’Рбетници: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: ang:Hƿeorfdēor
с Бот Додава: sah:Тоноҕостоохтор
Ред 72: Ред 72:
[[ro:Vertebrata]]
[[ro:Vertebrata]]
[[ru:Позвоночные]]
[[ru:Позвоночные]]
[[sah:Тоноҕостоохтор]]
[[scn:Vertebrata]]
[[scn:Vertebrata]]
[[simple:Vertebrate]]
[[simple:Vertebrate]]

Преработка од 23:17, 30 декември 2008

‘Рбетниците (лат.: vertebrata, понекогаш и craniota) се черепни хордови животни. За разлика од другите хордати, ‘рбетниците активно ја набавуваат храната. Овој активен начин на исхрана е овозможен, пред се, со силниот развиток на осковиот скелет, сложените сетилни органи и диференцираниот черепен мозок.

‘Рбетниците стекнале подобра ориентација во својата конкретна животна средина благодарејќи на силниот развиток на сетилните органи, особено на органите за слух, мирис и вид, како и на развитокот на мозокот кој ја регулира целата активност на организмот. Затворениот крвоносен систем снабден со контрактилен орган - срце, како и крвта со крвните клетки обезбедуваат побрз и подобар транспорт на гасовите и хранливите материи, а со тоа и поголема енергетска потрошувачка. Интензивниот промет на гасовите е осигуран со добро развиени органи за дишење - жабри или бели дробови. Сите овие, како и некои други можности што ги стекнале ‘рбетниците во својот еволутивен развиток, дале можност да го достигнат врвниот степен на развитокот. Тоа максимално е постигнато кај човекот како единствено разумно живо суштество на нашата планета.

Поделба

‘Рбетниците се поделени на шест класи: