Русиново: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°40′59″N 22°48′29″E / 41.68306° СГШ; 22.80806° ИГД / 41.68306; 22.80806
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 48: Ред 48:


===Родови===
===Родови===
Русиново во целост е населено со родови на [[Македонци]] од [[Православие|православна христијанска]] вероисповед. Семејства и родови кои живеат во Русиново се: ''Шутевски'', ''Алаѓозовски'', ''Мирчовски'', ''Механџиски''.


== Општествени установи ==
== Општествени установи ==

Преработка од 16:29, 9 октомври 2021

Русиново

Поглед на Русиново

Русиново во рамките на Македонија
Русиново
Местоположба на Русиново во Македонија
Русиново на карта

Карта

Координати 41°40′59″N 22°48′29″E / 41.68306° СГШ; 22.80806° ИГД / 41.68306; 22.80806
Регион Предлошка:Грбови
Општина  Берово
Област Малешевија
Население 2.095[1] жит.
(поп. 2021)[2]

Пошт. бр. 2315
Повик. бр. 033
Шифра на КО 01012
Надм. вис. 900 м
Русиново на општинската карта

Атарот на Русиново во рамките на општината
Русиново на Ризницата

Русиново — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.

Географија и местоположба

Населбата се наоѓа во областа Малешевија, во средишниот дел на територијата на Општина Берово, под северната падина на Малешевските Планини.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Берово е оддалечено 6 километри.[3]

Русиново има еден од најголемите атари по површина во Македонија. Атарот зафаќа простор од 133,3 км2. На него шумите заземаат површина од 9.078 хектари, на обработливото земјиште отпаѓа 2.518 хектари, а на пасиштата 1.542 хектари.[3]

Историја

Сенародна панихида при гробот на Даме Груев во с. Русиново во 1916 година

Во XIX век, Русиново било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Русиново имало 1.510 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Русиново имало 1.758 жители.[5]

Русиново е голема населба, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 2.242 жители, а во 1994 година 2.100 жители.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 2.095 жители, од кои 2.092 Македонци, 1 Србин и 2 останати.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.510 1.758 2.044 2.251 2.242 2.288 2.173 2.173 2.100 2.095
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]


Родови

Русиново во целост е населено со родови на Македонци од православна христијанска вероисповед. Семејства и родови кои живеат во Русиново се: Шутевски, Алаѓозовски, Мирчовски, Механџиски.

Општествени установи

Средишното основно училиште „Никола Петров - Русински“ во селото

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Русиново, каде Русиново било единствено село во општината.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од некогашната Општина Владимирово, во која покрај селото Русиново се наоѓале и селата Владимирово и Мачево.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Изборно место

Во селото постојат изборните места бр. 14 и 15 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница и основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на оваије изборни место биле запишани вкупно 1.602 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

Главната селска црква „Св. Петка“
Археолошки наоѓалишта[14]
Цркви[15]
Бисти
Споменици
  • Споменик од НОБ

Личности

Галерија

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 април 2017.
  2. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 263. Посетено на 12 април 2017.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. „ОУ „Никола Петров - Русински". македонски: Општина Берово. Посетено на 12 април 2017.
  11. „Клон с. Митрашинци“. Градинка 23 Август Берово. Берово. Посетено на 8 јануари 2017.
  12. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. Германската телевизија „РТЛ“ со прилог за „малиот Нинџа“ Воденски!

Надворешни врски