А бре невесте: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{italic title}} {{Infobox song | name = А бре невесте | cover = | alt = | type = | artist = Александ...
(нема разлика)

Преработка од 21:06, 12 јануари 2021

„А бре невесте“
Песна од Александар Сариевски
Јазикмакедонски
Објавена19??
Жанрмакедонска народна музика
Композитор(и)непознат
Текстописецнепознат

„А бре невесте“македонска народна песна од мијачкиот регион, на мијачки дијалект. Песната го опева тешкото минато на македонскиот народ, кога, многу често, младите Македонци биле земани на многугодишна воена служба веднаш откако ќе се венчале, па нивните млади невести останувале сами со свекорот и свекрвата, чекајќи и надевајќи се дека нивниот сопруг еден ден ќе се врати жив. Откако после девет години воена служба момчето се враќа дома, неговата натажена и јадовна сопруга не го препознава.

Текст

А бре невесте, око калешо,
зашчо си толку бре ујадено?
– А бре војниче, младо војниче,
како да не сум бре ујадено?
Еве имат бре, девет години,
како ми лудо војник зедоје.
А бре невесте, младо невесте,
какви јадови сега кажуваш?
Какви јадови сега кажуваш,
и да го видиш не го позинаш?
– А бре војниче, младо војниче,
ја имам мајка, моја свекрва.
Кога ќа мајка сина прегрне –
и ја ќа си му рока целивам.

Надворешни врски