Пропаст: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: центимет → сантимет
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
 
Ред 1: Ред 1:
{{multiple image<!-- begin stack of images, scroll down for article -->
{{multiple image<!-- begin stack of images, scroll down for article -->
|direction = vertical | width = 250
|direction = vertical | width = 250
|image1 = Пропаст 02.jpg|caption1 = Пропаст на [[Сува Планина]], [[Македонија]]<br>
|image1 = Пропаст - Сува Планина МК 09.jpg|caption1 = Пропаст на [[Сува Планина]], [[Македонија]]<br>
|image2 = Пропаст 01.jpg| caption2 = Пропаст на [[Сува Планина]], [[Македонија]]<br>
|image2 = Пропаст - Сува Планина МК 01.jpg| caption2 = Пропаст на [[Сува Планина]], [[Македонија]]<br>
}}
}}
'''Пропаст''' (или '''Јама''') — спелеолошки објекти каде просечната косина на каналот е поголем од 45 степени и каде длабочината е поголема од ширината<ref name="Вероновска">{{Наведена книга|title=ВАЛОРИЗАЦИСКА ОСНОВА НА СПЕЛЕОЛОШКИОТ ТУРИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (магистерски труд)|last=Вероновска|first=Наташа|publisher=Факултет за туризам и угостителство|year=2014|isbn=|location=Охрид|pages=22-23}}</ref>. Настануваат со наизменично делување на хемиската и механичката ерозија. Нивните канали можат да бидат широки од неколку десетина сантиметри до неколку десетина метри, и длабоки преку 1000 метри<ref name="Вероновска" />.
'''Пропаст''' (или '''Јама''') — спелеолошки објекти каде просечната косина на каналот е поголем од 45 степени и каде длабочината е поголема од ширината<ref name="Вероновска">{{Наведена книга|title=ВАЛОРИЗАЦИСКА ОСНОВА НА СПЕЛЕОЛОШКИОТ ТУРИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (магистерски труд)|last=Вероновска|first=Наташа|publisher=Факултет за туризам и угостителство|year=2014|isbn=|location=Охрид|pages=22-23}}</ref>. Настануваат со наизменично делување на хемиската и механичката ерозија. Нивните канали можат да бидат широки од неколку десетина сантиметри до неколку десетина метри, и длабоки преку 1000 метри<ref name="Вероновска" />.

Последна преработка од 00:25, 20 септември 2021

Пропаст (или Јама) — спелеолошки објекти каде просечната косина на каналот е поголем од 45 степени и каде длабочината е поголема од ширината[1]. Настануваат со наизменично делување на хемиската и механичката ерозија. Нивните канали можат да бидат широки од неколку десетина сантиметри до неколку десетина метри, и длабоки преку 1000 метри[1].

Одлики[уреди | уреди извор]

Пропастите се подземни карстни форми чиј влез е на површината на теренот и се спуштаат во длабочината на карбонатната маса преку кос или вертикален канал[1]. Кај нив услов е висинското растојание меѓу влезот и дното кое треба да биде поголемо во однос на должината на хоризонталната проекција на пропаста. Со други зборови, пропастите можат да имаат и хоризонтални канали, скалесто подредени. Тие како и главните канали се предиспонирани во должина на пукнатините, раседите или слоеви на карпите[1]. Во зависност од степенот на влијанието на карстната односно механичката ерозија на водата што понира во класификацијата на пропастите може да се издвојат повеќе типови[1]. Карстните пропасти се создаваат под дејство на карстната ерозија, со растворање на пукнатините. Тие се суви пропасти во кои нема подземни водени текови. Во зависност од формата на каналот пропастите се делат на: бунареста, чии страни се скоро вертикални; инчеста, која во длабочина постепено се стеснува; ѕвонеста, која од отворот кон дното постепено се проширува; ѕвекара, плитка пропаст која на дното завршува со мала сала и која името го добила по тоа што при пад на камен создава голема бука; скалеста, пропаст во која наизменично се сменуваат вертикални и пократки хоризонтални канали и бездна едноставна пропаст со значителна длабочина во која не се гледа дното и не се слуша падот на фрлениот предмет[1].

Името пропаст најверојатно потекнува и се поврзува со глаголот пропаѓа, а поради самиот таков изглед на пропастите, зборот пропаст/упропасти се користи со значење на: морално и материјално пропаѓање, уништување и смрт, длабоки, остри и ненадминливи разлики меѓу две страни[2].

Настанок[уреди | уреди извор]

Според начинот на настанување пропастите се делат на: корозивни, формирани претежно со корозија на атмосферската вода како и со концентрирано понирање на водата при поројни дождови; карстни, се создаваат под дејство на карстната ерозија, со растворање на пукнатините, во кои нема подземни водни текови; понорска, која се наоѓа и формира на место каде понира некој површински водотек односно тоа се пропасти во кои се губи водата од површинските речни текови и можат да бидат постојани, периодични и фосилни; сифонска, пропаст која имала или сè уште има функција на излезен сифонски канал односно пропаст од која на површина под хидростатичен притисок избива вода; тектонска, настаната на место на вертикална тектонска пукнатина која многу малку е изменета под дејство на егзогени агенси и денудирана, пропаст која настанува со паѓање на таваницата на некоја подземна шуплина, на чие дно се забележува сурнат карпест материјал,а може да се јават и подземни водотеци[1].

Видови[уреди | уреди извор]

Според составот пропастите се делат на: сува пропаст, во кој нема постојано и периодично присуство на вода; водена, во која има постојано или периодично присуство на вода; снежна, во која се акумулира снежна маса и поради слабата воздушна циркулација се задржува во текот на целата година; мразна, која во текот на целата година во најдолните делови има негативна температура, па водата замрзнува и се создава мразна маса; кристална, пропаст богата со кристалести украси[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Вероновска, Наташа (2014). ВАЛОРИЗАЦИСКА ОСНОВА НА СПЕЛЕОЛОШКИОТ ТУРИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (магистерски труд). Охрид: Факултет за туризам и угостителство. стр. 22–23.
  2. Јованов, Митко (2017). „Дигитален речник на македонскиот јазик“. Посетено на 14 ноември 2017.