Балтазар Нојман: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с Бот Менува: en:Johann Balthasar Neumann |
с Бот Менува: de:Balthasar Neumann |
||
Ред 28: | Ред 28: | ||
[[ca:Johann Balthasar Neumann]] |
[[ca:Johann Balthasar Neumann]] |
||
[[cs:Balthasar Neumann]] |
[[cs:Balthasar Neumann]] |
||
[[de: |
[[de:Balthasar Neumann]] |
||
[[en:Johann Balthasar Neumann]] |
[[en:Johann Balthasar Neumann]] |
||
[[eo:Johann Balthasar Neumann]] |
[[eo:Johann Balthasar Neumann]] |
Преработка од 17:31, 15 декември 2008
Јохан Балтазар Нојман (гер. ⓘ) (27 јануари, 1687 - 19 август, 1753) е германски воен инженер и архитект со свој карактеристичен стил на барокна архитектура, сплотувајќи австриски, бохемски, италијански и француски елементи во своите проекти, создавајќи едни од најимпресивните зданија на своето време, меѓу кои се Вирцбуршкиот дворец и Базиликата на четиринаесетте свети помошници („Фирценхајлинген“).
Вирцбуршкиот дворец се смета за еден од најубавите и најускладени палати во Европа, а базиликата Фирценхајлинген некои ја сметаат за бисер на тој период.
Неговото последно дело е црквата на Посетата на Дева Марија, барокно ремек-дело кое се наоѓа близу Елтман на Мајна.
Нојман е роден во Хеб, Бохемија (Чешка). Во 1711 г. се преселил во Вирцбург in 1711 и нашол покровителство кај семејството Шенборн во 1717 г. Тој бил одговорен за сите градежни потфати на шенборнскиот кнез-бискуп на Вирцбург. Нојман починал во Вирцбург, Германија.
Неговиот лик може да се види на банкнота од поранешни 50 германски марки заедно со прочуеното скалиште во Вирцбуршкиот дворец. Нојман е овековечен на еден од фреските на Тиеполо во истиот дворец, прикажан во псевдовоена униформа, како се потпира врз топ. Тој се фалел дека таванот е така добро конструиран, што дури ни топ не може да го сруши.
Надворешни врски
- Енциклопедија на светската биографија (англиски)
- Јохан Балтазар Нојман - статија на Католичката енциклопедија (англиски)
„Балтазар Нојман“ на Ризницата ? |