Симеон Кавракиров: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Форматна исправка, replaced: бил македонски револуционер → — македонски револуционер
Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.8
Ред 18: Ред 18:


== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==
* [http://www1.parliament.bg/kns/Pkontrol/23ons/1%20rs/23%20ons-1rs-12p.htm Расправа во бугарскиот парламент за киднапирањето на Симеон Кавракиров], на бугарски јазик.
* [http://www1.parliament.bg/kns/Pkontrol/23ons/1%20rs/23%20ons-1rs-12p.htm Расправа во бугарскиот парламент за киднапирањето на Симеон Кавракиров] {{Семарх|url=https://web.archive.org/web/20070929090125/http://www1.parliament.bg/kns/Pkontrol/23ons/1%20rs/23%20ons-1rs-12p.htm |date=2007-09-29 }}, на бугарски јазик.


[[Категорија:Дејци на БКП]]
[[Категорија:Дејци на БКП]]

Преработка од 12:23, 15 август 2021

Симеон Кавракиров
Роден 16 ноември 1898
Солун, Егејска Македонија
Починал 14 јуни 1934
Семково, Бугарија

Симеон Кавракиров (Солун, 16 ноември 1898 - Семково, 14 јуни 1934) — македонски револуционер, припадник на ВМРО (Обединета) и член на Бугарската комунистичка партија.

Образованието го започнува во родниот град. Во 1919 година се преселува во Софија, каде што студира право на Софискиот универзитет. Во 1920 година станува член на БКП и Емигрантскиот комунистички сојуз. Од 1924 година работи во Пловдив каде раководи со месниот комитет на БКП и воената организација. По нејзиното пропаѓање во мај 1925 година е осуден на една и пол година затвор. Влегува во ВМРО (Обединета) и од 1928 година е секретар на Обласниот комитет на организацијата, а од 1929 година раководител на третата револуционерна област (Пиринска Македонија). Под името Павел работи по создавање групи на ВМРО (Об.) на територијата на Пиринска Македонија. На 8 јуни 1932 е киднапиран од бандити на ВМРО и две години e држан во робија. По деветнаесетомајскиот преврат 1934 година е убиен од нив во местото Семково, Рила планина.

Неговото име го носи селото Орман, Петричко, од 1951 година.

Надворешни врски