Битолска богословија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
'''Битолска богословија''' или '''Богословија „Св. Јован Богослов''' (Битола, 1922 – 1941)<ref name=ME>{{МКЕ|180}}</ref><ref name=BB>{{нмс| title= Битолската богословија | url=https://babambitola.mk/bitolskata-bogoslovija/ | work= | publisher=Бабам Битола | date= 6 декември 2018 | accessdate=8 јануари 2021}}</ref> – богословија основана од Министерскиот совет на [[Кралство СХС|Кралството СХС]] на 5 октомври 1921 година. Нејзин патрон бил „[[Св. Јован Богослов]]“. Иако основана во октомври, богословијата заради организациски проблеми почнала со работа, според едни извори на 1 јануари 1922 година<ref name=ME/>, а според други на 26 февруари истата година. <ref name=BB/> Престанала со работа во 1941 година со почетокот на [[Втора светска војна|Втората светска војна]].
'''Битолска богословија''' или '''Богословија „Св. Јован Богослов“''' (Битола, 1922 – 1941)<ref name=ME>{{МКЕ|180}}</ref><ref name=BB>{{нмс| title= Битолската богословија | url=https://babambitola.mk/bitolskata-bogoslovija/ | work= | publisher=Бабам Битола | date= 6 декември 2018 | accessdate=8 јануари 2021}}</ref> – богословија основана од Министерскиот совет на [[Кралство СХС|Кралството СХС]] на 5 октомври 1921 година. Нејзин патрон бил „[[Св. Јован Богослов]]“. Иако основана во октомври, богословијата заради организациски проблеми почнала со работа, според едни извори на 1 јануари 1922 година<ref name=ME/>, а според други на 26 февруари истата година. <ref name=BB/> Престанала со работа во 1941 година со почетокот на [[Втора светска војна|Втората светска војна]].


==Историја==
==Историја==

Преработка од 23:27, 8 јануари 2021

Битолска богословија или Богословија „Св. Јован Богослов“ (Битола, 1922 – 1941)[1][2] – богословија основана од Министерскиот совет на Кралството СХС на 5 октомври 1921 година. Нејзин патрон бил „Св. Јован Богослов“. Иако основана во октомври, богословијата заради организациски проблеми почнала со работа, според едни извори на 1 јануари 1922 година[1], а според други на 26 февруари истата година. [2] Престанала со работа во 1941 година со почетокот на Втората светска војна.

Историја

Богословијата започнала со работа како петтокласно интернатско богословско училиште, а од учебната 1928/29 година била подигната во ранг на више училиште. [1]

На самиот почеток се состоела од една двокатна зграда покрај улицата и една двокатна зграда со трпезарија во внатрешноста. Како се зголемувале учениците така таа се проширувала. Ректоратот бил во дел од сегашната градска библиотека, а се користела и зградата од сегашната Христијанско-адвентистичка црква која исто така ѝ припаѓала на Битолската богословија. Имало и интернат, перална и црква „Св. Јован“. Во богословијата биле примани ученици со завршено IV одделение, и тоа најчесто се запишувале деца од попски семејства кои на тој начин ја продолжувале семејната традиција, како и деца на сиромашни родители. За учениците-богословци бил организиран интернат зашто тие главно биле од други места селата и градовите подалеку од Битола. Рускиот кадар претставувал мнозинство меѓу предавачите во Битолската богословија. Во есента 1928 година со синодска одлука го назначиле Јован Шангајски за професор во Битолската богословија. [2]

Познати личности кои ја завршиле Битолската богословија

Г.г. Доситеј, првиот поглавар на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, веќе замонашен, за потребите на дошколување, на Битолската богословија се запишал во 1932, а завршил во 1937 година.

Г.г. Ангелариј, вториот поглавар на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, во 1926 година се запишал во средното богословско училиште “Св. Јован Богослов” во Битола и завршува во 1931 година. Во1932 година бил ракоположен во чин ѓакон во црквата „Св. Димитриј“ и истата година станал свештеник во црквата „Св.Богородица”.

Г.г. Михаил, четвртиот поглавар на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, во 1927 година се запишал на средното богословско училиште “Св. Јован Богослов” во Битола и завршува во 1932 година.

Стале Попов, познатиот романописец, исто така ја завршил Битолската богословија.

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 180. ISBN 978-608-203-023-4.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Битолската богословија“. Бабам Битола. 6 декември 2018. Посетено на 8 јануари 2021.