Дарко Каевски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија Функционер|name=Дарко Каевски|residence=|spouse=|relations=|children=|parents=|mother=|father=|relatives=|ed...
(нема разлика)

Преработка од 18:03, 25 октомври 2020

Дарко Каевски
Пратеничана Собранието на Македонија
Лични податоци
Роден(а) Дарко Каевски
9 ноември 1989(1989-11-09)(34 г.)
Скопје, Република Македонија
Државјанство Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Занимање политичар


Дарко Каевски (9 ноември 1989, Скопје) - македонски политичар и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Образование

Каевски е дипломиран економист. Тој учествува на неколку форуми и тренинзи во организација на светски познати институти како што се, ИРИ – Интернационалниот Републикански Институт, Моментум од Велика Британија, Фридрих Еберт од Германија, кадешто професионално се надградува и разменува знаења и искуства поврзани со младинските политики.

Политичка кариера

Својата кариера ја започнува во 2012 година со работа во геодетско друштво.

Во 2013 година тој е избран за член на Советот на општина Кисела Вода и воедно назначен за претседател на Комисијата за локален економски развој со што директно учествува во носењето на важни одлуки за граѓаните поврзани со капитални инвестиции во општина Кисела Вода.

Во 2014та година станува потпретседател на СДММ, и ја застапува oорганизацијата како полноправен член во рамки на Националниот Младински Совет на Македонија.

Тој претходно е и советник во општина Кисела Вода.

Во 2017 година станува директор на Агенцијата за млади и спорт, а веќе во 2020 и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.