Татарстан: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: got:Tatarstan
с Бот Додава: sl:Tatarstan
Ред 183: Ред 183:
[[simple:Tatarstan]]
[[simple:Tatarstan]]
[[sk:Tatársko]]
[[sk:Tatársko]]
[[sl:Tatarstan]]
[[sr:Татарстан]]
[[sr:Татарстан]]
[[sv:Tatarstan]]
[[sv:Tatarstan]]

Преработка од 03:27, 3 декември 2008

Република Татарстан или Татарија (руски: Респу́блика Татарста́н; татарски (кирилица): Татарстан Республикасы, латиница: Tatarstan Respublikası) е федерална република на Русија.

Неофицијалната девиза на Татарстан е: Buldırabız! (Можеме!).

Татари или Бугари

Жителите на Татарстан, независно од нивното етничко потекло, се нарекуваат Татарстанци.

Името Татарстан потекнува од „Татар“ и персискиот збор „стан“ (суфикс за градење имиња на земји, паралела на латинскиот суфикс „- ија“ користен во Европа). Другите форми на името на Татарстан се руското Татарија (поранешно официјално руско име) и турското Татаристан.

Во Татарстан меѓу самите Татари постои силно национално движење кое се стреми нивната земја да биде преименувана во Булгаристан (Бугарија), тврдејќи дека до 1922 регионот бил нарекуван Булгаристан. Тие исто така сметаат дека вистинското име на Татарите е „Бугари“, отфрлајќи го татарското име како со сила наметнато.

Во борбата за национално осознавање, татарстанскиот научник од светски глас Алфред Халиков ја објави книгата „Што сме ние: Бугари или Татари“ во која преку научна расправа го докажува потеклото на денешните Татари од Волшките Булгари (познати уште како Прабугари).

Географија

Татарстан на картата на светот

Републиката е сместена во средиштето на Источната европска низина, приближно 800 км источно од Москва, на рекитеВолга и Кама (притока на Волга), и се пружа источно од планината Урал.

Временска зона

Татарстан се наоѓа во Московската временска зона (MSK/MSD). UTC offset is +0300 (MSK)/+0400 (MSD).

Реки

Меѓу поважните реки се вбројуваат (татарските имиња се дадени во загради):

Езера

Межу главните водни резервоари (вештачки езера) се вбројуваат (татарските имиња се дадени во загради):

Најголемото езеро е Кабан.

Планини

Природни богатства

Меѓу најголемите природни богатства на Татарстан се вклучуваат нафта, природен гас и гипс. Се претпоставува дека Татарстан има преку една милијарда тони нафтени резерви.

Клима

  • Просечна температура во јануари: -16°C
  • Просечна температура во јули: +19°C
  • Просечни врнежи: до 500 mm

Административна поделба

Население

Татарстан го населуваат околу 70  народи. Најбројни етнички групи се: Татари (52.9%), Руси (39.5%), Чуваши (околу 3%), Мордвини, Удмурти, Мари и Башкири.

Официјални јазици се татарски и руски. Според рускиот федерален закон 2002 (За јазиците на народите на Руската федерација), официјалното писмо е кирилицата. Владата на Татарстан, исто како и организациите за човекови права и некои руски интелектуалци силно се противат на ваквиот закон.

  • Население: 3,779,256 (2002)
    • Градско: 2,790,661 (73.8%)
    • Селско: 988,604 (26.2%)
    • Мажи: 1,749,050 (46.3%)
    • Жени: 2,030,215 (53.7%)
  • Жени наспроти 1000 мажи: 1,161
  • Просечна возраст: 36.5 години
    • Градско: 35.7 години
    • Селско: 38.7 години
    • Мажи: 33.8 години
    • Жени: 38.8 години
  • Број на домаќинства: 1,305,360 (со 3,747,267 луѓе)
    • Градски: 970,540 (with 2,762,818 people)
    • Селски: 334,820 (with 984,449 people)

Историја

Основна статија Историја на Татарстан

Карта на Татарстан

Среден век

Најстарата позната организирана држава на територијата на денешниот Татарстан била Волшка Бугарија (околу 700-1238). Бугарите имале напредна трговска држава со трговски врски низ Европа и Азија. Со ова тие можеле да ја одржат својата независност, и покрај големите притисоци од страната на Хазарите, Киевска Рус и Кипчаците. Исламот бил наметнат од мисионерите од Багдад, во 922 година.

Волшка Бугарија била освоено од војската на монголскиот хан Бату во доцните 1230-ти години. Жителите, мешајќи се со Турко-Монголите од Златната Орда, со војниците кои го зборувале кипчачкиот јазик и доселениците, се наречени „Волшки Татари“. Во 1430-ите регионот пак се осамостојува како база на Казанското ханство, при што Казан е основан близу до разурнатата престолнина на Бугарите.

Татарстан е повторно освоен од војските на рускиот цар Иван Грозни, во 1550-ите, а Казан паѓа во 1552. Некои Татари присилно се преобратени во христијани и тогаш се подигнати црквите во Казан; до 1593 сите локални џамии се разурнати. Руската влада забранила да се градат џамии, а ваквата забрана била поништена во 18-тиот век од страната на руската царица Катерина II. Првото обновувае на џамија се случува под покровителство на царицата од 1766 до 1770 година.

Ново време

Татарстан денес

Постсоветско време

Политика

Политички статус

Надворешни врски

  1. Устав на Република Татарстан
  2. Договор помеѓу Руската федерација и Република Татарстан
  3. Декларација за државниот суверинитет на Татарската Советска Социјалистичка Република
  4. Список на меѓувладини договори помеѓу Руската Федерација Република Татарстан

Стопанство

Татарстан е меѓу стопански најразвиените членки на Руската Федерација, и втор по индустријализација, веднаш по областа Самара. Индустриското производство учествува со 45% во вкупниот општествен производ. Најразвиени гранки се хемиската и петрохемиската индустрија, машиноградбата и дрводелството.

Сообраќај

Култура

Научната библиотека на Казанскиот државен универзитет и Националната библиотека на Република Татарстан се двете најголеми библиотеки со национално значење. Постојат два национални и околу 90 локални музеи. Во Татарстан дејствуваат два театри.

Образование

Најважните образовни установи се Казанскиот државен универзитет, Казанскиот медицински универзитет, Казанскиот државен технички универзитет и Рускиот исламски универзитет. Сите се наоѓаат во престолнината Казан.

Религија

Најзастапени се сунитскиот ислам, и православното христијанство. Во 2004 година имало 1 208 згради наменети за верски потреби, од кои 1 014 се муслимански, и 176 христијански.

Туризам

Надворешни врски