Виктор Цветковски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија Функционер|name=Виктор Цветковски|birth_name=Виктор Цветковски|caption=|office=Поли...
(нема разлика)

Преработка од 18:38, 25 октомври 2020

Виктор Цветковски
Политичар, адвокат
Лични податоци
Роден(а) Виктор Цветковски
23 октомври 1974(1974-10-23)(49 г.)
Куманово, Република Македонија
Државјанство Македонија
Националност Македонец
Партија ГРОМ
Занимање политичар

Виктор Цветковски (23 октомври 1974 година, Куманово) – македонски политичар и адвокат.

Образование

По образование е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан I“, со положен правосуден испит, а од 2008 година и со адвокатска лиценца при Адвокатската комора на РМ.

Го подготвува својот магистериум по казнено право и криминологија при Правниот факултет во Скопје.

Кариера

Во два мандата бил член на Советот на Општина Куманово, а во вториот е избран и за претседател на истиот.

Неговото професионално резиме опфаќа повеќе раководни функции, меѓу кои директор на Управата за извршување на санкции и државен секретар на Министерството за правда на РМ. Бил претседател на работната група за изработка на Законот за извршување на санкции, иницијатор на проектот CARDS 2006 за модернизација на пенитерцијалниот систем, шеф на преговарачкиот тим на Владата на РМ за проектот на Светска банка за модернизација на судството во РМ, координатор на Владина меѓуресорска комисија за борба против криминал и корупција, претседател на Владина второстепена комисија за урбанизам и транспорт и врски, сертифициран обучувач на ЗЕЛС и на УСАИД за локална самоуправа, а во 2006 година беше избран за претседател на здружение за пенологија на Македонија.

Од 2013 година е адвокат во адвокатската канцеларија „Цветковски“ во Куманово.

На локалните избори во 2013 година беше независен кандидат за градоначалник на Општина Куманово со независната граѓанска опција „К’т ако не с’к“, а со формирањето на ГРОМ од 20 октомври 2013 година, членството му ја доверува функцијата прв генерален секретар на Граѓанската опција за Македонија.