Атенодор од Соле: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 16:31, 29 јули 2021

Атенодор од Соле (старогрчки: Ἀθηνόδωρος ὁ Σολεύς) — старогрчки философ, припадник на стоицизмот , кој живеел во 3 век п.н.е.

Атенодор (чиј татко, исто така го носел истото име) бил роден во градот Соле, на Сицилија. Тој бил ученик на Зенон и другар на Хризип, уште еден ученик на Зенон. Атенодор бил брат на поетот Арат од Соле кој, исто така, бил следбеник на учењето на Зенон. Се верува дека на Атенодор му било посветено делото на Хризип „За крајните поставки“ (грчки: Περὶ τῶν ϰαταγορευτιϰῶν).[1]

Наводи

  1. Diogenes Laërtius, vii.