Црвениот календар: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
(нема разлика)

Последна преработка од 13:33, 31 јули 2021

„Црвениот календар“ (српски: Црвени календар) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во среда, 25 октомври 1917 година, еден борец чека да започне нападот на Зимскиот дворец во Петроград. Тој го чита прогласот на Ленин, кој го зачудува, зашто во него се објавува дека дворецот е заземен, а членовите на Привремената влада се уапсени, иако тоа не е точно. Ноќта, борците го заземаат дворецот и ги апсат членовите на владата, но утредента, тој го чита владиниот весник во кој се соопштува дека владата работи вообичаено. Така, тој добива впечаток дека двата дена, среда и четврток, си ги промениле местата. Подоцна, додека борецот стои на барикадите, еден непријателски војник пука во него, а тој пак пука во непријателот. Додека се опоравува од раната, борецот го сфаќа изворот на таа збрка: болшевичкиот проглас поранил еден ден, а прогласот на владата задоцнил еден ден.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 38-40.