Стоицизам: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
дополнување
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Zeno of Citium pushkin.jpg|right|150px|thumb|Зенон]]
[[Податотека:Zeno of Citium pushkin.jpg|right|150px|thumb|Зенон]]


'''Стоицизмот''' е филозофски правец во периодот на хеленистичката [[филозофија]]. Името го добил по Шарената галерија (Σтоά ποιχίλη) во [[Атина]], која со своите слики ја украсил сликарот [[Полигнот]] во [[V век п.н.е.]],<ref>A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, ''Zlatni magarac'', Dereta, Beograd, 2011, стр. 225.</ref> а поради оваа соба, стоиците се нарекуваат уште и ''перипатетичари''..<ref>„Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, ''Pohvala ludosti''. Beograd: Rad, 2016, стр. 123.</ref> Основач на стоицизмот во Грција е [[Зенон од Китион]] (333 п.н.е - 264 п.н.е), а претставник во [[Римско Царство|Рим]] бил царот [[Марко Аврелиј]]. Други значајни стоици се [[Хризип]], [[Сенека]] и [[Епиктет]]. Речиси сите следбеници на [[Александар Македонски]] отворено се прогласувале како стоици. Стоичката школа ја забранил царот [[Јустинијан Први]] со образложение дека не е во склад со [[христијанство]]то. Во денешно време, изразот ''стоицизам'' предизвикува чувство на ладнокрвност и непоколебливост, а пак '''стоик''' се смета за лице што мирно и спокојно ги поднесува тешкотиите.
'''Стоицизмот''' е филозофски правец во периодот на хеленистичката [[филозофија]]. Името го добил по Шарената галерија (Σтоά ποιχίλη) во [[Атина]], која со своите слики ја украсил сликарот [[Полигнот]] во [[V век п.н.е.]],<ref>A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, ''Zlatni magarac'', Dereta, Beograd, 2011, стр. 225.</ref> а поради оваа соба, стоиците се нарекуваат уште и ''перипатетичари''..<ref>„Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, ''Pohvala ludosti''. Beograd: Rad, 2016, стр. 123.</ref> Основач на стоицизмот во Грција бил [[Зенон од Китион]] (333 п.н.е - 264 п.н.е), а претставник во [[Римско Царство|Рим]] бил царот [[Марко Аврелиј]]. Други значајни стоици биле: [[Хризип]], [[Сенека]] и [[Епиктет]]. Речиси сите следбеници на [[Александар Македонски]] отворено се прогласувале како стоици. Стоичката школа ја забранил царот [[Јустинијан Први]] со образложение дека не била во склад со [[христијанство]]то. Во денешно време, изразот ''стоицизам'' предизвикува чувство на ладнокрвност и непоколебливост, а пак '''стоик''' означува лице што мирно и спокојно ги поднесува тешкотиите.

==Развој на стоичката школа==
Во развојот на стоицизмот се разликуваат три периоди:<ref>Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, ''Samom sebi''. Beograd: Dereta, 2004, стр. 7.</ref>
* стар период ([[300 п.н.е.]] - [[130 п.н.е.]])
* среден или хеленско-римски период (130 п.н.е. - [[50 п.н.е.]])
* доцен период (50 п.н.е. - [[III век]])

===Стар период===
Основач на стоичката школа бил Зенон од Китија (на [[Кипар]]) кој, по долго научно подготвување и по угледот на [[Епикур]], во 301 п.н.е. отворил свое училиште, а своите предавања ги држел на плоштадот во Атина познат како „Шарената галерија“, украсена со фреските на Полигнот кои ги славеле херојските дела на Атињаните. Најистакнати негови ученици биле: [[Аристон]], синот на Милтијад, кој поради извонредната [[Говорништво|говорничка]] вештина имал прекар Сирена; [[Персеј од Китија]]; Херил од Картагена; талентираниот Дионисиј од Хераклеја на Понт, кој го носел прекарот Метатемен зашто подоцна ѝ се придружил на киренската или Епикуровата школа; а оообено се истакнал Клеант од Троада. Негови ученици биле Сфер и Хрисип, кој го разработил целокупниот расположлив материјал и го изградил ортодоксниот систем на стоичкото учење и така постанал вториот, т.е. дефинитивниот основач на стоицизмот. За свој наследник Хрисип го одредил [[Зенон од Тарс]] кого го наследил Диоген од Селеукија, кој веќе ги слушал предавањата на Хрисип и во 155 п.н.е., заедно со академикот Карнеад и со перипатетичарот Критолај, бил третиот член на делегацијата која Атињаните ја испратиле во [[Стар Рим|Рим]]. Понатаму, ученици на Диоген биле: неговиот наследник Антипатар од Тарс, неговиот сонародник Архедем (основачот на стоичката филијала во [[Вавилон]]), Боет од [[Сидон]], Аполодор од Селеукија, граматичарот Аполодор од Атина и Гај Блосиј кого [[Плутарх]] во делото „Животот на Т. Грах“ го прикажал како слободоумен човек и духовен зачетник на аграрната реформа на [[Тибериј Семпрониј Грах]]. Од записите на старите стоичари сочувани се само исечоци кои се наоѓаат во неколку зборници.<ref>Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, ''Samom sebi''. Beograd: Dereta, 2004, стр. 7-9.</ref>

===Хеленско-римски период===


==Стоичка етика==
Според стоичката [[етика]], [[човек]]от треба да ги спознае законитостите што владеат во [[општество]]то, да живее по углед на [[природа]]та, ослободувајќи се од нагоните и страстите; бидејќи сите луѓе имаат разум, како божји деца, треба да живеат во една светска држава како едно човештво. Врвен етички концепт во стоичката мисла е идејата за [[Апатија (етика)|апатија]], која буквално значи душевна безболност, наспроти денешното [[Апатија|псхолошко поимање]] на душевна тапост и празнина.
Според стоичката [[етика]], [[човек]]от треба да ги спознае законитостите што владеат во [[општество]]то, да живее по углед на [[природа]]та, ослободувајќи се од нагоните и страстите; бидејќи сите луѓе имаат разум, како божји деца, треба да живеат во една светска држава како едно човештво. Врвен етички концепт во стоичката мисла е идејата за [[Апатија (етика)|апатија]], која буквално значи душевна безболност, наспроти денешното [[Апатија|псхолошко поимање]] на душевна тапост и празнина.



Преработка од 00:40, 29 јули 2021

Зенон

Стоицизмот е филозофски правец во периодот на хеленистичката филозофија. Името го добил по Шарената галерија (Σтоά ποιχίλη) во Атина, која со своите слики ја украсил сликарот Полигнот во V век п.н.е.,[1] а поради оваа соба, стоиците се нарекуваат уште и перипатетичари..[2] Основач на стоицизмот во Грција бил Зенон од Китион (333 п.н.е - 264 п.н.е), а претставник во Рим бил царот Марко Аврелиј. Други значајни стоици биле: Хризип, Сенека и Епиктет. Речиси сите следбеници на Александар Македонски отворено се прогласувале како стоици. Стоичката школа ја забранил царот Јустинијан Први со образложение дека не била во склад со христијанството. Во денешно време, изразот стоицизам предизвикува чувство на ладнокрвност и непоколебливост, а пак стоик означува лице што мирно и спокојно ги поднесува тешкотиите.

Развој на стоичката школа

Во развојот на стоицизмот се разликуваат три периоди:[3]

Стар период

Основач на стоичката школа бил Зенон од Китија (на Кипар) кој, по долго научно подготвување и по угледот на Епикур, во 301 п.н.е. отворил свое училиште, а своите предавања ги држел на плоштадот во Атина познат како „Шарената галерија“, украсена со фреските на Полигнот кои ги славеле херојските дела на Атињаните. Најистакнати негови ученици биле: Аристон, синот на Милтијад, кој поради извонредната говорничка вештина имал прекар Сирена; Персеј од Китија; Херил од Картагена; талентираниот Дионисиј од Хераклеја на Понт, кој го носел прекарот Метатемен зашто подоцна ѝ се придружил на киренската или Епикуровата школа; а оообено се истакнал Клеант од Троада. Негови ученици биле Сфер и Хрисип, кој го разработил целокупниот расположлив материјал и го изградил ортодоксниот систем на стоичкото учење и така постанал вториот, т.е. дефинитивниот основач на стоицизмот. За свој наследник Хрисип го одредил Зенон од Тарс кого го наследил Диоген од Селеукија, кој веќе ги слушал предавањата на Хрисип и во 155 п.н.е., заедно со академикот Карнеад и со перипатетичарот Критолај, бил третиот член на делегацијата која Атињаните ја испратиле во Рим. Понатаму, ученици на Диоген биле: неговиот наследник Антипатар од Тарс, неговиот сонародник Архедем (основачот на стоичката филијала во Вавилон), Боет од Сидон, Аполодор од Селеукија, граматичарот Аполодор од Атина и Гај Блосиј кого Плутарх во делото „Животот на Т. Грах“ го прикажал како слободоумен човек и духовен зачетник на аграрната реформа на Тибериј Семпрониј Грах. Од записите на старите стоичари сочувани се само исечоци кои се наоѓаат во неколку зборници.[4]

Хеленско-римски период

Стоичка етика

Според стоичката етика, човекот треба да ги спознае законитостите што владеат во општеството, да живее по углед на природата, ослободувајќи се од нагоните и страстите; бидејќи сите луѓе имаат разум, како божји деца, треба да живеат во една светска држава како едно човештво. Врвен етички концепт во стоичката мисла е идејата за апатија, која буквално значи душевна безболност, наспроти денешното псхолошко поимање на душевна тапост и празнина.

Наводи

  1. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 225.
  2. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 123.
  3. Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, Samom sebi. Beograd: Dereta, 2004, стр. 7.
  4. Miloš N. Đurić, „Stoička škola i Marko Aurelije“, во: Marko Aurelij, Samom sebi. Beograd: Dereta, 2004, стр. 7-9.