Илко Стефановски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 45: Ред 45:
|-
|-
| 1987. || [[Трета доба]] ТВ-серија ||
| 1987. || [[Трета доба]] ТВ-серија ||
|-
| 1988. || [[Некоја чудна земја]] ТВ-филм ||
|-
| 1988. || [[Марика лета со Авион]] ТВ-филм ||
|-
|-
| 1991. || [[Тетовирање (филм) |Тетовирање]] ТВ-филм ||
| 1991. || [[Тетовирање (филм) |Тетовирање]] ТВ-филм ||

Преработка од 00:08, 21 ноември 2021

Илко Стефановски
Роден 4 ноември 1952
Битола, СФРЈ СФР Југославија
Починал 6 декември 2011
Битола, Македонија Македонија
Занимање театарски и филмски глумец
Татко Ацо Стефановски

Илко Стефановски (Битола, 4 ноември 1952 - Битола, 6 декември 2011) — македонски театарски и филмски глумец, првенец на Битолскиот народен театар.[1]

Филмографија

Година Филм Улога
1975. Волшебното самарче ТВ-серија
1978. Златни години ТВ-серија
1979. Наши години ТВ-серија
1979. Жена од малтер ТВ-филм
1981. Томи од бензинската пумпа ТВ-филм
1981. Булки крај шините ТВ-филм
1982. Време на летела ТВ-филм
1982. Илинден ТВ-серија
1982. Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1984. Јуначко колено ТВ-серија
1985. Трговецот од Солун ТВ-филм
1987. Трета доба ТВ-серија
1988. Некоја чудна земја ТВ-филм
1988. Марика лета со Авион ТВ-филм
1991. Тетовирање ТВ-филм
1991. Македонија може ТВ-филм
1992. Заминување од Пасквелија ТВ-филм
1992. Чудовиштата во нашиот град ТВ-филм
1992. Време, живот ТВ-филм
1993. Македонска сага ТВ-филм
1994. Пред дождот ТВ-филм Бојан
1995. Во светот на бајките ТВ-серија
1998. Салон Хармони ТВ-серија
1998. Збогум на 20-ти век ТВ-филм Менде
2000. Погрешно време ТВ-серија Бошко
2001. Прашина ТВ-филм
2001. Одмазда ТВ-филм
2005. Крчма на патот кон Европа ТВ-филм Ангел
2007. Превртено ТВ-филм
2007. Сенки ТВ-филм
2008. Абсурдистан ТВ-филм
2012. Трето полувреме ТВ-серија

Животопис

Стефановски е роден во Битола во 1952 година. Во родниот град го завршил основното и средното образование. Факултетот за драмски уметности, отсек глумци во класата на проф. Илија Џувалековски го завршил во 1976 година во Скопје. По дипломирањето се вратил во Битола каде ја започнал својата глумечка кариера. Уште од почетокот на кариерата се вброил меѓу најзабележителните глумечки појави не само во својот матичен колектив, туку и во поширокиот театарски простор. Неговите маестрално остварени ролји во претставите: „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Лет во место“, „Време за пеење “, „Бегалка“, „Југословенска антитеза“, „Патенталије и Тантелина“, „Вечерва Фалстаф“, „Хамлет“, „Сонот на летната ноќ“, „Чекајќи го Годо“, „Пеш“, „Натемаго на филозофскиот факултет“ и многу други, му донеле безброј награди, скоро на сите фестивали каде што гостувал Народниот театар од Битола. Како глумец блеснал со своите настапи во радио и телевизиски драми, драмски серии, уметнички програми и сл. Во 2003 година, Стефановски ја вршел и функцијата на Селектор на Драмската програма на најреномираната летна уметничка манифестација во Македонија - „Охридско лето“, учествувајќи и во проекти надвор од неговата матична сцена. Починал ненадејно на 6 декември 2011 година во Битола.[2]

Награди и признанија

Добитник е на престижната републичка награда „11 Октомври“ (2006 г.)[3].

Филмски остварувања

Наводи

  1. Културен живот. Културно-просветна заедница на Македонија. 2004. Отсутно или празно |title= (help)
  2. „ Почина глумецот Илко Стефановски, на јавноста познат како бате Боле“. Daily.mk. 6 декември 2011. Посетено на 2011-12-06.
  3. „Соопштени добитниците на наградата „11 октомври". Утрински Весник. 2006. Посетено на 2011-12-06.

Надворешни врски