Католички кралеви: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Поврзано: Додадена категорија
с →‎top: Правописна исправка, replaced: Новиот свет → Новиот Свет
Ред 7: Ред 7:
Владеењето на Католичките кралеви се совпаѓа со периодот на завршување на [[Среден век|Средниот век]] и започнувањето на модерната историја. Преку создавање на силна централистичка власт со помош на градовите, била создадена [[монархија]] која имала сила да се бори против големите феудални семејства. Со освојувањето на [[Гранада]], [[Навара]], [[Канарски Острови|Канарските Острови]], како и делови од [[Северна Африка]] била создадена држава која денеска во историографијата е позната како Кралство Шпанија.

[[Откривање на Америка|Откривањето на Америка]] во [[1492]] година се совпаѓа со годината на крајот на Реконквистата. Преку колонизацијата на Новиот свет, [[Шпанија]] станала една од најголемите светски велесили во тоа време.
[[Откривање на Америка|Откривањето на Америка]] во [[1492]] година се совпаѓа со годината на крајот на Реконквистата. Преку колонизацијата на Новиот Свет, [[Шпанија]] станала една од најголемите светски велесили во тоа време.

== Поврзано ==
== Поврзано ==

Преработка од 01:11, 20 март 2021

Католичките кралеви (шпански: Reyes Católicos) е титула која во историјата се користи за кралицата Изабела I Кастиљска и Фернандо II Арагонски. Оваа титула била дадена од страна на Папа Александар VI (во историјата е познат како Родриго Борџија). Тие се венчале во 1469 година во Ваљадолид.

Католичките кралеви го користиле своето познато мото: "Tanto monta, monta tanto, Isabel como Fernando" (македонски: "Колку вреди едното, толку вреди и другото, Изабела како Фердинанд"). Соединувајќи ги “круните“ на најголемите кралства во тоа време на Пиринејскиот Полуостров, Кралство Кастиља и Кралство Арагон. Со ова, тие всушност ги поставиле темелите на новото Кралство Шпанија, кое конечно било формирано во времето на нивниот внук Карло V. Со времето, оваа титула на еден начин му била оправдана ако се има предвид протерувањето на Маврите од Пиринејскиот Полуостров за време на Реконквистата.

Владеењето на Католичките кралеви се совпаѓа со периодот на завршување на Средниот век и започнувањето на модерната историја. Преку создавање на силна централистичка власт со помош на градовите, била создадена монархија која имала сила да се бори против големите феудални семејства. Со освојувањето на Гранада, Навара, Канарските Острови, како и делови од Северна Африка била создадена држава која денеска во историографијата е позната како Кралство Шпанија.

Откривањето на Америка во 1492 година се совпаѓа со годината на крајот на Реконквистата. Преку колонизацијата на Новиот Свет, Шпанија станала една од најголемите светски велесили во тоа време.

Поврзано