Дишник: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: хеликси → завојници
с →‎top: Јазично подобрување, replaced: дијаметар → пречник
Ред 2: Ред 2:
''Оваа статија се однесува на трахеите (дишниците) како респираторни органи кај некои без‘рбетници. За трахеите како спроводни елементи на ксилемот кај растенијата, видете [[Трахеи (растение)]].''
''Оваа статија се однесува на трахеите (дишниците) како респираторни органи кај некои без‘рбетници. За трахеите како спроводни елементи на ксилемот кај растенијата, видете [[Трахеи (растение)]].''


'''Дишниците''' (или '''душникот''') се цевчести [[орган]]и за [[дишење]] кај копнените [[членконоги]]. Тие служат за транспорт на [[Метаболизам|метаболитичките]] [[гас]]ови од и до [[Ткиво|ткивата]] на животното. Бројот на отвори со кои дишниците се поврзани со надворешната средина може многу да варира низ многуте [[Ред (биологија)|редови]] на [[инсект]]и, но најчесто во секој сегмент од телото може да има парни отвори. Дишниците се всушност вдлабнувања на [[кутикула]]рниот [[егзоскелет]] кои се разгрануваат низ [[тело]]то на животното, со [[дијаметар]] од неколку [[Микрометар|микрометри]] до 0,8 [[Милиметар|mm]]. Најмалите дишници се наречени трахеоли. Тие навлегуваат во [[Клетка|клетките]] од ткивата и служат како места за [[дифузија]] на [[вода]], [[кислород]] и [[јаглерод диоксид]]. Гасовите се пренесуваат низ трахеалниот систем преку активно [[издишување]] (вентилација) или преку пасивна дифузија.
'''Дишниците''' (или '''душникот''') се цевчести [[орган]]и за [[дишење]] кај копнените [[членконоги]]. Тие служат за транспорт на [[Метаболизам|метаболитичките]] [[гас]]ови од и до [[Ткиво|ткивата]] на животното. Бројот на отвори со кои дишниците се поврзани со надворешната средина може многу да варира низ многуте [[Ред (биологија)|редови]] на [[инсект]]и, но најчесто во секој сегмент од телото може да има парни отвори. Дишниците се всушност вдлабнувања на [[кутикула]]рниот [[егзоскелет]] кои се разгрануваат низ [[тело]]то на животното, со [[пречник]] од неколку [[Микрометар|микрометри]] до 0,8 [[Милиметар|mm]]. Најмалите дишници се наречени трахеоли. Тие навлегуваат во [[Клетка|клетките]] од ткивата и служат како места за [[дифузија]] на [[вода]], [[кислород]] и [[јаглерод диоксид]]. Гасовите се пренесуваат низ трахеалниот систем преку активно [[издишување]] (вентилација) или преку пасивна дифузија.


Трахеалните цевки можат да се изградени од кружни [[‘Рскавица|‘рскавични]] прстени наречени [[Тенидија|тенидии]], кои, пак, можат да бидат во различни форми (јазли или завојници).
Трахеалните цевки можат да се изградени од кружни [[‘Рскавица|‘рскавични]] прстени наречени [[Тенидија|тенидии]], кои, пак, можат да бидат во различни форми (јазли или завојници).

Преработка од 06:33, 10 март 2021

Оваа статија се однесува на трахеите (дишниците) како респираторни органи кај некои без‘рбетници. За трахеите како спроводни елементи на ксилемот кај растенијата, видете Трахеи (растение).

Дишниците (или душникот) се цевчести органи за дишење кај копнените членконоги. Тие служат за транспорт на метаболитичките гасови од и до ткивата на животното. Бројот на отвори со кои дишниците се поврзани со надворешната средина може многу да варира низ многуте редови на инсекти, но најчесто во секој сегмент од телото може да има парни отвори. Дишниците се всушност вдлабнувања на кутикуларниот егзоскелет кои се разгрануваат низ телото на животното, со пречник од неколку микрометри до 0,8 mm. Најмалите дишници се наречени трахеоли. Тие навлегуваат во клетките од ткивата и служат како места за дифузија на вода, кислород и јаглерод диоксид. Гасовите се пренесуваат низ трахеалниот систем преку активно издишување (вентилација) или преку пасивна дифузија.

Трахеалните цевки можат да се изградени од кружни ‘рскавични прстени наречени тенидии, кои, пак, можат да бидат во различни форми (јазли или завојници).

Исто така, во главата, градниот кош или во стомачната празнина, дишниците може да се поврзани со воздушни ќесиња. Многу инсекти, како скакулците, можат да ја контролираат циркулацијата на воздухот низ нив.