Лазо Каровски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Библиографија: мало уредување на хронологијата
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Лазо Каровски''' — ({{роден|17|февруари|1927}} во {{роден во|Кавадарци}} — {{починат|2|февруари|2000}} во [[Скопје]]). <ref name=":0">{{Наведена книга|url=https://www.worldcat.org/oclc/499142958|title=Македонска енциклопедија|last=Ристовски, Блаже|first=|last2=|date=2009|publisher=МАНУ|year=2009|isbn=978-608-203-023-4|location=Скопје|pages=678|oclc=499142958}}</ref>
'''Лазо Каровски''' — ({{роден|17|февруари|1927}} во {{роден во|Кавадарци}} — {{починат|2|февруари|2000}} во [[Скопје]]) ― македонски поет, литературен историчар и фолклорист<ref name=":0">{{Наведена книга|url=https://www.worldcat.org/oclc/499142958|title=Македонска енциклопедија|last=Ристовски, Блаже|first=|last2=|date=2009|publisher=МАНУ|year=2009|isbn=978-608-203-023-4|location=Скопје|pages=678|oclc=499142958}}</ref>


== Животопис ==
== Животопис ==

Преработка од 23:57, 2 февруари 2021

Лазо Каровски — (17 февруари 1927 во Кавадарци2 февруари 2000 во Скопје) ― македонски поет, литературен историчар и фолклорист[1]

Животопис

Eден од првите македонски поети по ослободувањето, романсиер, детски поет, литературен историчар и фолклорист. По завршувањето на гимназијалното образование во родниот град и во Скопје, дипломирал на Катедрата за југословенски литератури и македонски јазик на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и докторирал со темата „Печалбарството во македонската народна и уметничка литература“[1][2] (Македонски печалбарски песни)[3], во 1973 година. Работел како гимназиски професор во Кавадарци и во Учителската школа во Битола, а потоа предавал на тамошната Педагошка академија.

Тој е еден од најпознатите македонски фолклористи, а истовремено е и познат автор и поет.[4]

Библиографија

Каровски пишуваше и за деца и за возрасни.

Од неговото творештво за деца се издвојуваат следните збирки поезија:[1]

  • Овчарче (1946)
  • Песната на славејот (1955)
  • Митко шета со ракета

Во спомен на дванаесетте младинци од Ваташа убиени од Бугарите во Втората светска војна, ја напишал поемата: Крвава Балада (1947).[1]

Од неговото творештво за возрасни се издвојуваат следните збирки поезија:[1]

Од неговото прозно творештво се издвојуваат:[1]

  • Патишта (1959)
  • Заорок (1971)
  • Раскин

Каровски е исто така автор и на романсираните биографии на Климент и Наум Охридски.

Добитник е на бројни награди за литературна дејност.

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 678. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  2. „КАРОВСКИ, Лазо Трајков“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-23.
  3. „Биографија – Лазо Каровски“. Македонска поезија. 2020-12-04.
  4. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 115 116.