Владислав Рејмонт: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: Infobox writer → Инфокутија Писател
с Јазична исправка, replaced: литературни дела → книжевни дела (2)
Ред 19: Ред 19:
==Животопис==
==Животопис==


Како ученик во занаетчиско училиште тој пројавил интерес за театарската сцена и поезијата. Својата среќа на сцената авторот на романот „Комедијантка“, кој првпат се појавил на [[македонски јазик]], ја испробал во провинциските театарски трупи, но без успех.<ref>Преводи на литературни дела од добитници на Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола, 2009</ref>
Како ученик во занаетчиско училиште тој пројавил интерес за театарската сцена и поезијата. Својата среќа на сцената авторот на романот „Комедијантка“, кој првпат се појавил на [[македонски јазик]], ја испробал во провинциските театарски трупи, но без успех.<ref>Преводи на книжевни дела од добитници на Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола, 2009</ref>


Неуспешниот „комедијант“ се вратил дома и се вработил како железнички службеник.
Неуспешниот „комедијант“ се вратил дома и се вработил како железнички службеник.
Ред 32: Ред 32:
==Комедијантка==
==Комедијантка==


Во основа на романот „Комедијантка“ лежеле личните театарски икуства на Рејмонт и неговите набљудувања на театарската средина. Главна личност на романот била младата девојка Јанка Орловска, која сакала да се откине од провинциската средина и се бунтувала против несаканиот брак што сакал да ѝ го наметне татко ѝ, избегала од од дома и се ангажирала во театарот. Театарската сцена нејзе ѝ се чинала како можност да го развие својот талент да избега од шаренилото на работничкиот и да бара повреден и подобар живот. Сепак со времето се покажало дека без протекција нема да добие подобри улоги во театарот, ниту наклонетост на критиката, а ниту ќе заработела за да живее. Заедно со гладот Јанка ја запознала тажната вистина за обожаваниот „храм на уметноста“.<ref>Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010</ref>
Во основа на романот „Комедијантка“ лежеле личните театарски икуства на Рејмонт и неговите набљудувања на театарската средина. Главна личност на романот била младата девојка Јанка Орловска, која сакала да се откине од провинциската средина и се бунтувала против несаканиот брак што сакал да ѝ го наметне татко ѝ, избегала од од дома и се ангажирала во театарот. Театарската сцена нејзе ѝ се чинала како можност да го развие својот талент да избега од шаренилото на работничкиот и да бара повреден и подобар живот. Сепак со времето се покажало дека без протекција нема да добие подобри улоги во театарот, ниту наклонетост на критиката, а ниту ќе заработела за да живее. Заедно со гладот Јанка ја запознала тажната вистина за обожаваниот „храм на уметноста“.<ref>Превод на книжевни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010</ref>


==Наводи==
==Наводи==

Преработка од 08:39, 12 февруари 2021

Владислав Рејмонт
Władysław Reymont
Роден/аСтанислав Владислав Рејмонт
7 мај 1867(1867-05-07)
Кобиеле Виелкие, Полско Кралство
Починат/а5 декември 1925(1925-12-05) (возр. 58)
Варшава, Полска
НационалностПољак
Период1896–1924
ЖанрРеализам
Книжевно движењеМлада Полска
Значајни наградиНобелова награда за литература
1924
Потпис

Владислав Станислав Рејмонт, полски: Władysław Stanisław Reymont (7 мај 1867 година - 5 декември 1925 година) — истакнат полски писател од времето на Млада Полска, бил еден од главните претставници на полскиот реализам со елементи на натурализмот и бил добитник на Нобеловата награда за литература (1924 година) за повеста CHŁOPI (Селани).

Животопис

Како ученик во занаетчиско училиште тој пројавил интерес за театарската сцена и поезијата. Својата среќа на сцената авторот на романот „Комедијантка“, кој првпат се појавил на македонски јазик, ја испробал во провинциските театарски трупи, но без успех.[1]

Неуспешниот „комедијант“ се вратил дома и се вработил како железнички службеник. Периодот на театарското скитање одиграл важна улога во оформувањето на писателскиот лик на Рејмонт. Првите прозни обиди, континуирани во текот на работата во железничката станица, не ги дале очекуваните резултати, но Рејмонт не се откажал и понатаму мечтаел за театарот и литературата, кој многу повеќе го привлекувале отколку работата како службеник.

Творештво

Манускрипт - почетна страница од романот „Селани“ - есен

Почетоците на неговата идна богата писателска кариера биле исполнети со редица објавени новели („Франек“, „Почетничка“, „Смрт“, „Зима“, „Кучка“, „Идила“), но вистинскиот почеток бил забележан во декември 1894 кога тој се доселил во Варшава, носејќи со себе полн куфер ракописи.

Идниот триесетгодишен период од неговиот живот бил исполнет со пишување и објавување на романите: „Аџилак до Јасна Гора“ (1985), „Комедијантка“ (1896), „Ферменти“ (1897), „Ветена земја“ (1898), „Селани“ (1902-1909), „Мечтател“ (1910), „Вампир“ (1911), „Година 1794“ (1913-1918) и „Бунт“ (1924).

Комедијантка

Во основа на романот „Комедијантка“ лежеле личните театарски икуства на Рејмонт и неговите набљудувања на театарската средина. Главна личност на романот била младата девојка Јанка Орловска, која сакала да се откине од провинциската средина и се бунтувала против несаканиот брак што сакал да ѝ го наметне татко ѝ, избегала од од дома и се ангажирала во театарот. Театарската сцена нејзе ѝ се чинала како можност да го развие својот талент да избега од шаренилото на работничкиот и да бара повреден и подобар живот. Сепак со времето се покажало дека без протекција нема да добие подобри улоги во театарот, ниту наклонетост на критиката, а ниту ќе заработела за да живее. Заедно со гладот Јанка ја запознала тажната вистина за обожаваниот „храм на уметноста“.[2]

Наводи

  1. Преводи на книжевни дела од добитници на Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола, 2009
  2. Превод на книжевни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010