Торгау: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Додадена категорија
с →‎Надворешни врски: Исправено име на предлошка, replaced: {{ru icon}} → {{ru}}
Ред 62: Ред 62:
{{Ризница-ред|Torgau}}
{{Ризница-ред|Torgau}}
* [http://www.torgau.de Официјална страница]
* [http://www.torgau.de Официјална страница]
* [http://www.torgau.ru Торгау], неофицијална страница {{ru icon}}
* [http://www.torgau.ru Торгау], неофицијална страница {{ru}}


{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}

Преработка од 14:37, 25 август 2021

Торгау
Внатрешниот двор на Замокот Хартенфелс во Торгау
Внатрешниот двор на Замокот Хартенфелс во Торгау
Внатрешниот двор на Замокот Хартенфелс во Торгау
Грб на Торгау
Торгау во рамките на Германија
Торгау
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Северна Саксонија
Општ. заед. Торгау
Градоначалник Андреа Штауде (СДП)
Основни податоци
Површина 102,53 км2
Надм. височина 78 м
Население 19.768 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 193 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. TDO
Пошт. бр. 04860
Повик. бр. 03421
Портал www.torgau.de
Местоположба на градот Торгау во рамките на округот Северна Саксонија
Карта
Карта
Координати 51°33′37″N 13°0′20″E / 51.56028° СГШ; 13.00556° ИГД / 51.56028; 13.00556Координати: 51°33′37″N 13°0′20″E / 51.56028° СГШ; 13.00556° ИГД / 51.56028; 13.00556

Торгау (германски: Torgau) — град на бреговите на реката Елба во северозападниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија. Градот претставува административно седиште на округот Северна Саксонија.

Надвор од Германија, градот е најмногу познат како место на кое се сретнале американската и советската армија во текот на Втората светска војна. Ова се случило на 25 април 1945 година, подоцна познато како Денот на Елба.

Знаменитости

Знаменитости во градот се историскиот дел на градот, обновен по повторното обединување на Германија, пивскиот музеј, споменикот за средбата на руските и американските војници на Елба и руските воени гробишта. Рано ренесансниот замок Хартенфелс преовладува над градот. Капелата била изградена во 1544 година (проектирана од Никел Громан) и е со мешавина од готски и ренесансни елементи. Била осветена од Мартин Лутер на 5 октомври 1544 година.

Историја

Првите траги за населување на овој простор е од словенската населба именувана Тургио. Тука се претпоставува дека постоел дрвен словенски замок, кој се наоѓал на местото на денешниот замок Хартенштајн. Во 10 век паднала под власт на Светото Римско Царство и бил изграден замок од камен, околу кого се развила населба. Пазарот започнал да работи во 1119. Градот се наоѓал на важниот трговски пат помеѓу Лајпциг и Франкфурт на Одра, кој поминувал низ реката Елба источно од Торгау.

Торгау припаѓач на војводството Саксо-Витенберг. По последниот асканиски војвода, кој умрел без наследник во 1423, електоратот преминал на династијата Ветин, која ја преместила резиденцијата во Торгау. Откако поделбата на Лајпциг на наследниците од Ветин во 1485, Торгау припаднал на линијата на Ернестин. Судот главно престојувал во Вајмар и во Торгау. Од 1525 наваму, Торгау станал главно престојувалиште. По Битката кај Милберг во 1547, Торгау паднал под власта на линијата Албертин.

Во текот на реформацијата, градскиот совет ги затворил сите манастири во 1523. Граѓаните на Торгау ги уништиле фреските и скулптурите на светците во црквите и го уништиле францисканскиот манастир. Откако Лутер го протерал Андреас Карлштат од Саксонија во 1524, тој ги принудил да го напуштат Торгау и неговите следбеници во 1529. Катарина фон Бора, жената на Мартин Лутер е погребана во Св. Марија, Торгау.

Првата германска опера, Дафне на Хајнрих Шиц, била прикажана во судот во Торгау во 1627.

Во Битката кај Торгау, на 3 ноември 1760, пруската армија под водтво на кралот Фридрих Велики ја поразила поголемата австриска армија под водство на фелдмаршалот Леополд Јозеф Град Даун, голема битка во Седумгодишната војна.

Втора светска војна

Градот е место, каде во текот на Втората светска војна, припадниците на американската армија доаѓајќи од запад се сретнале со трупите на советската армија доаѓајќи од исток, во текот на инвазијата на Германија на 25 април 1945. Овој настан бил запаметен како „Денот на Елба“. Единици на американската прва армија и советскиот прв украински фронт се сретнале на мост во Торгау и кај Лоренцкирх (близу Штрела), 20 километри на југ. Командантите на единиците се среднале следниот ден во Торгау за официјално ракување. Ова го обележило почетокот на контактите помеѓу советските и американските сили, но не го означило крајот на окупациските зони. Всушност, областа околу Торгау првично било преземена од американските сили, но подоцна, во јули 1945, била предадена на советските сили, со согласност со договорот од Јалта. По војната, во 1949, бил снимен и филм во чест на средбата на двете армии.

Галерија

Наводи

  1. „Тековно население по општини во 2020 г.“. Статистичка служба на Саксонија. јуни 2020. (германски)

Надворешни врски