Голем тетреб: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Опис: Правописна исправка, replaced: емно сив → емносив
с →‎Опис: Јазична исправка, replaced: емно кафен → емнокафен
Ред 24: Ред 24:


==Опис==
==Опис==
Мажјаците многу лесно можеме да ги разликуваме од женките, поради нивната големина и боја. Должината на тетребите изнесува 74–85 см, распонот на крилјата им е 90–125 см. а тежат околу 4.1 кг. Пердувите на телото им се темносиви-темно кафени, а кај градите им се светликаво зелени. Во зависност од расата, пердувите кај опашот и стомакот се бели или црни. Женките се дури околу двапати помали од мажјаците, долги се 54-64 см, а распонот на крилјата им е 70 см. Пердувите на горниот дел им се кафени со црно и сиво, а на долниот дел имаат и светло-жолта нијанса. Двата пола имаат пердуви на нозете, особено во зима за заштита од студ.
Мажјаците многу лесно можеме да ги разликуваме од женките, поради нивната големина и боја. Должината на тетребите изнесува 74–85 см, распонот на крилјата им е 90–125 см. а тежат околу 4.1 кг. Пердувите на телото им се темносиви-темнокафени, а кај градите им се светликаво зелени. Во зависност од расата, пердувите кај опашот и стомакот се бели или црни. Женките се дури околу двапати помали од мажјаците, долги се 54-64 см, а распонот на крилјата им е 70 см. Пердувите на горниот дел им се кафени со црно и сиво, а на долниот дел имаат и светло-жолта нијанса. Двата пола имаат пердуви на нозете, особено во зима за заштита од студ.


==Исхрана и живеалиште==
==Исхрана и живеалиште==

Преработка од 04:14, 8 август 2021

Голем тетреб
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Семејство: Phasianidae
Потсемејство: Tetraoninae
Род: Tetrao
Вид: Голем тетреб
Научен назив
Tetrao urogallus
Linnaeus, 1758

Голем тетреб (Tetrao urogallus) е вид птица од семејството тетреби. Ја има во Македонија.

Распостранетост

Најчесто се среќаваат во Средна Азија, и во северните делови на Европа, особено во пошумените региони на Норвешка, Шведска, Финска, Русија и Романија.

Опис

Мажјаците многу лесно можеме да ги разликуваме од женките, поради нивната големина и боја. Должината на тетребите изнесува 74–85 см, распонот на крилјата им е 90–125 см. а тежат околу 4.1 кг. Пердувите на телото им се темносиви-темнокафени, а кај градите им се светликаво зелени. Во зависност од расата, пердувите кај опашот и стомакот се бели или црни. Женките се дури околу двапати помали од мажјаците, долги се 54-64 см, а распонот на крилјата им е 70 см. Пердувите на горниот дел им се кафени со црно и сиво, а на долниот дел имаат и светло-жолта нијанса. Двата пола имаат пердуви на нозете, особено во зима за заштита од студ.

Исхрана и живеалиште

Се хранат со лисја, треви, плодови, инсекти. Нивните живеалишта се старите густи шуми, каде што продира само толку сонце колку што им е потребно.

Размножување

Сезоната на размножување започнува во периодот помеѓу Март и Април, и отприлика трае до Мај-Јуни. Три дена по парењето, женката почнува да ги лежи јајцата. Женката несе осум јајца, некогаш и дванаесет, а ретко кога несе четири-пет. Според времето и надморската висина, одгледувањето трае 26-28 дена. По големина, јајцата им се исти како на кокошките, но имаат и попрскано-кафена боја.

Наводи

  1. BirdLife International (2012). Tetrao urogallus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски