Берлински конгрес: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Големобугарски аспирации: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: oт → от
Ред 29: Ред 29:


=== Делегати ===
=== Делегати ===
{{div col}}
Велика Британија
Велика Британија {{flagicon|United Kingdom}}
* [[Бенџамин Дизраели|Ерлот од Беконсфилд]]
* [[Бенџамин Дизраели|Ерлот од Беконсфилд]]
* [[Роберт Сализбури|Маркизот од Сализбури]]
* [[Роберт Сализбури|Маркизот од Сализбури]]
* [[Лорд]] Расел
* [[Лорд]] Расел


Русија
Русија {{flagicon|Russian Empire}}
* [[Александар Горчанков|Принцот Горчаков]]
* [[Александар Горчанков|Принцот Горчаков]]
* [[Петар Шувалов|Грофот Шувалов]]
* [[Петар Шувалов|Грофот Шувалов]]
* Баронот Убрил
* Баронот Убрил


Германија
Германија {{flagicon|German Empire}}
* [[Ото фон Бизмарк|Принцот Бизмарк]]
* [[Ото фон Бизмарк|Принцот Бизмарк]]
* [[Prince Chlodwig zu Hohenlohe-Schillingsfürst|Принцот Хохенох]]
* [[Prince Chlodwig zu Hohenlohe-Schillingsfürst|Принцот Хохенох]]
* [[Бернхард Ернст фон Билов|Канцеларот фон Билов]]
* [[Бернхард Ернст фон Билов|Канцеларот фон Билов]]


Австроунгарија
Австроунгарија {{flagicon|Austria-Hungary}}
* [[Ѓула Андраши|Грофот Андраши]]
* [[Ѓула Андраши|Грофот Андраши]]
* [[Count Alajos Károlyi|Грофот Кароли]]
* [[Count Alajos Károlyi|Грофот Кароли]]
* [[Heinrich Karl von Haymerle|Баронот Хајнрих Карл фон Хајмерл]]
* [[Heinrich Karl von Haymerle|Баронот Хајнрих Карл фон Хајмерл]]


Франција
Франција {{flagicon|France|1830}}
* [[William Henry Waddington|Монсењор Вадингтон]]
* [[William Henry Waddington|Монсењор Вадингтон]]
* Comte de Saint-Vallier
* Comte de Saint-Vallier
* Monsieur Desprey
* Monsieur Desprey


Италија
Италија {{flagicon|Kingdom of Italy}}
* [[Lodovico, count Corti|Грофот Корти]]
* [[Lodovico, count Corti|Грофот Корти]]
* Count De Launay
* Count De Launay


Отоманско Царство
Отоманско Царство {{flagicon|Ottoman Empire}}
* [[Александар Каратеодор Паша|Пашата Каратеодор]]
* [[Александар Каратеодор Паша|Пашата Каратеодор]]
* Бегот Садулах
* Бегот Садулах
* [[Мехмет Али (војник)|Пашата Мехмет Али]]
* [[Мехмет Али (војник)|Пашата Мехмет Али]]


Грција
Грција {{flagicon|Kingdom of Greece}}
* [[Теодорас Делијанис]]
* [[Теодорас Делијанис]]


Србија
Србија {{flagicon|Principality of Serbia}}
* [[Јован Ристиќ]]
* [[Јован Ристиќ]]


Романија
Романија {{flagicon|Romania}}


Црна Гора
Црна Гора {{flagicon|Principality of Montenegro}}
{{div col end}}


== Реперкусии врз Македонија ==
== Реперкусии врз Македонија ==

Преработка од 02:37, 8 јануари 2022

Антон фон Вернер. Берлински конгрес.
Карти на Македонија од Санстефан и Берлин (1878)

Берлинскиот конгрес (13 јуни - 13 јули 1878) е средба на државните претставници на тогашните европски големи сили и Отоманското Царство која се одржала во Берлин во 1878 година, после завршувањето на Руско-турската војна, 1877-1878. На конгресот се расправало за новонастанатите услови на Балканот. Претседавач на конгресот бил Ото фон Бизмарк.

Цели на Конгресот

Некои од големите сили, особено Австроунгарија, Британија и Франција, не биле задоволни со содржината на Санстефанскиот договор, кој бил склучен помеѓу Русија и Турција во март истата година. Причината за незадоволството била што тие сметале дека на Русија ѝ биле дадени преголеми отстапки, особено излез на Егејското Море до Солун и Кавала преку бугарска територија. Поради тоа, под закана со војна, тие го иницирале новиот мировен состанок. Конгресот имал за цел да изврши ревизија на Санстефанскиот договор и да го спречи ширењето на руското влијание на Балканот. На инсистирање на Русија, Бугарија не учествувала на Берлинскиот конгрес.[1]

Исцрпени од претходната меѓусебна војна, Турција и Русија прифатиле одржување на нов мировен конгрес, кој го организирала Германија на чело со Бизмарк.

Одлуки од Конгресот

На Конгресот се одлучило:

На овој начин моќта на Отоманското Царство во Европа и Азија била значително намалена. Влијанието на Руското царство на Балканот исто така се намалило за сметка на зголеменото влијание на Австроунгарија.

На Конгресот се договорил и бил ратификуван Берлинскиот договор.

На Конгресот се направила целосна ревизија или биле избришани 18 од вкупно 29 членови на Санстефанскиот договор, и во таа смисла ги исполнил целите.

Иако била основа за стекнување на државен суверенитет на некои од балканските држави, оваа територијална поделба на Балканот не ги решила сите прашања и аспирации, туку испровоцирала понатамошни тензии кои кулминирале со Балканските војни, а подоцна и Првата светска војна.

Учесници

На конгресот учествувале претставници од Британската Империја, Австроунгарија, Француската Трета Република, Германското Царство, Руската Империја и Отоманското Царство. Делегати од Грчкото Кралство, Романското Кралство, Србија и Црна Гора биле присутни на конгресните сесии во кои се расправало за нивните држави, но тие не биле членови на конгресот.

Делегати

Велика Британија Обединето Кралство

Русија Руско Царство

Германија Германско Царство

Австроунгарија Австроунгарија

Франција Франција

Италија Кралство Италија

Отоманско Царство Османлиско Царство

Грција Кралство Грција

Србија Кнежевство Србија

Романија Романија

Црна Гора Кнежевство Црна Гора

Реперкусии врз Македонија

Членот 23 од Берлинскиот договор е еден од двата основни документа, кои го определуваат државно-правниот концепт на Македонија од овој период - вториот е Уставот на Македонските востаници од 1878 година.

Овој член, мошне добро ја открива не само играта на големите сили околу Македонија, туку и компромисите што се правени за неа меѓу големите сили и Турција. Тој предвидува Македонија, како турска провинција, да добие свој статут, поточно: устав, што значи, да добие посебен државно-правен статус, како оној на Крит, во рамките на Османлиското Царство. Според тоа, Македонија требало да добие свој гувернер и главен командант, кому би му била доверена командата на војската. Применувајќи ги принципите на територијалната поделба на Крит, Турција била задолжена територијата на Македонија да ја подели на санџаци (околии), чиј број би бил дополнително одреден. Со овие територијално-административни единици би управувале мутасарифи, и тоа половината муслимани, а другата половина христијани, меѓутоа и едните и другите требало да бидат службеници на царската влада. Помошниците на мутасарафите - муслиманите, би биле христијани, а на христијаните - муслимани. Околиите би биле поделени на кази со кои би управувале кајмаками. Органскиот устав на Крит, што значи и идниот устав на Македонија, предвидувал формирање специјален административен совет во секоја територијално-административна единица, составен од по три члена муслимани и три члена христијани. Бидејќи вакви совети се предвидувало да се формираат и во пониските административно-територијални единици, доколку во нив живее исклучително христијанско - односно муслиманско - население, советот би бил составен од шест христијански претставници, односно муслимански. Со советот би раководел раководителот на територијалната администрација.

Подеталната разработка и анализа на членот 23 од Берлинскиот договор открива дека Македонија, според него, би добила политичка автономија, во која македонскиот народ би имал пошироки можности да го изрази својот национален индивилуалитет отколку што ги имал дотогаш под турска власт.

Оттогаш па натаму идејата за автономија на Македонија ќе биде водечка идеја што ќе го мотивира национално ослободителното и револуционерното движење во земјата, добивајќи во различни услови и различни облици, меѓутоа, секогаш присутна како барање и настојување македонскиот народ да добие свои државно-правни рамки. Автономијата за Македонецот стана идеал на кој тој му ја посвети својата идна борба за национална и политичка слобода и од простата причина што утврдувањето на автономниот државно-правен статус на Македонија беше зацртан во државно-правен акт од меѓународен карактер. На тој начин, за првпат во политичката историја на Македонија нејзе ѝ се признава автономен статус и таа се третира како посебна етничка заедница и територијална единица. Практично, со членот 23 од Берлинскиот договор Македонија се конституира како автономна област во своите геополитички и етнички граници во рамките на Османлиското Царство. На овој начин Македонија стана субјект во меѓународните односи и се здоби со признавање како „етнички територијална единица со елементи на своја самобитност и самоуправување“.

Големобугарски аспирации

Границите на Бугарија пред и по Берлинскиот конгрес.

Со Санстефанскиот договор, Бугарија добила огромни територии од Отоманското Царство, вклучувајќи ја целата територија на географска Македонија, но и делови од денешна Србија (Пирот, Врање) и Албанија (Корча). Со Берлинскиот конгрес, оваа ситуација е значајно изменета, при што Источна Румелија повторно станала отоманска провинција, како и Македонија. Исто така, денешни делови од Србија и Романија биле доделени на тие земји.

Иако Санстефанскиот договор живеел само три месеци, тој создал во Бугарија фикција за Голема Бугарија, која иако никогаш не се реализирала, сепак, подоцна ќе биде главен поттикнувач на големобугарските амбиции и сериозен фактор за нестабилноста на Балканот.

Поврзано

Наводи

  1. Krasner, Stephen D. (1999). Sovereignty: Organized Hypocrisy. Princeton University Press. стр. 165. ISBN 069100711X.
  2. Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -н1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр. 11 - 15.
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со назив „Krasner“ определена во <references> групата „“ нема содржина..

Надворешни врски