Гоце ми отиде во Солуна града: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{italictitle}} {{Infobox song | name = Гоце ми отиде во Солуна града | cover = | alt = | type = | art...
(нема разлика)

Преработка од 17:17, 13 април 2021

„Гоце ми отиде во Солуна града“
Песна
ЈазикМакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина3:31 (Васка Илиева)

Гоце ми отиде во Солуна градамакедонска народна песна. Песната е посветена на Гоце Делчев кој во песната, отишол во Солун нажален и разговарал со некоја си Солунка за неговите родители кои биле ожалостени поради што Гоце си ја поминал младоста во револуционерната борба за ослободување на Македонија. Песната има ајдутски и патриотски карактер.

Текст

-Гоце ми отиде во Солуна града,
во Солуна града, во ладна мејана.
Ми го служеше убава солунка,
убава девојка, лична Македонка.
Гоце ми беше многу угајлено,
чаша му стои полна со ракија.

Па го прашува убава солунка:
-Зошто си, бре Гоце, чаша не подигаш?
Дали ти е, Гоце, пушка омрзнала,
или ти е, Гоце, сабја `рѓосала?
- Еј мори моме, убаво девојче,
штом ме прашаш, моме, право ќе ти кажам.
Сношти отидов во Кукуша града
и си поминав во Чучук маала,
там' си ја видов мојата мајка,
мојата мајка в' црно облечена.
Мојата мајка живо ме жали,
мене ме жали за мојата младост.

Мојот стари татко небричен оди,
мене живо жали за мојата младост,
моите браќа нагани си стегат,
в планина ќе одат, борба да водат,
борба да водат за Македонија,
за Македонија да ја ослободат.

Надворешни врски