Февруарско востание: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: Подржа → Поддржа (2)
с →‎top: Исправено име на предлошка, replaced: знамеикона image → Знаменце (3)
Ред 12: Ред 12:
* Воспоставување на [[Република Горна Ерменија]]
* Воспоставување на [[Република Горна Ерменија]]
| status =
| status =
| combatant1 = {{знамеикона image|Armenian Revolutionary Federation logo 1915.png}} [[Ерменска револуционерна федерација]]<br />''Поддржан од:''
| combatant1 = {{Знаменце|Armenian Revolutionary Federation logo 1915.png}} [[Ерменска револуционерна федерација]]<br />''Поддржан од:''
*[[преживеани Ерменци од геноцидот|Ерменски востаници]] од [[Западна Ерменија]]
*[[преживеани Ерменци од геноцидот|Ерменски востаници]] од [[Западна Ерменија]]
| combatant2 = {{знамеикона|Soviet Union}} [[Револуционерен Комитет (Советски Сојуз)|Револуционерен Комитет]] на Ерменија<br />''Поддржан од:''
| combatant2 = {{знамеикона|Soviet Union}} [[Револуционерен Комитет (Советски Сојуз)|Револуционерен Комитет]] на Ерменија<br />''Поддржан од:''
*{{знамеикона image|Flag of Russian SFSR (1918-1937).svg}} [[Руска Советска Федеративна Социјалистичка Република|Советска Русија]]
*{{Знаменце|Flag of Russian SFSR (1918-1937).svg}} [[Руска Советска Федеративна Социјалистичка Република|Советска Русија]]
*{{знамеикона image|Flag of Azerbaijan SSR (1920-1921).svg}} [[Азербејџанска Советска Социјалистичка Република|Советски Азербејџан]]
*{{Знаменце|Flag of Azerbaijan SSR (1920-1921).svg}} [[Азербејџанска Советска Социјалистичка Република|Советски Азербејџан]]
| commander1 = [[Симон Заваријан]]
| commander1 = [[Симон Заваријан]]
| commander2 = [[Анатолиј Гекер]]
| commander2 = [[Анатолиј Гекер]]

Преработка од 12:32, 30 ноември 2020

Февруарско востание
Дел од Советизација на Ерменија
Податотека:File:Soviet Overthrown in Armenian Revolt.png
Натпис на New York Times од 17 март 1921 година
Датум февруари – април 1921
Место Ерменија
Исход Востание било задушено
Завојувани страни
Ерменска револуционерна федерација
Поддржан од:
СССР Револуционерен Комитет на Ерменија
Поддржан од:
Команданти и водачи
Симон Заваријан Анатолиј Гекер
Вклучени единици
Комитет за спас на татковината 11-та Црвена Армија
Сила
~10,000 (април)[1] непознато
Жртви и загуби
непознато 200 (во април)[2]

Февруарското востание (ерменски: Փետրուարեան ապստամբութիւն) — антиболшевичко востание од страна на националистичката Ерменска револуционерна федерација, кое започнало на 13 февруари 1921 година и кое било целосно задушено на 2 април 1921 година од страна на болшевичките сили во Ереван.

Позадина

Откако Ерменија била вклучена во составот на Советскиот Сојуз во декември 1920 година, околу 1.000 ерменски офицери биле уапсени од страна на новите болшевички власти, меѓу кои и генералите Товмас Назарбекјан и Мовсес Силикјан. Тие биле принудени да пешачат од Ереван до Алаверди пеш (околу 160 километри), а некои од нив биле убиени по патот. Овие офицери потоа биле испратени во затвор во Баку и во Русија. Во февруари 1921 година, биле убиени многу херои од Битката кај Сардарабад, вклучувајќи го и Даниел Бек-Пирумјан, додека неговиот брат Погош Бек-Пирумјан извршил самоубиство откако бил малтретиран. Исто така, биле малтретирани и интелектуалци од Ерменската револуционерна федерација (АРФ). Пченицата била одземена од селаните без надоместок.

Востание

Репресиите на болшевичката влада во Ерменија создале широко незадоволство и Ерменската револуционерна федерација започнала бунт на 13 февруари. До 17 февруари, Аштарак, Ејмацин, Гарни и Раздан биле преземени од силите на АРФ. На 18 февруари влегле во Ереван[3]. Болшевиците и Црвената Армија се повлекле во Арташат. Ованес Каџазнуни, Левон Шант, Никол Агбалјан и 100 други политички активисти и интелектуалци биле ослободени од затвор.

По заземањето на Ереван, Комитетот за спас на татковината бил формиран под раководство на поранешниот премиер Симон Врацијан[3], кој требало да владее со земјата до формирањето на новата влада. Комитетот се обратил на населението на 18 февруари, повикувајќи го да го „заштитат редот и владеењето, и строго да ги исполнуваат сите наредби“. Во текот на 42-дневниот бунт, се одвиле неколку крвави битки меѓу силите на АРФ и Болшевиците. На 27 февруари Болшевиците се обиделе да го нападнат Ереван, но на 1 март тие биле принудени да се повлечат. По двонеделната пауза, болшевичките единици повторно го нападнале и го освоиле Арташат на 16 март, но наредниот ден силите на АРФ започнале офанзива и го окупирале градот.

Болшевичките сили, во голема мера побројни од АРФ, започнале голема офанзива на 24 март. Го освоиле Апаран, Котајк и влегле во Ереван на 2 април[4]. Силите на АРФ се повлекле без сериозна битка за да се избегне уништувањето на главниот град.

Последици

„Комитетот за спас на татковината“, силите на АРФ и многу цивили се повлекле во Зангезур, каде што се приклучиле на Гарегин Нжде, каде што била формирана Република Горна Ерменија. Во јули 1921 година, болшевичките сили конечно ги поразиле и нив. Ерменските водачи побегнале во Персија за да избегнат апсење и погубување од страна на болшевиците.

Причините за револтот подоцна билен разгледувани од болшевичката влада и било одлучено да се третира населението со поголема толеранција. По задушување на Февруарското востание, Александар Мјасникјан бил назначен за претседател на Советот на Народни комесари на Ерменија, новоименуваната влада на Ерменска Советска Социјалистичка Република.

Меѓународни реакции

На 18 февруари, Комитетот испратил порака до ерменската делегација во Париз и до водачите на светските сили (Франција, Англија, Италија), Друштвото на народите итн., но тоа останало неодговорено. Исто така, била испратена и порака до ерменската делегација во Тифлис, Грузија, каде што по формирањето на Советска Ерменија, локалните Ерменци биле подложени на насилство. Грузија одговорила на пораката на 21 февруари, кога амбасадата на Ерменија била повторно отворена во Тифлис. Грузија паднала под Советите на 25 февруари, потоа ерменските бунтовници останале сами против болшевичките сили на Кавказ.

Наводи

  1. Hakobyan, Tatul (2 April 2015). „Ապրիլ 2, 1921թ. տխուր օր, որ չենք հիշում“ Проверете ја вредноста |url= (help). aniarc.am (ерменски). ANI Armenian Research Center.
  2. Hakobian, A (1986). „Փետրվարյան խռովություն 1921“. Soviet Armenian Encyclopedia Volume 12 (ерменски). стр. 334.
  3. 3,0 3,1 Payaslian 2007, стр. 170.
  4. Chorbajian, Mutafian & Donabedian 1994, стр. 133.

Надворешни врски