Македонски народен театар: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Отповикано Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с Отповикани уредувањата на Mila Angelkovik (разговор), враќајќи на последната преработка на Kiril Simeonovski
Ознака: Отповикување
Ред 33: Ред 33:
[[Податотека:Skopje star teatar.jpg|мини|десно|Првобитната зграда на театарот во 1920-тите години]]
[[Податотека:Skopje star teatar.jpg|мини|десно|Првобитната зграда на театарот во 1920-тите години]]
[[Податотека:Makedonski Naroden Teatar 2013 50.JPG|мини|десно|250п|Поглед на салата]]
[[Податотека:Makedonski Naroden Teatar 2013 50.JPG|мини|десно|250п|Поглед на салата]]
'''Македонски народен театар''' (скрат. '''МНТ''') — државен [[театар]] во [[Скопје]] и најстара театарска установа во [[Република Северна Македонија]].<ref>{{наведена книга|first=Јелена|last=Лужина|title=Македонската нова драма, или, Вовед во феноменологијата на современата македонска драматургија|publisher=Детска радост|date=1996}}</ref>
'''Македонски народен театар''' (скрат. '''МНТ''') — државен [[театар]] во [[Скопје]] и најстара театарска установа во [[Македонија]].<ref>{{наведена книга|first=Јелена|last=Лужина|title=Македонската нова драма, или, Вовед во феноменологијата на современата македонска драматургија|publisher=Детска радост|date=1996}}</ref>


== Историја ==
== Историја ==

Преработка од 14:30, 22 октомври 2020

Македонски народен театар
КратенкаМНТ
Основана1945
Видтеатар, драма
Местоул. 11 Март бр. 3, Скопје
ДиректорСимона Угриновска
Вработениоколу 150
Мреж. местоmnt.mk
Првобитната зграда на театарот во 1920-тите години
Поглед на салата

Македонски народен театар (скрат. МНТ) — државен театар во Скопје и најстара театарска установа во Македонија.[1]

Историја

Народен театар, старата зграда

Основан со Одлука на Президиумот на АСНОМ (бр. 581/45) од 31 јануари 1945 година, како драмски театар во истата зграда на предвоениот Народен театар „Крал Александар I“. Во текот на првите две сезони, МНТ и функционирал како драмски театар, аво текот на наредните четири години, театарот се доорганизирал: оперскиот ансамбл бил конституиран во 1947 година (првата оперска премиера, „Кавалерија рустикана“ била изведена на 9 мај 1947 година), а балетскиот во 1949 (првата балетска премиера, „Валпургиска ноќ“ била изведена на 27 јануари 1949 година).

Ваквиот модел на театарска организација (драма-опера-балет, популарно наречен австроунгарски), е променет во 2004 година, кога МНТ го задржал драмскиот ансамбл, а операта и балетот станале посебна организација — Македонска опера и балет (МОБ).

Првиот драмски ансамбл на МНТ бил во состав:

Кон овој состав се приклучиле и дваесетина членови на техничкиот и административниот персонал, кои ја опслужувале големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена во 1927 година).

МНТ работел во истата зграда до земјотресот од 1963 година, кога таа била тешко оштетена и подоцна урната. После ова, МНТ работел во привремениот објект Театар Центар, до изградбата на новата зграда на МНТ во 1980-тите. Таа зграда денес ја користи Македонската опера и балет (МОБ), а од 2013 година, МНТ се вселува во одново изградената стара зграда (со извесни измени) на кејот на реката Вардар.

Премиери

Галерија

Во прилог следуваат некои историски документи и фото записи од најраната историја на театарот:

Наводи

  1. Лужина, Јелена (1996). Македонската нова драма, или, Вовед во феноменологијата на современата македонска драматургија. Детска радост.
  2. „Му се плашиме на Чехов, затоа го нема на сцена“, Дневник, година XIX, број 5715, петок, 13 март 2015, стр. 18.
  3. Дневник, година XIX, број 5952, вторник, 29 декември 2015, стр. 9.
  4. Игор К. Илиевски, „МНТ со „Чикаго“ ќе ја гаси жедта за мјузикл“, Дневник, година XIX, број 5952, вторник, 29 декември 2015, стр. 19.
  5. Дневник, година XX, број 6041, петок, 15 април 2016, стр. 22.
  6. Дневник, година XX, број 6173, сабота, 24 септември 2016, стр. 12.
  7. Дневник, година XIX, број 5874, петок, 25 септември 2015, стр. 25.
  8. „Во МНТ вечерва македонска премиера на „Соларис“ на Жолдак“, Дневник, година XX, број 6174, понеделник, 26 септември 2016, стр. 23.

Надворешни врски