Џон Дауленд: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: базиран → заснован
с →‎top: Правописна исправка, replaced: вероисповест → вероисповед
Ред 2: Ред 2:
'''Џон Дауленд''' ([[англиски јазик|англиски]]: ''John Dowland'') ([[1563]] - {{починал на|20|февруари|1626}}) е [[Англија|англиски]], а можеби родум [[Ирска|ирски]] [[композитор]], пејач и [[лејта|лејтист]]. Денес тој е најпознат по неговата [[песна]] „Течете, солзи мои“.
'''Џон Дауленд''' ([[англиски јазик|англиски]]: ''John Dowland'') ([[1563]] - {{починал на|20|февруари|1626}}) е [[Англија|англиски]], а можеби родум [[Ирска|ирски]] [[композитор]], пејач и [[лејта|лејтист]]. Денес тој е најпознат по неговата [[песна]] „Течете, солзи мои“.


За неговиот ран живот многу малку се знае, но се мисли дека е роден во [[Лондон]] или можеби во [[Даблин]]. Се знае дека отишол во Париз во [[1580]] каде бил во служба на амбасадорот на францускиот двор. Дауленд тогаш станал [[римокатолицизам|римокатолик]], што тој сметал дека го довело до недобивањето на фукнција на [[протестантство|протестантскиот]] двор на [[Елизабета I]]. Меѓутоа, тој никому не му имал кажано за својата вероисповест. Наместо таму, тој работел на дворот на [[Кристијан IV]] во [[Данска]]. Дауленд се вратил во [[Англија]] во [[1606]] и во [[1612]] г. се вработил како еден од лејтистите на англискиот крал [[Јаков I (Англија)|Јаков I]]. Починал во [[Лондон]].
За неговиот ран живот многу малку се знае, но се мисли дека е роден во [[Лондон]] или можеби во [[Даблин]]. Се знае дека отишол во Париз во [[1580]] каде бил во служба на амбасадорот на францускиот двор. Дауленд тогаш станал [[римокатолицизам|римокатолик]], што тој сметал дека го довело до недобивањето на фукнција на [[протестантство|протестантскиот]] двор на [[Елизабета I]]. Меѓутоа, тој никому не му имал кажано за својата вероисповед. Наместо таму, тој работел на дворот на [[Кристијан IV]] во [[Данска]]. Дауленд се вратил во [[Англија]] во [[1606]] и во [[1612]] г. се вработил како еден од лејтистите на англискиот крал [[Јаков I (Англија)|Јаков I]]. Починал во [[Лондон]].


Најголемиот дел од Даулендовата музика е за неговиот сопствен инструмент, лејтата. Тука се вбројуваат неколку книги со музика за соло лејта, [[лејтска песна|лејтски песни]] (за еден глас и лејта), делумни песни со придружба на лејта и неколку дела за конзорциум од [[ножна виола]] и лејта. Неговото најпознато дела е лејтската песна „Течете, солзи мои“ (''Flow My Teares'').
Најголемиот дел од Даулендовата музика е за неговиот сопствен инструмент, лејтата. Тука се вбројуваат неколку книги со музика за соло лејта, [[лејтска песна|лејтски песни]] (за еден глас и лејта), делумни песни со придружба на лејта и неколку дела за конзорциум од [[ножна виола]] и лејта. Неговото најпознато дела е лејтската песна „Течете, солзи мои“ (''Flow My Teares'').

Преработка од 07:56, 24 февруари 2021

Насловна страница на музиката за „Солзи“

Џон Дауленд (англиски: John Dowland) (1563 - 20 февруари 1626) е англиски, а можеби родум ирски композитор, пејач и лејтист. Денес тој е најпознат по неговата песна „Течете, солзи мои“.

За неговиот ран живот многу малку се знае, но се мисли дека е роден во Лондон или можеби во Даблин. Се знае дека отишол во Париз во 1580 каде бил во служба на амбасадорот на францускиот двор. Дауленд тогаш станал римокатолик, што тој сметал дека го довело до недобивањето на фукнција на протестантскиот двор на Елизабета I. Меѓутоа, тој никому не му имал кажано за својата вероисповед. Наместо таму, тој работел на дворот на Кристијан IV во Данска. Дауленд се вратил во Англија во 1606 и во 1612 г. се вработил како еден од лејтистите на англискиот крал Јаков I. Починал во Лондон.

Најголемиот дел од Даулендовата музика е за неговиот сопствен инструмент, лејтата. Тука се вбројуваат неколку книги со музика за соло лејта, лејтски песни (за еден глас и лејта), делумни песни со придружба на лејта и неколку дела за конзорциум од ножна виола и лејта. Неговото најпознато дела е лејтската песна „Течете, солзи мои“ (Flow My Teares).

Подоцна Дауленд го компонира неговото најпознато инструментално дело, „Солзи“ (Lachrimae или Seaven Teares Figured in Seaven Passionate Pavans), збирка од седум за пет ножни виоли (да гамба) и лејта, секоја од нив заснована на „Течете, солзи мои“. Во своето време ова станало едно од најпознатите конзорциумски дела. Неговата павана, „Древни солзи“ („Lachrymae antiquae“) исто така била меѓу големите хитови на XVII век.

Даулендовата музика често се подликува со меланхолија која била модерна во музиката во тоа време. Тој има компонирано едно конзорциумско дело со наслов Semper Dowland, semper dolens („Секогаш Дауленд, секогаш тажен“), кој накратко го опишува духот на речиси целиот негов опус.

Даулендовата песна, „Дојди длабок соне, лик на вистинска смрт“ (Come Heavy Sleepe, the Image of True Death), служела како инспирација за „Ноктурно по Џон Дауленд за гитара“ на Бенџамин Бритен (Nocturnal after John Dowland for guitar), компонирано во 1964 за гитаристот Џулијан Брим. Ова дело се состои од осум варијации, сите врз база на таа песна или придружбата за лејта, конечно завршувајќи со гитарска изведба на самата песна.

Снимки

Стихови на „Течете, солзи мои“

Flow, my teares, fall from youre springs,
Exiled for ever, let mee mourn
Where night's black bird hir sad infamy sings,
There let mee live forlorn.

Течете, солзи мои, поток нек‘ се лее,
Довека прогнан да тажам без глас
Кајшто ноќна птица жално пее,
Да живеам во заборав јас.[1]

Белешки

  1. Препеал: Б. Јанкулоски

Поврзано