Михаил VI Вринга: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с →Наводи: Додадена категорија |
с →top: Додадена категорија, replaced: римско царство → Римско Царство (3) |
||
Ред 3: | Ред 3: | ||
|name =Михаил VI Вринга<br />Μιχαήλ ΣΤ΄ Βρίγγας |
|name =Михаил VI Вринга<br />Μιχαήλ ΣΤ΄ Βρίγγας |
||
|full name = |
|full name = |
||
|title =[[Византиски владетели|Цар]] на [[Источно |
|title =[[Византиски владетели|Цар]] на [[Источно Римско Царство|Источното Римско Царство]] |
||
|image = Michael VI tetarteron.jpg |
|image = Michael VI tetarteron.jpg |
||
|imgw =220px |
|imgw =220px |
||
Ред 23: | Ред 23: | ||
|mother = |
|mother = |
||
}} |
}} |
||
'''Михаил VI Вринга''', наречен уште '''Стратиотик''' (Воениот, Воинствениот) или '''Геронтас''' (Стариот) ({{lang-el|Μιχαήλ ΣΤ΄ Βρίγγας}}, ?г. - 1059г.), бил [[Источно |
'''Михаил VI Вринга''', наречен уште '''Стратиотик''' (Воениот, Воинствениот) или '''Геронтас''' (Стариот) ({{lang-el|Μιχαήλ ΣΤ΄ Βρίγγας}}, ?г. - 1059г.), бил [[Источно Римско Царство|византиски]] [[Византиски цареви|цар]] кој владеел од 1056г. до 1057г. |
||
==Станување цар== |
==Станување цар== |
Преработка од 03:46, 15 август 2021
Михаил VI Вринга Μιχαήλ ΣΤ΄ Βρίγγας | |
---|---|
Цар на Источното Римско Царство | |
Златен тетартерон од Михаиловото владеење. | |
Византиски цар | |
На престол | 1056 – 1057 |
Претходник | Теодора Порфирогенита |
Наследник | Исак I Комнин |
Починал(а) | 1059 |
Михаил VI Вринга, наречен уште Стратиотик (Воениот, Воинствениот) или Геронтас (Стариот) (грчки: Μιχαήλ ΣΤ΄ Βρίγγας, ?г. - 1059г.), бил византиски цар кој владеел од 1056г. до 1057г.
Станување цар
Царот Константин IX Мономах умрел на 11 јануари 1055 година. Власта уште еднаш ја презела царицата Теодора. Таа била последна претставничка на македонскиот царски дом и со нејзината смрт, на почетокот на септември во 1056г., исчезнала оваа славна династиј. За свој наследник Теодора, на смртниот одар го одредила Михаил кој бил чиновник веќе во години, кој се чини порано вршел должност на логотет стратиотик и поради тоа тој го носел прекарот Стратиотик. Според оценката на Псел тој чеовек бил „помалку способен да раководи одошто да биде биде раководен“. Неговото доаѓање на престолот значело вистински триумф на цивилното благородништво. Членовите на сенатот биле опсипани со почести и дарови.[1]
Владеење
Подготвен да ги исполни сите желби на владеачката цивилна странка Михаил бил глув за барањата на воените кругови и ја одбил депутацијата којашто ја предводеле истакнатите генерали Исак Комнин и Катакалон Кекавмен. Озлобените дигнале востание против цариградската влада. Во едно пафлагонско село Исак Комнин на 8 јули 1057г. бил прогласен за цар. Приврзаници му пристигнале сите делови на Мала Азија и набрзо Исак со својата војска допрел до Никеја. Војската што цариградската влада ја испратила против него претрпела пораз. Михаил VI морал да стапи во преговори со својот противник и му понудил преку пратеништвото што го предводеле Константин Лихуд и Михаил Псел, титула на цезар и место на престолонаследник. Ваквите концесии само ги охрабриле неговите непријатели. Сега и во Цариград се кренала опозицијата и му подала рака на Исак Комнин. Пресудна улога одиграла Црквата како трета сила и најважен чинител покрај двете сопернички аристократски групи. Патријархот Михаил Керулариј се поставил на чело на опозицијата, Света Софија станала центар на агитација против владата. Михаил VI бил присилен да го напушти престолот и да се закалуѓери. На 1 септември 1057г. Исак Комнин влегол во Цариград и од рацете на патријархот Михаил ја примил царската круна.[1]
Наводи
|