Батаљон „Боро Вукмировиќ“: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
креирање основна страница |
с Zdravko ја премести страницата Баталјон „Борис Вукмировиќ“ на Баталјон „Боро Вукмировиќ“ |
(нема разлика)
|
Преработка од 14:55, 18 март 2021
Баталјон „Борис Вукмировиќ“ | |
---|---|
Активна | 20 септември 1943 Дајти, Албанија - 11 ноември 1943 Сливово, Охридско, Македонија |
Прекари | Втор Косовско-Метохиски Баталјон „Борис Вукмировиќ“ |
Битки | НОБ |
Баталјон „Борис Вукмировиќ“ ― воена единица, составена од политички затвореници од Тиранскиот затвор. Формиран (20 септември, 1943 година) во реонот на планината Дајта во Албанија.[1]
Бил формиран од 140 припадници на НОД од Косово и Метохија и од Македонија.[2] По капитулацијата на Италија, по групи било организирано бегство од затворот. Партиската организација на Тирана и албанските партизани ги прифаќале овие групи во реонот на планината Дајта. Кон политичките затавореници се приклучила и група логораши од логорот Порто Романо. На планината Дајта, заатворениците биле вооружувани и увежбувани во ракување со оружјето.[1] По десетдневни воени вежби, се упатиле кон Дебар (почеток на октомври). Во Дебарца им се приклучиле и околу 40 борци на шарпланинскиот НОПО. Учествувал во ослободувањето на Кичево (1 ноември, 1943 година) и во борбите со германско-балистичките сили на планината Буковиќ, Кичевско (од 1 до 6 ноември, 1943 година).[2] При формирањето на Првата македонска народноослободителна ударна бригада (11 ноември, 1943 година - во Сливово, Охридско), овој баталјон влегол во нејзиниот состав.[1]
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 63. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 2,0 2,1 „ВТОРИ КОСОВСКО-МЕТОХИСКИ БАТАЛЈОН „БОРИС ВУКМИРОВИЌ“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-23.
Надворешни врски
- Во Дебрца одбележани 76 години од формирањето на Првата Македонско – косовска ослободителна ударна пролетерска бригада
- На денешен ден -11 ноември во 1943 е формирана ПРВАТА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА УДАРНА БРИГАДА
- Дебарца се сеќава на годишнината од формирањето на Првата Македонско-косовска ударна бригада
- Сојузот на борци ќе го одбележи 11-ти Ноември во Сливово