Катланово: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°53′39″N 21°40′59″E / 41.89417° СГШ; 21.68306° ИГД / 41.89417; 21.68306
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 15: Ред 15:
[[Податотека:P4250436.JPG|мини|десно|Црквата „Св. Никола“ во Катланово]]
[[Податотека:P4250436.JPG|мини|десно|Црквата „Св. Никола“ во Катланово]]
[[Податотека:Savina Češma.JPG|мини|десно|Савината чешма во Катланово, посветена на [[Света Недела|Св. Недела]] и [[Свети Сисоја|Св. Сисоја]]]]
[[Податотека:Savina Češma.JPG|мини|десно|Савината чешма во Катланово, посветена на [[Света Недела|Св. Недела]] и [[Свети Сисоја|Св. Сисоја]]]]
'''Катланово''' — село во областа [[Блатија]], во [[Општина Петровец]], на патот помеѓу градовите [[Велес]] и [[Скопје]].
'''Катланово''' — село во областа [[Блатија]], во [[Општина Петровец]], на патот помеѓу градовите [[Велес]] и [[Скопје]]. Во неговата непосредна близина се наоѓаат термалните минерални извори на вода на кои е изградена познатата [[Катлановска Бања]].


== Географија и местоположба ==
== Географија и местоположба ==
Катланово се наоѓа во југоисточниот дел на [[Скопска Котлина|Скопската Котлина]] на десниот брег на реката [[Пчиња]] пред нејзиниот влез во [[Бадерска Клисура|Прнарската Клисура]]<ref name="ReferenceA">Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, стр.168</ref>. Селото Катланово е сместено во средишниот дел на [[Општина Петровец]], низ него минува автопатот „Александар Македонски“ (Е-75), односно делницата [[Скопје]] - [[Велес]] и во неговата непосредна близина се наоѓаат термалните минерални извори на вода на кои е изградена познатата [[Катлановска Бања]]<ref name="ReferenceB">Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.148</ref>. Катланово е рамничарско село, расположено на надморска височина од 240 метри и се наоѓа на 14 километри оддалечност од општинското средиште [[Петровец]] и на 27 километри оддалечност од [[Скопје]]<ref name="ReferenceB"/>. Куќите се распоредени од подножјето на ридот Падарница на северозапад во рамничарскиот предел крај десниот брег на реката [[Пчиња]]. Поради својата средишна местоположба во однос на повеќе други села во ридско-планинскиот предел во блиската околина селото Катланово е рурален центар во рамките на [[Општина Петровец]] за селата [[Летевци]], [[Брезница]], [[Градманци]], [[Блаце (Скопско)|Блаце]], [[Бадар]] и [[Кожле]]<ref>[http://www.petrovec.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=78&Itemid=214&lang=en Општина Петровец - Населени места]</ref>. Поради ваквата географска местоположба од селото Катланово водат и три локални патни правци: кон селата [[Блаце (Скопско)|Блаце]], [[Бадар]] и [[Кожле]], кон селата [[Летевци]] и [[Брезница]] и кон селото [[Градманци]] кој како земјен пат продолжува кон селата [[Џидимирци (Велешко)|Џидимирци]] и [[Крушје]] во [[Општина Велес]]. Атарот на Катланово зафаќа површина од 15,6&nbsp;км<sup>2</sup>, од кои 538 хектари се обработливо земјиште, пасиштата зафаќаат 621 хектар, а под шуми се 165 хектари<ref name="ReferenceB"/>.
Катланово се наоѓа во југоисточниот дел на [[Скопска Котлина|Скопската Котлина]] на десниот брег на реката [[Пчиња]] пред нејзиниот влез во [[Бадерска Клисура|Прнарската Клисура]]<ref name="ReferenceA">Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, стр.168</ref>. Селото Катланово е сместено во средишниот дел на [[Општина Петровец]], низ него минува автопатот „Пријателство“ (Е-75), односно делницата [[Скопје]] - [[Велес]]<ref name="ReferenceB">Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.148</ref>.
Катланово е рамничарско село, расположено на надморска височина од 240 метри и се наоѓа на 14 километри оддалечност од општинското средиште [[Петровец]] и на 27 километри оддалечност од [[Скопје]]<ref name="ReferenceB"/>. Куќите се распоредени од подножјето на ридот Падарница на северозапад во рамничарскиот предел крај десниот брег на реката [[Пчиња]]. Поради својата средишна местоположба во однос на повеќе други села во ридско-планинскиот предел во блиската околина селото Катланово е рурален центар во рамките на [[Општина Петровец]] за селата [[Летевци]], [[Брезница]], [[Градманци]], [[Блаце (Скопско)|Блаце]], [[Бадар]] и [[Кожле]]<ref>[http://www.petrovec.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=78&Itemid=214&lang=en Општина Петровец - Населени места]</ref>. Поради ваквата географска местоположба од селото Катланово водат и три локални патни правци: кон селата [[Блаце (Скопско)|Блаце]], [[Бадар]] и [[Кожле]], кон селата [[Летевци]] и [[Брезница]] и кон селото [[Градманци]] кој како земјен пат продолжува кон селата [[Џидимирци (Велешко)|Џидимирци]] и [[Крушје]] во [[Општина Велес]].
Атарот на Катланово зафаќа површина од 15,6&nbsp;км<sup>2</sup>, од кои 538 хектари се обработливо земјиште, пасиштата зафаќаат 621 хектар, а под шуми се 165 хектари<ref name="ReferenceB"/>.


== Историја ==
== Историја ==
Во Катланово постои преданието дека на местото на денешното село во римско време постоело гратче со име Катраново, кое во некои случување било сосема уништено<ref name="ReferenceA"/>. Од ова некогашно населено место селаните често ископувале тули и стари пари. Подоцна на местото на уништеното гратче Катраново се основало село Катланово, со многу куќи и населено само со [[Македонци]] - христијани, каде што секоја година стасувале по 40 девојки за мажење<ref name="ReferenceA"/>. За време на отоманското ропство ова село повторно се запустело најповеќе заради чума, па голем дел од населението се иселило во [[Скопје]] и други места, а дел од населението изумрело<ref name="ReferenceA"/>. По ова страдање селото Катланово започнало повторно да се обновува и зголемува благодарение на доселувања и делумно на размножување, па така до 1900 година селото имало околу 20 куќи: 10 куќи [[Македонци]] и 10 куќи „маџири“ (Турци и Цигани) бегалци од [[Србија]] и [[Бугарија]] кои се населиле во 1878 година<ref>Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, стр.168-169</ref>. Во XIX век Катланово било чифчиско село на кое имале чифлици повеќе муслимани од [[Скопје]], кои во 1912 година земјата ја распродале на селаните [[Македонци]] од околните ридско-планински села<ref name="ReferenceC">Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, стр.169</ref>.
Во Катланово постои преданието дека на местото на денешното село во римско време постоело гратче со име Катраново, кое во некои случување било сосема уништено<ref name="ReferenceA"/>. Од ова некогашно населено место селаните често ископувале тули и стари пари. Подоцна на местото на уништеното гратче Катраново се основало село Катланово, со многу куќи и населено само со [[Македонци]] - христијани, каде што секоја година стасувале по 40 девојки за мажење<ref name="ReferenceA"/>.
За време на отоманското ропство ова село повторно се запустело најповеќе заради чума, па голем дел од населението се иселило во [[Скопје]] и други места, а дел од населението изумрело<ref name="ReferenceA"/>. По ова страдање селото Катланово започнало повторно да се обновува и зголемува благодарение на доселувања и делумно на размножување, па така до 1900 година селото имало околу 20 куќи: 10 куќи [[Македонци]] и 10 куќи „маџири“ (Турци и Роми) бегалци од [[Србија]] и [[Бугарија]] кои се населиле во 1878 година<ref>Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, стр.168-169</ref>. Во XIX век Катланово било чифчиско село на кое имале чифлици повеќе муслимани од [[Скопје]], кои во 1912 година земјата ја распродале на селаните [[Македонци]] од околните ридско-планински села<ref name="ReferenceC">Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, стр.169</ref>.

Во {{Римски|19}} век, селото е дел од нахијата Блатија во [[Скопска каза|Скопската каза]] во [[Отоманското Царство]].


Во {{Римски|19}} век, селото е дел од нахијата Блатија во [[Скопска каза|Скопската каза]] во [[Отоманско Царство|Отоманското Царство]].
===Потекло и значење на името===
===Потекло и значење на името===
За потеклото на името на селото, селаните сметаат дека потекнува од името на некогашното место Катраново, додека П. Скок претпоставува дека селото го добило името од зборот ''каплан'', што на турски значи тигар, а кое веројатно било прекар на некој турчин кој во Каталново имал чифлик<ref name="ReferenceC"/>. Имајќи предвид дека Катланово е важен сообраќаен центар, а поради бањските извори имало големо присуство на луѓе уште во римско време, како и непосредната близина на античките градови [[Таор|Тауресиум]] и [[Бадар|Бадеријана]], и остатоците од тврдина во месноста Кале или Пржал источно од селото, можно е во римско време името на ова место да било „кастела ново(а)“ ({{lang-la|castela novo/a}}), со значење на нова тврдина или ново место, па со текот на времето името да дошло во денешната форма Катланово. Не треба да се превиди и веројатноста дека името на селото е поврзано со зборот ''кладенец'' во кој се содржи коренот ''лее (''други примери се зборовите ''с'''ла'''вина'' и '''''ли'''вада),'' кој се однесува на термалните изводи по кои е позната оваа месност.
За потеклото на името на селото, селаните сметаат дека потекнува од името на некогашното место Катраново, додека П. Скок претпоставува дека селото го добило името од зборот ''каплан'', што на турски значи тигар, а кое веројатно било прекар на некој турчин кој во Каталново имал чифлик<ref name="ReferenceC"/>. Имајќи предвид дека Катланово е важен сообраќаен центар, а поради бањските извори имало големо присуство на луѓе уште во римско време, како и непосредната близина на античките градови [[Таор|Тауресиум]] и [[Бадар|Бадеријана]], и остатоците од тврдина во месноста Кале или Пржал источно од селото, можно е во римско време името на ова место да било „кастела ново(а)“ ({{lang-la|castela novo/a}}), со значење на нова тврдина или ново место, па со текот на времето името да дошло во денешната форма Катланово. Не треба да се превиди и веројатноста дека името на селото е поврзано со зборот ''кладенец'' во кој се содржи коренот ''лее (''други примери се зборовите ''с'''ла'''вина'' и '''''ли'''вада),'' кој се однесува на термалните изводи по кои е позната оваа месност.


== Стопанство ==
== Стопанство ==
Селото Катланово има доста поволна економска положба. Главно занимање на населението е земјоделието со кое претежно се занимаваат [[Македонци]]те. Од земјоделието најзастапено е полјоделството односно одгледувањето на жита, најмногу пченица, а исто и пченка (покрај [[Пчиња]]) и јачмен, зеленчук: домати, пиперки, краставици, марули, кромид и лук. Од сточарството најзастапени се одгледувањето на крави и кози поради поволното земјиште, ливади во рамничарскиот предел и грмушки во ридскиот. Муслиманското население, кое во најголема мера се Роми, кои се изјаснуваат како Албанци, живее во многу запуштени, нечисти и запоставени куќи и објекти. Дел од населението се занимава и со ископување песок, работа во Катлановската Бања, градежништво, превоз со камиони. Во селото има неколку продавници.
Селото Катланово има доста поволна економска положба. Главно занимање на населението е земјоделието со кое претежно се занимаваат [[Македонци]]те. Од земјоделието најзастапено е полјоделството односно одгледувањето на жита, најмногу пченица, а исто и пченка (покрај [[Пчиња]]) и јачмен, зеленчук: домати, пиперки, краставици, марули, кромид и лук. Од сточарството најзастапени се одгледувањето на крави и кози поради поволното земјиште, ливади во рамничарскиот предел и грмушки во ридскиот. Муслиманското население, кое во најголема мера се Роми, кои се изјаснуваат како Албанци, живее во запуштени и запоставени куќи. Дел од населението се занимава и со ископување песок, работа во Катлановската Бања, градежништво, превоз со камиони. Во селото има неколку продавници.


== Население и демографија ==
== Население и демографија ==
Ред 204: Ред 211:
== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==
{{рв|Katlanovo}}
{{рв|Katlanovo}}
* [http://www.katlanovskaspa.com/mk/ Катлановска бања]
* [https://www.katlanovskaspa.com/public/mk Катлановска бања]


{{Општина Петровец}}
{{Општина Петровец}}

Преработка од 14:32, 9 мај 2021

Катланово

Поглед на Катланово од патот за Блаце

Катланово во рамките на Македонија
Катланово
Местоположба на Катланово во Македонија
Катланово на карта

Карта

Координати 41°53′39″N 21°40′59″E / 41.89417° СГШ; 21.68306° ИГД / 41.89417; 21.68306
Регион Скопска Блатија
Општина Петровец
Население 769 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1044
Шифра на КО 25072
Надм. вис. 240 м
Катланово на општинската карта

Атарот на Катланово во рамките на општината
Катланово на Ризницата
Црквата „Св. Никола“ во Катланово
Савината чешма во Катланово, посветена на Св. Недела и Св. Сисоја

Катланово — село во областа Блатија, во Општина Петровец, на патот помеѓу градовите Велес и Скопје. Во неговата непосредна близина се наоѓаат термалните минерални извори на вода на кои е изградена познатата Катлановска Бања.

Географија и местоположба

Катланово се наоѓа во југоисточниот дел на Скопската Котлина на десниот брег на реката Пчиња пред нејзиниот влез во Прнарската Клисура[2]. Селото Катланово е сместено во средишниот дел на Општина Петровец, низ него минува автопатот „Пријателство“ (Е-75), односно делницата Скопје - Велес[3].

Катланово е рамничарско село, расположено на надморска височина од 240 метри и се наоѓа на 14 километри оддалечност од општинското средиште Петровец и на 27 километри оддалечност од Скопје[3]. Куќите се распоредени од подножјето на ридот Падарница на северозапад во рамничарскиот предел крај десниот брег на реката Пчиња. Поради својата средишна местоположба во однос на повеќе други села во ридско-планинскиот предел во блиската околина селото Катланово е рурален центар во рамките на Општина Петровец за селата Летевци, Брезница, Градманци, Блаце, Бадар и Кожле[4]. Поради ваквата географска местоположба од селото Катланово водат и три локални патни правци: кон селата Блаце, Бадар и Кожле, кон селата Летевци и Брезница и кон селото Градманци кој како земјен пат продолжува кон селата Џидимирци и Крушје во Општина Велес.

Атарот на Катланово зафаќа површина од 15,6 км2, од кои 538 хектари се обработливо земјиште, пасиштата зафаќаат 621 хектар, а под шуми се 165 хектари[3].

Историја

Во Катланово постои преданието дека на местото на денешното село во римско време постоело гратче со име Катраново, кое во некои случување било сосема уништено[2]. Од ова некогашно населено место селаните често ископувале тули и стари пари. Подоцна на местото на уништеното гратче Катраново се основало село Катланово, со многу куќи и населено само со Македонци - христијани, каде што секоја година стасувале по 40 девојки за мажење[2].

За време на отоманското ропство ова село повторно се запустело најповеќе заради чума, па голем дел од населението се иселило во Скопје и други места, а дел од населението изумрело[2]. По ова страдање селото Катланово започнало повторно да се обновува и зголемува благодарение на доселувања и делумно на размножување, па така до 1900 година селото имало околу 20 куќи: 10 куќи Македонци и 10 куќи „маџири“ (Турци и Роми) бегалци од Србија и Бугарија кои се населиле во 1878 година[5]. Во XIX век Катланово било чифчиско село на кое имале чифлици повеќе муслимани од Скопје, кои во 1912 година земјата ја распродале на селаните Македонци од околните ридско-планински села[6].

Во XIX век, селото е дел од нахијата Блатија во Скопската каза во Отоманското Царство.

Потекло и значење на името

За потеклото на името на селото, селаните сметаат дека потекнува од името на некогашното место Катраново, додека П. Скок претпоставува дека селото го добило името од зборот каплан, што на турски значи тигар, а кое веројатно било прекар на некој турчин кој во Каталново имал чифлик[6]. Имајќи предвид дека Катланово е важен сообраќаен центар, а поради бањските извори имало големо присуство на луѓе уште во римско време, како и непосредната близина на античките градови Тауресиум и Бадеријана, и остатоците од тврдина во месноста Кале или Пржал источно од селото, можно е во римско време името на ова место да било „кастела ново(а)“ (латински: castela novo/a), со значење на нова тврдина или ново место, па со текот на времето името да дошло во денешната форма Катланово. Не треба да се превиди и веројатноста дека името на селото е поврзано со зборот кладенец во кој се содржи коренот лее (други примери се зборовите славина и ливада), кој се однесува на термалните изводи по кои е позната оваа месност.

Стопанство

Селото Катланово има доста поволна економска положба. Главно занимање на населението е земјоделието со кое претежно се занимаваат Македонците. Од земјоделието најзастапено е полјоделството односно одгледувањето на жита, најмногу пченица, а исто и пченка (покрај Пчиња) и јачмен, зеленчук: домати, пиперки, краставици, марули, кромид и лук. Од сточарството најзастапени се одгледувањето на крави и кози поради поволното земјиште, ливади во рамничарскиот предел и грмушки во ридскиот. Муслиманското население, кое во најголема мера се Роми, кои се изјаснуваат како Албанци, живее во запуштени и запоставени куќи. Дел од населението се занимава и со ископување песок, работа во Катлановската Бања, градежништво, превоз со камиони. Во селото има неколку продавници.

Население и демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Катланово живееле 90 жители, од кои 70 Македонци и 20 Турци.[7]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Катланово имало 80 жители, Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

Катланово е средно по големина село според бројот на жители. Така, во 1961 година имало 762 жители, а во 1994 година 766 жители, од кои 433 Македонци, 230 Албанци, 14 Турци, 65 Роми, 14 Срби и 10 други.

Според последниот попис од 2002 година, селото Катланово брои 769 жители, од кои:[9]

Националност Вкупно
Македонци 418
Албанци 275
Турци 0
Роми 63
Власи 0
Срби 5
Бошњаци 0
Други 8

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 623
1953 471 95 4 49 29 ... 2 650
1961 507 174 8 ... ... 27 ... 46 762
1971 434 105 68 32 ... 18 ... 108 765
1981 428 198 10 70 15 ... 90 811
1991 449 217 8 68 8 ... 39 789
1994 433 230 14 65 14 ... 10 766
2002 418 275 63 5 8 769[9]

Родови

Најголемиот дел од населението на Катланово во минатото, па сè до денес се Македонци од православна христијанска вероисповед. Македонски родови се: Ѓорѓиовци, Мочковци и Чочевци (сите старинци — староседелци), Ѓорѓиевци, Дивљани и Ѓорѓиеви (трите рода од с. Дивље), Грковци, Мазнини, Велковци, Петревци, Грујовци, Антушевци и Блажеви (сите од с. Блаце), Велчевци (од с. Градманци), Димовски, Нацеви, Лазови, Брезничани (сите од с. Брезница), Јовчевци (од с. Бадар), Куртовци или Мариовци (од с. Летевци), Граовци и Пиперкови (двата рода од с. Кожле), Миновци (од с. Патишка Река), Ордевски (од с. Рудник - Велешко)[11]. Втора етничка група по бројност се Ромите, кои сè повеќе се изјаснуваат како Албанци и го прифаќаат албанскиот јазик и свест, меѓутоа сè уште ги задржуваат своите антрополошки и физички карактеристики на Роми, по што тие се познати под името Маљоци, нивни родови се: Арифи, Демири, Елмази, Салиу, Ќамили, Муареми, Бајрами, Рамадани, Изети, Аќифи, Алиу, Амети — сите доселени од Косово од Урошевац и околните села[12]. Ромски родови се: Далимовци (дојдени во 1878 година, како бегалци-мухаџири од Дупница во Бугарија), Исмаилови (од Куманово), Зекирови (од с. Бразда). Албански род е Рамадани (од с. Липково), а српски род се Јаневиќ од околината на Бујановац.[12].

Општествени установи

Црквата „Св. Недела“ во Катланово

Цркви

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Во Катланово постои спортскиот рекреативен центар „Ејбиси“ со повеќе базени и спортски терени, како и фудбалско игралиште.

Иселеништво

Во минатото од Катланово се иселиле околу 15 семејства во Скопје, потоа родот Михајловци се иселил во селото Сарајско Оризари, денес дел од градот Скопје (населба Дексион, Ѓорче Петров II), Матевци во с. Студена Бара - Кумановско и Имеровци привремено во с. Зелениково, а родот Цицеви целосно изумрел[13]. Во поново време се забележани иселувања во соседните поголеми села Петровец, ’Ржаничино, градот Скопје, како и во странство во Германија и Италија.

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, стр.168
  3. 3,0 3,1 3,2 Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.148
  4. Општина Петровец - Населени места
  5. Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, стр.168-169
  6. 6,0 6,1 Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, стр.169
  7. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
  9. 9,0 9,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, стр.170
  12. 12,0 12,1 Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, стр. 171
  13. Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, стр.171

Надворешни врски