Моч: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с →Боја: Правописна исправка, replaced: ветло жолт → ветложолт, емно жолт → емножолт |
с →Боја: Правописна исправка, replaced: Розев → Розов |
||
Ред 19: | Ред 19: | ||
Податотека:HematuriaGross.jpg|Темноцрвена урина поради присуство на [[крв]] ([[хематурија]]). |
Податотека:HematuriaGross.jpg|Темноцрвена урина поради присуство на [[крв]] ([[хематурија]]). |
||
Податотека:Choluria.svg|Темноцрвена урина поради [[холурија]]. |
Податотека:Choluria.svg|Темноцрвена урина поради [[холурија]]. |
||
Податотека:Pinkish urine beetroots 1.jpg| |
Податотека:Pinkish urine beetroots 1.jpg|Розовкаста урина поради исхрана со [[цвекло]]. |
||
Податотека:IMAG0466.jpg|Зелена урина за време на долготрајна инфузија со седативот [[пропофол]]. |
Податотека:IMAG0466.jpg|Зелена урина за време на долготрајна инфузија со седативот [[пропофол]]. |
||
</gallery> |
</gallery> |
Преработка од 12:22, 7 август 2021
Моч (или урина, од лат. urina) е отпаден продукт на организмот, создаден во бубрезите при филтрацијата на крвта.
Настанување
Кај клеточниот метаболизам се создаваат мноштво отпадни материи богати со азот и други материи што се раствроливи во вода, кои треба да се исфрлат од крвта. Тој процес се врши во бубрезите, а создадената течност се нарекува моч. Од бубрзите, преку мочоводите, таа се спушта во мочниот меур, каде останува неколку часа, а потоа со исфрлање, односно уринирање, преку уретрата организмот се ослободува од мочта. Кај повеќето животни мочта содржи и феромони, поради што мокрењето на определени места е поврзано со маркирање на територијата.
Човечка моч
Количеството моч што се создава за одреден временски период се нарекува диуреза. Во нефролошката практика, при мерењето на волуменот на исфрлена моч најчесто се зема период од 24 часа. Во нормални околности, дневното количество моч изнесува 800-1500 см³.
Мочта има кисела реакција и нејзината pH вредност изнесува помеѓу 5 и 6.
Хемиската и микроскопската анализа на мочта има големо дијагностичка важност. На пример, при дијабетес во мочта се регистрира шеќер, а при нефритис - протеини. Секое отстапување од нормалниот состав на урината укажува дека метаболизмот на телото не е во ред.
Боја
Мочта во нормални околности има жолта боја и во зависност од внесените хранливи материи во организмот таа може да варира од светложолта до темножолта боја. Врз промената на бојата на мочта може да влијае покачената телесна температура, како и губењето телесни течности преку потење, повраќање или пролив.[1]
-
Темна урина поради низок внес на течности.
-
Темноцрвена урина поради присуство на крв (хематурија).
-
Темноцрвена урина поради холурија.
-
Розовкаста урина поради исхрана со цвекло.
-
Зелена урина за време на долготрајна инфузија со седативот пропофол.
Состав
Составот на урината зависи од факторите на животната средина (температура и влажност), како и од човековата активност, полот, возраста, тежината и здравјето. Кај човекот 95% од урината се состои од вода. Таа содржи и низа органски и неоргански соединенија:
Органски соединенија
- Карбамид (20 - 35 г)
- Кетонски тела (< 3 г)
- Аминокиселини (1 - 3 г)
- Креатинин (1 - 1,5 г)
- Мочна киселина (0,3 - 2 г)
- Глукоза (< 0,16 г)
- Белковини (< 0,15 г)
- Хипурна киселина (0,15 г)
- Креатин (0,05 - 0,1 г)
Неоргански соединенија
Поврзано
„Моч“ на Ризницата ? |
Наводи
|