Цена (економија): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Doni12345 (разговор | придонеси)
#WPWPMK
Ознака: Отповикано
Одбиена последната промена (од Doni12345) и ја поврати преработката 4065699 на Bjankuloski06
Ознака: Рачно отповикување
Ред 1: Ред 1:
'''Цена''' претставува надомест кој купувачот на одреден производ или [[Производни фактори|производен фактор]] му го плаќа на продавачот. Најчесто, цената е изразена во [[пари]], но може да биде изразена и во натурален облик.

[[File:CPCCT Wenling Road Station fuel price sign 20110313.jpg|thumb|upright|Ознака на отворено во Тајван покажува цени]]
==Пазарна цена==
==Пазарна цена==
На кус рок, рамнотежата на [[пазар]]от се воспоставува при цената по која [[побарувачка]]та на производот е еднаква на [[понуда]]та. Притоа, рамнотежна цена е онаа по која купувачите сакаат да го купат количеството кое го нудат продавачите по таа цена. На пример, ако продавачите се подготвени да продадат 1 000 [[килограм]]и [[пченка]] по цена од 37, 700 кг по цена од 36 и 600 кг по цена од 35, а купувачите сакаат да купат 600 кг по цена од 37, 700 кг по цена од 36 и 900 кг по цена од 35, тогаш желбите на купувачите и на продавачите ќе се усогласат по цена од 36, кога ќе бидат продадени (купени) 700 кг пченка. Оваа пазарна рамнотежа може да се нарече привремена, зашто зависи само од постојните улови на пазарот, т.е. од тековната [[побарувачка]] и од тековната [[понуда]] (залихата што ја поседуваат продавачите).<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 148-150.</ref> Но, на долг рок, понудата на производот зависи од [[трошоци]]те за неговото производство, а тие се определени од цените на [[фактори на производството|факторите на производството]].<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 153-164.</ref> На тој начин, [[Алфред Маршал]] зборува за ''пазарна цена'' (''market price'') и ''нормална цена'' (''normal price'') при што првата зависи претежно од побарувачката, а втората од понудата. Имено, во некои случаи, кога понудата на производот е фиксна, цената зависи од побарувачката. Од друга страна, за производите кај кои важи [[Закон за константни приноси|законот за константни приноси]], т.е. чија цена е константна при различен обем на [[производство]]то, цената е определена претежно од понудата. Оттука, општо правило е дека, на кус рок, пазарната цена зависи претежно од побарувачката, а на долг рок, вредноста на производот зависи од понудата (трошоците на производството).<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 164-166.</ref> На тој начин, кога се зборува за цената, постојат четири можни состојби:<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 194-195.</ref>

Преработка од 09:21, 6 септември 2021

Цена претставува надомест кој купувачот на одреден производ или производен фактор му го плаќа на продавачот. Најчесто, цената е изразена во пари, но може да биде изразена и во натурален облик.

Пазарна цена

На кус рок, рамнотежата на пазарот се воспоставува при цената по која побарувачката на производот е еднаква на понудата. Притоа, рамнотежна цена е онаа по која купувачите сакаат да го купат количеството кое го нудат продавачите по таа цена. На пример, ако продавачите се подготвени да продадат 1 000 килограми пченка по цена од 37, 700 кг по цена од 36 и 600 кг по цена од 35, а купувачите сакаат да купат 600 кг по цена од 37, 700 кг по цена од 36 и 900 кг по цена од 35, тогаш желбите на купувачите и на продавачите ќе се усогласат по цена од 36, кога ќе бидат продадени (купени) 700 кг пченка. Оваа пазарна рамнотежа може да се нарече привремена, зашто зависи само од постојните улови на пазарот, т.е. од тековната побарувачка и од тековната понуда (залихата што ја поседуваат продавачите).[1] Но, на долг рок, понудата на производот зависи од трошоците за неговото производство, а тие се определени од цените на факторите на производството.[2] На тој начин, Алфред Маршал зборува за пазарна цена (market price) и нормална цена (normal price) при што првата зависи претежно од побарувачката, а втората од понудата. Имено, во некои случаи, кога понудата на производот е фиксна, цената зависи од побарувачката. Од друга страна, за производите кај кои важи законот за константни приноси, т.е. чија цена е константна при различен обем на производството, цената е определена претежно од понудата. Оттука, општо правило е дека, на кус рок, пазарната цена зависи претежно од побарувачката, а на долг рок, вредноста на производот зависи од понудата (трошоците на производството).[3] На тој начин, кога се зборува за цената, постојат четири можни состојби:[4]

  • пазарна цена - цената која е определена од побарувачката, зашто во овој случај понудата го претставува количеството што е расположливо на залиха во даден момент,
  • нормална цена на кус рок - цената која претежно е определена од побарувачката при што понудата го претставува количеството што може да се произведе со расположливите фактори на производството (постојните машини, опрема, работници итн.),
  • нормална цена на долг рок - цената која е определена од трошоците на производството и каде што понудата се приспособува преку промена на сите фактори на производството,
  • секуларни промени на нормалната цена - кога цената се менува бавно на многу долг рок, под дејство на промените во населението, технологијата, знаењето, капиталот, понудата и побарувачката.

Во основа, цената е резултат на понудата и побарувачката. Меѓутоа, промените на понудата или побарувачката може да имаат различни ефекти врз цената. На пример, промените на побарувачката предизвикуваат различни ефекти врз цената, во зависност од тоа дали во производството на производот важи законот за константни, опаѓачки или растечки приноси: при константни приноси, порастот на побарувачката предизвикува само зголемување на производството на производот без никаков ефект врз цената по која се продава тој; при опаѓачки приноси, зголемената побарувачка предизвикува мало зголемување на количеството што се продава и пораст на цената; при растечки приноси, поголемата побарувачка води до голем пораст на производството и до намалување на цената.[5]

Функции на цената

Во пазарната економија, која се карактеризира со слободна размена и приватна сопственост на факторите на производството, цените извршуваат пет основни функции:[6]

  • служат како средство за трансмисија на информациите за релативната важност на одделните производи и производни фактори
  • им даваат поттик на претприемачите да ги произведуваат производите кои општеството ги вреднува најмногу и да користат методи на производство во кои се економизира со ретките производни фактори
  • им даваат поттик на сопствениците на производните фактори да ги насочат во областите кои се најисплатливи
  • го распределуваат производството меѓу одделните сопственици на производните фактори
  • вршат рационирање на фиксните залихи на производи меѓу потрошувачите.

Наводи

  1. Alfred Marshal, Principles of Economics. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 148-150.
  2. Alfred Marshal, Principles of Economics. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 153-164.
  3. Alfred Marshal, Principles of Economics. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 164-166.
  4. Alfred Marshal, Principles of Economics. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 194-195.
  5. Alfred Marshal, Principles of Economics. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 279-280.
  6. Milton Friedman, „Lerner on the Economics of Control“, во: Milton Friedman, Essays in Positive Economics. Chicago: University of Chicago Press, 1953, стр. 304.