Амонијак: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: ku:Amonyak
с Бот Додава: tl:Amonya
Ред 63: Ред 63:
[[ta:அமோனியா]]
[[ta:அமோனியா]]
[[th:แอมโมเนีย]]
[[th:แอมโมเนีย]]
[[tl:Amonya]]
[[tr:Amonyak]]
[[tr:Amonyak]]
[[uk:Аміак]]
[[uk:Аміак]]

Преработка од 17:39, 27 декември 2008

Единечен електорнски пар кај амонијакот
Единечен електорнски пар кај амонијакот
3D презентација на молекулата
3D презентација на молекулата

Амонијакот е соединение на азотот и водородот со хемиска формула NH3. При стандардни услови амонијакот е гас. Тој е отровен и корозивен за некои материјали и има карактеристичен мирис.

Молекулата на амонијакот има форма на компресиран тетраедар, попознат како тригонална пирамида. Оваа форма и дава на молекулата голем диполен момент и ја прави молекула поради што амонијакот се раствора во вода. Азотниот атом во молекулата има еден електронски пар, па амонијакот се однесува како база. Во кисел или неутрален воден раствор амонијакот може да се сврзи со хидрониум јон (H3O+), при што ја испушта водна молекула (H2O) и формира позитивно наелектризиран амониум јон (NH4+) кој има форма на правилен тетраедар. Формирањето на амониум јонот зависи од pH на растворот.

Амонијакот се употребува во производството на ѓубрива, експлозиви и полимери. Тој е и состојка во одредени детергенти за стакло. Исто така, се наоѓа во мали количества во атмосферата, а потекнува од распаѓањето на животинска или растителна материја. Амонијакот и амониумовите соли се присутни и во дождовницата, додека амониум хлоридот и амониум сулфатот се најдени во вулканските области на Земјата. Кристали на амониум бикарбонат се најдени во фецесот на некои патагониски морски птици и лилјаци (гуано). Амониумовите соли се среќаваат и во плодната почва и морска вода. Супстанциите кои содржат амонијак или се слични на него се нарекуваат амонијакални супстанции.

Предлошка:Link FA

Предлошка:Link FA