекула се дели на два дела при реакција со молекула на вода, која има хемиска формула H2O. Еден од деловите на поделената молекула добива OH- јон од молекулата на водата, додека другиот дел добива H+ јон од водата. Поимот е користен нашироко за супституциски, елиминација и солвациски реакции во кои водата е нуклеофил.[1]


Оваа реакција е различна од реакцијата на хидратација, во која водените молекули се адираат на супстанца, но делење на молекулата воопшто не се случува. Во органската хемија, хидролизата може да се смета како спротивен процес на реакцијата на кондензација, процес во кој два молекуларни фрагменти се спојуваат за сметка на секоја молекула вода која се создава. Бидејќи хидролизата е повратна реакција, кондензацијата и хидролизата може да се случат во исто време, со положбата на рамнотежа која ја детерминира количината на секој продукт. Во неорганската хемија, овој збор често се користи за раствори на соли и реакциите при кои тие се претвораат во нови јонски соединенија или во талози (оксиди, хидроксиди или соли). Некои примери на хидролиза се објаснети подолу.

Примери на хидролиза

Хидролиза на метални соли

Многу метални јони се силни Луисови киселини и во вода тие може да подлежат на хидролиза при што се образуваат базни соли. Таквите соли содржат хидроксилна група која е директно поврзана со металниот јон на местото на водна лиганда. На пример, алуминиум хлоридот подлежи на екстензивна хидролиза во вода, таква што pH на растворот постанува мошне кисела:

Хидролиза на хидриран Al3+ јон.

Ова значи дека доколку растворите на AlCl3 евапорираат, хлороводородната киселина се губи и резултатот е базна сол (во овој случај, оксихлорид) наместо AlCl3. Вакво хемиско однесување се огледува и кај други метални хлориди, како ZnCl2, SnCl2, FeCl3 и лантаноидните халиди, како DyCl3. Со некои соединенија, како TiO4, хидролизата може целосно да се одвива и се формира чист хидроксид или оксид, во овој случај TiO2.

Хидролиза на естерска врска

Во хидролитичка реакција при која се раскинува естерска врска, еден хидролитички продукт содржи хидроксилна функционална група, додека другиот содржи карбоксилна група.

Делот (фрагментот) од родителската молекула кој првобитно бил карбоксилат добива водороден јон од додатна молекула на вода. Делот, пак, кој бил првобитно алкил група ја собира останатата хидроксилна група од водената молекула. Ова е ефективно обратен процес на естерификацијата, при што се добива оригиналниот алкохол и карбоксилна киселина повторно.

Постојат два главни методи за хидролиза на естери, базната хидролиза и киселинско - катализираната. При киселинско - катализираната хидролиза се користи разредена киселина за да ја протонира карбонилната група со цел да ја активира кон нуклеофилен напад од молекула на вода. Но, повообичаениот метод за естерска хидролиза вклучува рефлуксирање на естерот со водеста база, како штп се NaOH или KOH. Кога реакцијата е завршена, карбоксилатната сол се закиселува при што ја ослободува слободната карбоксилна киселина.

Базна хидролиза на естер.

Важен пример на оваа реакција е ослободувањето на масни киселини од глицерол во триглицеридната хидролиза, што се случува за време на сапонификацијата.

Хидролиза на амидни врски

Во друга хидролитичка реакција, како што е хидролизата на амидна врска во карбоксилна киселина и амински продукт амонијак, само продуктот карбоксилна киселина има хидроксилна група добиена од водата. Аминскиот продукт (т.е. амонијакот) го добива останатиот водороден јон. Поспецифичен случај на хидролизата на амидна врска е хидролизирање на пептидните врски на аминокиселините.

Неповратноста на хидролизата под физиолошки услови

Под физиолошки услови (т.е. во разредени водени раствори), хидролитичката реакција на раскинување, каде концентрацијата на метаболитички прекурсор е ниска (од редот на 10−3 до 10−6 молови), е есенцијално термодинамички неповратна. На пример:

A + H2O → X + Y

Претпоставувајќи дека x е крајната концентрација на продуктите и дека C е почетната концентрација на A, и W = = [H2O] = 55.5 мола, тогаш x може да се пресмета со равенката:

нека Kd×W = k:

тогаш

За вредност од C = 0,001 мола, и k = 1 мол, x/C > 0,999. Помалку од 0,1% од првобитниот реактант ќе биде присутен штом реакцијата ќе заврши.

Темата за физиолошката неповратност на хидролизата се користи главно во метаболитичките патишта, бидејќи многу биолошки процеси се водени од цепењето на анхидридните пирофосфатни врски.

Поврзано

  1. IUPAC, Compendium of Chemical Terminology, 2. изд. (the "Gold Book") (1997). Семрежна поправена верзија: (2006–) "Hydrolysis". doi:10.1351/goldbook.H02902IUPAC, Compendium of Chemical Terminology, 2. изд. (the "Gold Book") (1997). Семрежна поправена верзија: (2006–) "Solvolysis". doi:10.1351/goldbook.S05762