Хор-Аха: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додадена категорија
с отстранета Категорија:Фараони користејќи го HotCat
Ред 64: Ред 64:
|}
|}


[[Категорија:Фараони]]
[[Категорија:Прва египетска династија]]
[[Категорија:Прва египетска династија]]
[[Категорија:Фараони од Првата египетска династија]]
[[Категорија:Фараони од Првата египетска династија]]

Преработка од 02:01, 19 март 2021

Хор-Аха
Аха
Фрагмент од сад со серех со неговото Хорусово име Аха, Британски музеј.
Фараон на Египет
Владеел31 век п.н.е., Прва династија
ПретходникНармер
НаследникЏер
СопружнициБенериб, Хентап
ДецаЏер
ТаткоНармер ?
Закопангробница B10, B15, B19, Ум ел Ка'аб

Хор-Аха, Хорус-Аха или Аха, Ити, бил вториот фараон на Првата египетска династија. Тој владеел во 31 век пред новата ера.

Во раниот династички период, фараоните биле назначени според нивното Хорусово име, додека небти имињата на кралевите биле користени подоцна во списоците.

Владеење

Неговиот татко, Нармер во 32 век п.н.е. ги обединил Горен и Долен Египет. Хор-Аха станал фараон на околу 30 годишна возраст и владеел до својата 62 година.

Натпис од Абидос сведочи за фактот дека фараонот водел војна против Нубијците.[1] Исто така преземал походи во Либан и Палестина. Во југозападниот дел на денешниот Израел, пронајдени се остатоци од предмети од керамика и слонова коска од времето на Првата династија, кои можеби потекнуваат од времето на фараонот Хор-Аха. Во гробницата на Ахин пронајдени се остатоци од садови со декорација типични за Палестина.[2]

Смрт и гроб

Постои легенда дека го убил нилски коњ, олицетворение на богот Сет. Ако Хор-Аха е иста личност со легендарниот крал на Менес, тогаш приказната дека умрел од нилски коњ при лов е веродостојна.

Гробот на фараонот Хор-Аха е во некрополата на кралевите од Првата династија во Абидос (B10-15-19).[3] Овие гробови се правоаголни простории во пустината, покриени со глина.

Наводи

  1. WM Flinders Petrie: Кралските гробови од најраните династии 1901, дел II, Лондон 1901, Таф. XI, 1
  2. Тоби Ах Вилкинсон: Рана династички Египет. S. 71
  3. WM Флиндерс Петри: Кралските гробови од најраните династии 1901, II дел, Лондон 1901, С. 7-8, Таф. LIX;

Надворешни врски

Претходник:

Нармер

Египетски фараон
Прва династија

Наследник:

Џер