Кнежевство Молдавија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај
Flag of Moldavia in 1831.svg
Ознака: Отповикано
Ред 20: Ред 20:
|s3 = Бесарабска управа
|s3 = Бесарабска управа
|image_s3 = [[File:Coat of arms of Bessarabia.png|30px]]
|image_s3 = [[File:Coat of arms of Bessarabia.png|30px]]
|image_flag = Flag of Moldavia.svg
|image_flag = Flag of Moldavia in 1831.svg
|image_coat = Coat of arms of Moldavia.svg
|image_coat = Coat of arms of Moldavia.svg
|image_map = Moldova 1483 EnglishPNG.png
|image_map = Moldova 1483 EnglishPNG.png

Преработка од 09:27, 20 јануари 2021

Кнежевство Молдавија
Moldova (Ţara Moldovei) (ro)
1346 – 1859
 

 

Знаме Грб
Местоположба на Молдавија
Главен град Баија, Сирет 1343–1388
Сучава 1388–1564
Јаш 1564–1859
Јазици романски[се бара извор], црковнословенски
Вероисповед Православие
Уредување Principality
Принц (Војвода, Господар)
 -  1346–1353 (прв) Драгош
 -  1859–1862 (последен) Александру Јоан Куза
Историја
 -  основање на кнежевство 1346
 -  де јуре Обединето кнежевство Влашка и Молдавија 5 февруари  [ст. ст. 24 јануари] 1859 1859
Валута талер

Кнежевство Молдавија било основано во 1359 година и опфаќало територии од денешна Молдавија и дел од источна Романија, дел од Украина. На запад се наоѓала денешна Трансилваљнија, на исток Бесарабија, на северозапад Буковина. Кнежевството било формирано од страна на влашките аристократски семејства на чело со Драгош со помош на унгарскиот крал поради одбрана на земјата од татарската инвазија.

Османлиите во 1420 година започнале со заземање на Молдавија. Во 1456 година кнежевството било потчинето како вазална држава и започнало да плаќа годишен данок. Во 1475 година се одвила Битката кај Васлуј каде на чело на Молдавија се наоѓал Стефан III Велики заедно со христијанските сојузници од Кралство Полска и Кралство Унгарија. Христијанските сојузници оствариле голема победа. Битката била опишена како најголема победа на христијанството против исламот дотогаш. Мара Бранковиќ, сопруга на Мурат II, на венецијанскиот пратеник изјавила дека таа битка била една од најкатастрофалните за Османлиите. Кралот Стефан III подоцна од страна на папа Сикст IV бил награден со титулата "Verus christiane fidei aletha" (вистински заштитник на христијанската вера).

Во 1484 година било освоено молдавското црноморско крајбрежје, а во 1503 година цела Бесарабија. Целосното зазимање се случило во 1538 година кога султанот започнал да ги назначува новите кнезови на Молдавија и како титула била користена кајмакам на Молдавија. Освен тоа на Молдавија и било забрането да има било какви односи со странски земји на штета на Османлиите но и била дозволена внатрешна автономија. На Османлиите им било забрането законски да поседуваат земјиште или да градат верски објекти во Молдавија.

Во согласност со договорот од Букурешт во 1812 година, покрај многуте простести на молдавските благородници на сметка на нивната самостојна состојба, Отоманското Царство (чиј вазал бил Молдавија) ја отстапила земјата на Руската Империја источната половина од територијата на кнежевството на Молдавија заедно со Хотин и стара Бесарабија (денешен Буџак, Украина). Новата руска покраина била наречена „Област на Молдавија и Бесарабија“, која на почетокот уживала висок степен на самостојност.

Западниот дел од Молдавија (кој денес припаѓа на Романија) останал самостојно кнежевство, кое подоцна во 1859 година се соединило со Влашка (романски: Wallachia) за формирање на Кралство Романија.