Пијалак: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 8: Ред 8:
==Безалкохолни пијалаци==
==Безалкохолни пијалаци==
{{Главна|Безалкохолен пијалак}}
{{Главна|Безалкохолен пијалак}}
Ова се пијалаци кои не содржат алкохол или го содржат во многу мали количини. Во оваа категорија спаѓаат и безалкохолни пива, вино и јаболкова ракија, ако содржат помалку од 0,5 % алкохол.
Под овој поим се подразбира пијалак кој воопшто не содржи [[алкохол]]. Меѓутоа, покрај водата како главна состојка, содржи засладувачи и ароми. Во газираните пијалаци спаѓаат: [[лимонада]], [[ладен чај|ладни чаеви]], [[топла чоколада]], [[сода вода]] итн. Ова се пијалаци кои не содржат алкохол или го содржат во многу мали количини. Во оваа категорија спаѓаат и безалкохолни пива, вино и јаболкова ракија, ако содржат помалку од 0,5 % алкохол.

==Безалкохолен пијалак==
Под овој поим се подразбира пијалак кој воопшто не содржи [[алкохол]]. Меѓутоа, покрај водата како главна состојка, содржи засладувачи и ароми. Во газираните пијалаци спаѓаат: [[лимонада]], [[ладен чај|ладни чаеви]], [[топла чоколада]], [[сода вода]] итн.


==Производството на пијалаци во Македонија==
==Производството на пијалаци во Македонија==

Преработка од 17:23, 9 јануари 2021

Алкохолни пијалаци

Пијалак е течност, специјално припремена за човечко конзумирање. Пијалаците може да се поделат на разни групи како што се чиста вода, алкохол, безалкохолни пијалаци, газирани пијалаци, овошен или зеленчуков пијалак на пример како што е лимонадата. Покрај тоа што ги задоволуваат основните потреби, пијалаците се дел од културата на човечкото општество.

Алкохолни пијалаци

Алкохолниот пијалак е вид на пијалак кој содржи етанол, исто така познат како алкохол (иако во хемискиот термин алкохол подразбира многу други смеси). Пивото било дел од човечката култура дури од пред 8000 години.[1] Во многу земји, пиењето алкохолни пијалаци во локалните барови или пабови е културна традиција.[2]

Безалкохолни пијалаци

Под овој поим се подразбира пијалак кој воопшто не содржи алкохол. Меѓутоа, покрај водата како главна состојка, содржи засладувачи и ароми. Во газираните пијалаци спаѓаат: лимонада, ладни чаеви, топла чоколада, сода вода итн. Ова се пијалаци кои не содржат алкохол или го содржат во многу мали количини. Во оваа категорија спаѓаат и безалкохолни пива, вино и јаболкова ракија, ако содржат помалку од 0,5 % алкохол.

Производството на пијалаци во Македонија

Во 2019 година, во Македонија имало 156 претпријатија за производство на пијалаци. Од нив, 9 биле големи, 16 средни, 34 мали, а 97 биле микропретпријатија. Притоа, 72 претпријатија се занимавале со производство на вино, 54 претпријатија произведувале освежителни пијалаци и вода, 19 се занимавале со дестилирање алкохолни пијалаци, 7 произведувале пиво, 3 произведувале други недестилирани, ферментирани пијалаци, а едно претпријатие произведувало слад. Дури 50 претпријатија имале седиште во Скопје, 16 биле лоцирани во Кавадарци, 11 во Неготино, по 7 во Велес и во Штип, а по 6 во Битола, во Гевгелија и во Струмица. Во 2019 година, најголемите 20 претпријатија оствариле приход од 14 милијарди денари, а 64% од нив биле остварени во најголемите три претпријатија. Добивката на најголемите 20 претпријатија во 2019 година изнесувала 1,45 милијарди денари. Најпосле, овие 20 претпријатија вработувале 2 137 работници. Според приходот, добивката и бројот на вработените, најголемо претпријатие за производство на пијалаци е „Пивара Скопје“ која во 2019 година остварила приход од 5,3 милијарди денари и добивка од 981,4 милиони денари, а имала 371 вработен. Второто најголемо претпријатие во оваа индустрија е „Прилепска пиварница“, која во 2019 година имала приход од 1,9 милијарди денари и имала 266 вработени. Третото најголемо претпријатие е ВВ „Тиквеш“, со приход од 1,78 милијарди денари, добивка од 166,4 милиони и 198 вработени. Најпосле, меѓу петте најголеми претпријатие биле и „Кожувчанка“ (со приход од 767 милиони денари) и „Кодинг - Горска“ (со приход од 462,8 милиони денари). Индустријата за производство на пијалаци учествува со 4,03% во вкупното индустриско производство на Македонија. Во јули 2020 година, просчената нето-плата во претпријатијата за производство на пијалаци изнесувала 30 191 денар и била за 10,8% поголема од просечната плата во Македонија.[3]

Пијалаците како мотив во уметноста и во популарната култура

Пијалаците во книжевноста

Пијалаците во народното творештво

  • „Вино пијам ем ракија“ - македонска народна песна.[5]

Пијалаците во популарната музика

  • „Кој ми го истури пивото“ (Who spilt my beer) - песна на британската панк-рок група „Адиктс“ (The Adicts).[6]
  • „Шише виски“ (Whiskey Bottle) - песна на американската рок-група „Анкл Тупело“ (Uncle Tupelo).[7]
  • „Ода за моето омилено пиво“ (Ode to my favorite beer) - песна на американската група „Бејсхед“ (Basehead) од 1992 година.[8]
  • „Бокал полн со бурбон“ (Jockey Full Of Bourbon) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[9]
  • „Кока кола“ (Koka Kola) - песна на англиската рок-група „Клеш“ (The Clash) од 1979 година.[10]
  • „Страв и виски“ (Fear and Whiskey) - албум на англиската рок-група „Меконс“ (The Mekons) од 1985 година.[11]
  • „Потоци од виски“ (Streams of Whiskey) - песна на ирската рок-група „Поугс“ (The Pogues) од 1984 година.[12]

Наводи

  1. Arnold, John P (2005). Origin and History of Beer and Brewing: From Prehistoric Times to the Beginning of Brewing Science and Technology (Reprint. изд.). BeerBooks.com.
  2. Hamill, Pete (1994). A Drinking Life: A Memoir. New York: Little, Brown and Company. ISBN 978-0-316-34102-8.
  3. „Апсолутна неизвесност во работењето - главен проблем за производителите на пијалаци“, Економија и бизнис, година 22, број 267, ноември 2020, стр. 86-87.
  4. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 39.
  5. Засекогаш со нас - 22 незаборавни песни/Forever with us - 23 unforgettable songs, CD 071, Мистер компани, 2003.
  6. YouTube, The Adicts- Who Spilt My Beer? (пристапено на 29.12.2016)
  7. YouTube, Whiskey Bottle Uncle Tupelo (пристапено на 5.12.2016)
  8. Basehead - Ode To My Favorite Beer (пристапено на 14.12.2016)
  9. DISCOGS, Tom Waits ‎– Rain Dogs (пристапено на 20.7.2019)
  10. DISCOGS, The Clash ‎– London Calling (пристапено на 9.5.2020)
  11. www.discogs.com (пристапено на 21.8.2017)
  12. YouTube, The Pogues - Red Roses For Me (FULL ALBUM) (пристапено на 22.8.2017)