Имхотеп: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
 
Ред 9: Ред 9:
Местоположбата на гробницата на Имхотеп се заборавила уште во антиката <ref>[http://www.reshafim.org.il/ad/egypt/texts/harpers_lay.htm The Harper's Lay, ca 2000 BCE]</ref> и ден денес не се знае каде е, и покрај сите напори за нејзино наоѓање. По општа согласност се смета дека е некаде во [[Сахара]].
Местоположбата на гробницата на Имхотеп се заборавила уште во антиката <ref>[http://www.reshafim.org.il/ad/egypt/texts/harpers_lay.htm The Harper's Lay, ca 2000 BCE]</ref> и ден денес не се знае каде е, и покрај сите напори за нејзино наоѓање. По општа согласност се смета дека е некаде во [[Сахара]].


За него знаеме најмногу од преданија и претпоставки. Египќаните му припишувале многу изуми. Како [[државник]] на [[фараон]]от [[Џосер]] тој веројатно ја конструирал [[Џосерова пирамида|Џосеровата пирамида]] ([[Скалеста пирамида|Скалестата пирамида]]) во [[Сахара]] околу [[27 век п.н.е.|2630]]-[[27 век п.н.е.|2611 п.н.е.]] <ref name="Ancient Egypt' 2005"/> Се мисли дека е првиот кој употребил [[столб]]ови во [[архитектура]]та. Се смета и за изумител на [[папирус]]ната ролна.
За него знаеме најмногу од преданија и претпоставки. Египќаните му припишувале многу изуми. Како [[државник]] на [[фараон]]от [[Џосер]] тој веројатно ја конструирал [[Џосерова пирамида|Џосеровата пирамида]] ([[Скалеста пирамида|Скалестата пирамида]]) во [[Сакара]] околу [[27 век п.н.е.|2630]]-[[27 век п.н.е.|2611 п.н.е.]] <ref name="Ancient Egypt' 2005"/> Се мисли дека е првиот кој употребил [[столб]]ови во [[архитектура]]та. Се смета и за изумител на [[папирус]]ната ролна.


Имхотеп е основачот на [[Староегипетска медицина|египетската медицина]] и автор на медицински трактат кој е значаен по тоа што во себе не содржи никакви магии. Ова дело се нарекува [[Едвин Смитов папирус]] и во него подробно се зборува за [[анатомија|анатомски]] набљудувања, заболувања и лекови. Денес зачуваниот папирус е напишан некаде околу [[1700 п.н.е.]], но може да е препишан примерок од 1000 години постаро дело. Меѓутоа и прокрај ова, авторството на делото е предмет на спорови.<ref>''Fractures: A History and Iconography of Their Treatment'' од Leonard Francis Peltier, Norman Publishing 1990, стр. 16</ref>.
Имхотеп е основачот на [[Староегипетска медицина|египетската медицина]] и автор на медицински трактат кој е значаен по тоа што во себе не содржи никакви магии. Ова дело се нарекува [[Едвин Смитов папирус]] и во него подробно се зборува за [[анатомија|анатомски]] набљудувања, заболувања и лекови. Денес зачуваниот папирус е напишан некаде околу [[1700 п.н.е.]], но може да е препишан примерок од 1000 години постаро дело. Меѓутоа и прокрај ова, авторството на делото е предмет на спорови.<ref>''Fractures: A History and Iconography of Their Treatment'' од Leonard Francis Peltier, Norman Publishing 1990, стр. 16</ref>.

Последна преработка од 02:19, 3 март 2021

Статуетка на Имхотеп во Лувр
Имхотеп
во хиероглифи
M18mR4

Имхотеп (египетски: ii-m-ḥtp *jā-im-ḥatāp, „дојдениот во мир“) бил староегипетски полихистор,[1] кој служел за време на III династија како канцелар на фараонот Џосер и како свештеник на сончевиот бог Ра во Хелиополис и се смета за првиот архитект и лекар во историјата кој се знае по име.[2] Полната список на неговите титули е:

Канцелар на Кралот на Долен Египет, Прв по Кралот на Горен Египет, Управник на Великата Палата, Наследен благородник, Висок свештеник на Хелиополис, Градител, Главен столар, Главен вајар и Главен изработувач на вазни.

Имхотеп е единствениот смртник прикажан на подложниот камен на кралевата статуа и еден од малкуте обични граѓани воздигнати до божество по смртта. Центар на неговиот култ бил Мемфис. Од Првиот преоден период па натаму, Имхотеп бил длабоко почитуван и како поет и филозоф. За неговите изреки се зборувало во песните:

Ги имам чуено зборовите на Имхотеп и Хордедеф со чии расправи луѓето толку зборуваат. [3]

Местоположбата на гробницата на Имхотеп се заборавила уште во антиката [4] и ден денес не се знае каде е, и покрај сите напори за нејзино наоѓање. По општа согласност се смета дека е некаде во Сахара.

За него знаеме најмногу од преданија и претпоставки. Египќаните му припишувале многу изуми. Како државник на фараонот Џосер тој веројатно ја конструирал Џосеровата пирамида (Скалестата пирамида) во Сакара околу 2630-2611 п.н.е. [3] Се мисли дека е првиот кој употребил столбови во архитектурата. Се смета и за изумител на папирусната ролна.

Имхотеп е основачот на египетската медицина и автор на медицински трактат кој е значаен по тоа што во себе не содржи никакви магии. Ова дело се нарекува Едвин Смитов папирус и во него подробно се зборува за анатомски набљудувања, заболувања и лекови. Денес зачуваниот папирус е напишан некаде околу 1700 п.н.е., но може да е препишан примерок од 1000 години постаро дело. Меѓутоа и прокрај ова, авторството на делото е предмет на спорови.[5].

Се сметало дека татко му бил богот Птах, додека мајка му била смртничка по име Хреду-анк.

Оставнина[уреди | уреди извор]

Две илјади години по неговата смрт, Имхотеп бил прогласен за бог. Станал бог на медицината и лечењето. Старите Грци го поврзувале со Асклепиј.

Како „син на Ијан“, понекогаш се сметало дека мајка му била Секмет, мажена за Птах, бидејќи била заштитник на Горен Египет. Бидејќи се сметал за изумител на лечењето, некаде се вели дека е оној кој ја воздигнал божицата Нут (апотеоза на небото), бидејќи се сметало дека поделбата на Нут и Геб (апотеоза на земјата) било она што го држело хаосот настрана. Заради ова понекогаш се велело дека е син на Нут. Во уметноста тој се поврзува со Хатор, жената на Ра, со Маат, концептот на вистината и правдата, и со Аменхотеп, синот на Хапу, кој бил уште еден архитект воздигнат до божество.

Во еден натпис од Горен Египет кој датира од птоломејскиот период, се зборува за седум годишен глад за времето на Имхотеп. Според овој натпис, на тогашниот фараон Џосер му се јавил на сон богот на Нил. Се смета дека Имхотеп го решил гладот. Заради ова постојат многу коментари за паралелноста на оваа приказна со онаа за Јосиф во Билбијата.[6]. Оваа паралела во последно време доведува некои алтернативни историчари до заклучок дека Јосиф е всушност самиот Имхотеп, и дека ова се должи на грешна хронологија заради поминатите илјадници години.[7].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Egyptian Building Mania, Acta Divrna, Том III, број IV, јануари 2004.
  2. The Evolution of Modern Medicine од William Osler, Kessinger Publishing 2004, стр. 12
  3. 3,0 3,1 Ancient Egypt од Barry J. Kemp, Routledge 2005, стр. 159
  4. The Harper's Lay, ca 2000 BCE
  5. Fractures: A History and Iconography of Their Treatment од Leonard Francis Peltier, Norman Publishing 1990, стр. 16
  6. Vandier, La Famine dans l Egypte ancienne
  7. Emmet Sweeney, The Genesis of Israel and Egypt, London, 1997