Моч: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Боја: Правописна исправка, replaced: Розев → Розов
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Отповикано Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Weewee.JPG|десно|мини|Примерок од [[човек|човечка]] моч]]
[[Податотека:Weewee.JPG|десно|мини|Примерок од [[човек|човечка]] моч]]
'''Моч''' (или '''урина''', од [[латински јазик|лат.]] ''urina'') е отпаден продукт на [[организам|организмот]], создаден во [[бубрег|бубрезите]] при филтрацијата на [[крв]]та.
'''Моч''' (или '''урин''', од [[латински јазик|лат.]] ''urina'') е отпаден продукт на [[организам|организмот]], создаден во [[бубрег|бубрезите]] при филтрацијата на [[крв]]та.


== Настанување ==
== Настанување ==

Преработка од 18:18, 4 јануари 2022

Примерок од човечка моч

Моч (или урин, од лат. urina) е отпаден продукт на организмот, создаден во бубрезите при филтрацијата на крвта.

Настанување

Кај клеточниот метаболизам се создаваат мноштво отпадни материи богати со азот и други материи што се раствроливи во вода, кои треба да се исфрлат од крвта. Тој процес се врши во бубрезите, а создадената течност се нарекува моч. Од бубрзите, преку мочоводите, таа се спушта во мочниот меур, каде останува неколку часа, а потоа со исфрлање, односно уринирање, преку уретрата организмот се ослободува од мочта. Кај повеќето животни мочта содржи и феромони, поради што мокрењето на определени места е поврзано со маркирање на територијата.

Човечка моч

Количеството моч што се создава за одреден временски период се нарекува диуреза. Во нефролошката практика, при мерењето на волуменот на исфрлена моч најчесто се зема период од 24 часа. Во нормални околности, дневното количество моч изнесува 800-1500 см³.

Мочта има кисела реакција и нејзината pH вредност изнесува помеѓу 5 и 6.

Хемиската и микроскопската анализа на мочта има големо дијагностичка важност. На пример, при дијабетес во мочта се регистрира шеќер, а при нефритис - протеини. Секое отстапување од нормалниот состав на урината укажува дека метаболизмот на телото не е во ред.

Боја

Мочта во нормални околности има жолта боја и во зависност од внесените хранливи материи во организмот таа може да варира од светложолта до темножолта боја. Врз промената на бојата на мочта може да влијае покачената телесна температура, како и губењето телесни течности преку потење, повраќање или пролив.[1]

Состав

Составот на урината зависи од факторите на животната средина (температура и влажност), како и од човековата активност, полот, возраста, тежината и здравјето. Кај човекот 95% од урината се состои од вода. Таа содржи и низа органски и неоргански соединенија:

Органски соединенија

Неоргански соединенија

Поврзано

Наводи