Панде Петровски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Непотребен параметар, removed: |language=македонски (2)
Нема опис на уредувањето
Ред 12: Ред 12:

==Животопис==
==Животопис==
Петровски е роден во [[1943]] година во [[битолско]]то село [[Живојно]] во селско-земјоделско семејство. Неговиот дедо Петре бил учесник во [[Илинденско востание|Илинденското востание]] и [[Прва светска војна|Првата светска војна]], а татко му Алексо бил учесник во [[НОБ]] од [[1943]] година, при што двапати бил рануван<ref name="ReferenceA">Петровски, Панде. „Сведоштва - 2001“. Киро Дандаро, Битола, 2006&nbsp;г. стр.215</ref>.
Роден е на 26 декември 1943 година во [[битолско]]то село [[Живојно]] во селско, земјоделско семејство. Неговиот дедо Петре учествувал во [[Илинденско востание|Илинденското востание]] и [[Прва светска војна|Првата светска војна]], а неговиот татко Алексо бил учесник во [[НОБ|народноослободителната борба]], при што двапати бил ранет.<ref name="ReferenceA">Петровски, Панде. „Сведоштва - 2001“. Киро Дандаро, Битола, 2006&nbsp;г. стр.215</ref>

Основно и средно образование завршил во родното место и [[Битола]], а во предвидениот период од [[1962]] до [[1965]] со висок процент на успех ги завршил студиите на воената академија во [[Белград]]<ref name="ReferenceA"/>. На доусовршување и остручување бил во [[Бања Лука]] и [[Белград]]. Бил на висока функција во [[ЈНА]], подоцна вклучен во формирањето на [[АРМ]]. Како офицер и старешина во оклопните и механизираните единици бил на служба во [[Загреб]], [[Прилеп]], [[Велес]] и [[Приштина]], а во [[1990]] бил назначен за помошник командант на третата армиска област во [[Скопје]]. По расформирањето на [[ЈНА]], учествувал во формирањето и бил назначен за командант на Вториот армиски корпус на [[АРМ]] во [[Битола]]<ref name="ReferenceA"/>. Во [[1996]] бил назначен за началник за борбена готовност во [[Скопје]], а од [[1999]] ја вршел должност заменик на началникот на ГШ на АРМ, на која повторно бил назначен во март [[2001]] после неговото предвремено пензионирање по [[Македонски претседателски избори, 1999|Претседателските избори во 1999 година]]. Во периодот од јуни до септември [[2001]] бил началник на генерал-штабот на [[АРМ]]. Од септември истата година и по пензионирањето во [[2002]] бил ангажиран како советник на министерот за одбрана за развој и употреба на Армијата. Во неговата војничка кариера предвремено е унапредуван во чин капетан прва класа, чин мајор и чин полковник<ref name="ReferenceA"/>. Во генерал-мајор бил унапреден во [[1993]] како командант на корпус, во [[1997]] бил унапреен во чин генерал-потполковник, а во [[2001]] година бил унапреден во чин генерал како началник на ГШ на АРМ. Починал на [[31 декември]] [[2006]] година во [[Битола]], каде и почива.<ref>{{наведени вести|url=http://217.16.95.55/?ItemID=7CDBC5E10DCC1240980AE6949E80BB1E|title=Погребан Панде Петровски|date=3 јануари 2007|publisher=Вечер|accessdate=2011-03-21}}</ref>

Преработка од 19:17, 18 јануари 2022

Панде Петровски
Роден 26 декември 1943
Живојно, Република Македонија
Починал 31 декември 2006
Битола,Република Македонија

Панде Петровски (Живојно, Битолско, 26 декември 1943 - Битола , 31 декември 2006) бил македонски генерал, началник на генерал-штабот на АРМ и воен стратег кој ги изготвил решавачките воени акции на македонските безбедносни сили во воениот судир во 2001 година.[1]

Животопис

Роден е на 26 декември 1943 година во битолското село Живојно во селско, земјоделско семејство. Неговиот дедо Петре учествувал во Илинденското востание и Првата светска војна, а неговиот татко Алексо бил учесник во народноослободителната борба, при што двапати бил ранет.[2]

Основно и средно образование завршил во родното место и Битола, а во предвидениот период од 1962 до 1965 со висок процент на успех ги завршил студиите на воената академија во Белград[2]. На доусовршување и остручување бил во Бања Лука и Белград. Бил на висока функција во ЈНА, подоцна вклучен во формирањето на АРМ. Како офицер и старешина во оклопните и механизираните единици бил на служба во Загреб, Прилеп, Велес и Приштина, а во 1990 бил назначен за помошник командант на третата армиска област во Скопје. По расформирањето на ЈНА, учествувал во формирањето и бил назначен за командант на Вториот армиски корпус на АРМ во Битола[2]. Во 1996 бил назначен за началник за борбена готовност во Скопје, а од 1999 ја вршел должност заменик на началникот на ГШ на АРМ, на која повторно бил назначен во март 2001 после неговото предвремено пензионирање по Претседателските избори во 1999 година. Во периодот од јуни до септември 2001 бил началник на генерал-штабот на АРМ. Од септември истата година и по пензионирањето во 2002 бил ангажиран како советник на министерот за одбрана за развој и употреба на Армијата. Во неговата војничка кариера предвремено е унапредуван во чин капетан прва класа, чин мајор и чин полковник[2]. Во генерал-мајор бил унапреден во 1993 како командант на корпус, во 1997 бил унапреен во чин генерал-потполковник, а во 2001 година бил унапреден во чин генерал како началник на ГШ на АРМ. Починал на 31 декември 2006 година во Битола, каде и почива.[3]

Учество во воениот конфликт во 2001

Панде Петровски бил предвремено пензиониран без да ги исполнува условите за тоа[4], а исто така бил началник на генерал-штабот на АРМ кој најкратко ја водел македонската војска, само 3 месеци. По избувнувањето на воениот судир во Македонија во 2001 година тој бил повикан да помогне во настаната ситуација. Неговиот личен став бил дека воениот судир бил агресија наметната од надвор[5]. Враќајќи се во редовите на АРМ тој ја испланирал успешната акција за ослободување и освојување на Тетовското Кале, како и акциите во Арачиново и Кумановско-липковскиот крај. На 12 април 2001 по успешната акција за ослободување на Тетовското Кале, лично и писмено му било честитано за големата победа на вооружените сили на Република Македонија од страна на генерал-мајор Ричард Грифитс, шеф на МПРИ од САД[6].

Мисли

Како војник, и како граѓанин на Република Македонија, кој беше директен сведок во случувањата со кризата во РМ, лично сум заинтересиран за потполно расветлување на сите аспекти на тие случувања и разрешувањето на кризата. Мислам дека и граѓаните на РМ имаат право да ја сознаат целата вистина за овие случувања, посебно што последиците од неа во најголема мерка, а некои и неповратно, ги погодија луѓето од кризните подрачја. Одговорните за ова треба да му дадат очет на македонскиот граѓанин.

Наводи

  1. „ПОСЛЕДЕН ЗБОР Панде Петревски“. Утрински Весник. 4 јануари 2007. Посетено на 2011-03-21.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Петровски, Панде. „Сведоштва - 2001“. Киро Дандаро, Битола, 2006 г. стр.215
  3. „Погребан Панде Петровски“. Вечер. 3 јануари 2007. Посетено на 2011-03-21.
  4. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2012-09-14. Посетено на 2011-03-21.
  5. „архивска копија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-08-12. Посетено на 2011-03-21.
  6. Петровски, Панде. „Сведоштва - 2001“. Киро Дандаро, Битола, 2006 г. стр.232 (факсимил од оригиналното писмо)
Претходник
Јован Андревски
Началник на Генералштабот на АРМ
2001
Наследник
Методи Стамболиски